Теофан Исповедник
Теофан Исповедник е христијански светец од 9 век.
Теофан Исповедник | |
---|---|
Роден(а) | 758, |
Починал(а) | 817 |
Слава | 12 март |
Наречен “Сигријан” поради местото Сигрија каде што е роден. Роднина на царот Лав III Исавријанин и син му Копроним. Теофан бил доста богат човек. Според христијаните, тој се противел на женидбата своја, па кога сепак бил приморан да се ожени, успеал да ја посоветува својата невеста да живеат целомудрено како брат и сестра. А штом му изумреле родителите, жена му отишла во еден манастир, а тој во друг. Неговиот манастир бил во сигријанските гори во Кизичката област. Некогаш славен и богат, Теофан живеел во манастирот како последен сиромав. Учествувал на Вселенскиот собор во Никеја, на кој се утврдило почитувањето на иконите. Кога настанало гонењето на иконите од цар Лав Ерменецот, тогаш св. Теофан бил доведен во Цариград и фрлен во самица. Тогаш царот го испратил во затвореништво на островот Самотрак[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 12 март.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 104