Иван Илиев Ајдински

Иван Илиев Танев-Ајдински (23 септември 1885 во Ново Село (Струмичко)9 октомври 1923 во Горна Џумаја, Пиринска Македонија)[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација и политичар во Бугарија.[2]

Иван Илиев Ајдински
Роден 23 септември 1885
Ново Село (Струмичко)
Починал 9 октомври 1923
Горна Џумаја, Пиринска Македонија

Животопис

уреди

Во 1897 година се школувал во српско[се бара извор] училиште во Солун, а по тоа и во Солунската егзархиска гиманзаија, а потоа се вклучил во Организацијата.

Заради револуционерна дејност е избркан од гимназијата, а по солунските атентати е фатен и осуден на смрт, но бидејќи не бил полнолетен, казната е заменета со 101 години затвор.

Успеал да избега од затворот Еди-куле и пак да се приклучи на револуционерните борби. Некое време бил учител во Ново Село, Штипско, а потоа и во Ново Село, Струмичко.

Бил инструктор во Петричко и Струмичко. Учествувал во Илинденското востание како секртар на четата на Христо Чернопеев во Струмичкиот револуционерен округ.

Делегат е на Рилскиот конгрес во 1905 година.[1] Во 1906 година дипломирал во Софија. Од 1907 година е член на БРСДП.

Во периодот 1906 - 1909 година е учител во село Емине (денес Емона), Бургаско, село Заноге, Софииско, и директор на училиштето во село Грамада. 1909 година дипломирал на Правниот факултет на Загрепскиот универзитет.

Учествува на првата балканска социалдемократска конференција 1909 година во Белград. Од 1913 година живее во Струмица, каде што работел како адвокат.

Со доаѓањето на српската власт бил прогонет во Бугарија во 1919 година. Во Бугарија живее во Горна Џумаја.

Бил главен организатор на БКП во овој реон и член на нејзиното раководство (1920-1923). Учествува во организирањето на Септемвриското востание, но поради тешко заболување не можел да се приклучи кон Горноџумајскиот востанички одред, што отишол како подкрепа на востаниците во Дупница.

Од 23.09.1923 е под домашен притвор сѐ до 9 октомври 1923. Преку ноќта неизвесни лица (најверојатно терористи на ВМРО (Автономистичка) под раководство на Тодор Александров[1], ја разоружувале стражата, навлегле во куќата и го убиле Ајдински пред неговиот дом.

Според друга верзија тој бил извлечен од неговиот дом и обесен во градот, само поради тоа што се држел цврсто до идеите на Гоце Делчев за слободата на Македонија.[3]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 196. ISBN 9989-624-46-1.
  2. Фељтон - дел 1 Следбеник на идеите на Гоце Делчев[мртва врска]
  3. Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 337.

Надворешни врски

уреди