Еди-куле (Солун)
Еди-куле (грчки: Γεντί Κουλέ, турски: Yedi Kule или тврдината Ептапиргион грчки: Επταπύργιο, во превод Седум кули) — средновековна тврдина со кули која се наоѓа во Солун, Грција.
Еди-куле Γεντί Κουλέ Yedi Kule | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | тврдина затвор |
Град | Солун, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Почната | 9 век |
Историја
уредиТврдината била изградена во времето на Византија, во 12 век, врз темелите на античко утврдување од пред новата ера. Тогаш објектот претставувал цитадела, односно утврден град на врвот од ридот. Откако Османлиското Царство го освоила Солун во 1430 година, ја претворила тврдината во воен објект. Но пред крајот на 19 век, Османлиите решиле да ја направат затвор. Во овој период биле изградени нови објекти во внатрешноста со кое била променета намената на ѕидините.
Затворската ера траела до 1989 година, кога последните осуденици го напуштиле Ептапиргион и биле префрлени во нов затвор. Грчките власти сепак заклучиле дека тврдината е културно-историско богатство на градот и не треба да се користи за таа намена. Но, затворските елементи сѐ уште постојат.
Ептапиргион претставувал озлогласен затвор, особено во периодите како диктатурата на Метаксас, окупацијата во Втората светска војна, Грчката граѓанска војна и додека владеела Воената хунта.
Иако тврдината е позната како Едикуле, односно тврдина со седум кули, истата има десет кули.
Литература
уреди- (грчки) (англиски) Kourkoutidou-Nikolaidou, E.; Tourta, A. Wandering in Byzantine Thessaloniki. стр. 24–26.
- Tsanana, E. (2001). The Eptapyrgion, the citadel of Thessaloniki. Athens: 9th Ephorate of Byzantine Antiquities (Thessaloniki), Ministry of Culture.
- Ćurčić, Sl.; Hatzitryphonos, Ev. (1993). Κοσμική Μεσαιωνική Αρχιτεκτονική στα Βαλκάνια 1300-1500 και η Διατήρησή της ("Secular Medieval Architecture in the Balkans 1200-1500 and its Conservation") (грчки). Thessaloniki: University Studio Press. стр. 192–195.
Надворешни врски
уреди- Еди-куле (Солун) на Ризницата ?