Сушејски Порој (Злеово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Сушејски Порој“
| |
Местоположба | 41°33′27″N 22°37′32″E / 41.55750° СГШ; 22.62556° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Злеово |
Општина | Радовиш |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Сушејски Порој (или Сушевски Порој) — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Злеово. Претставува градиште од доцноантичко време.
Високо во планинскиот предел, на едно зарамнето плато со простор од 400 × 200 м, сместено меѓу два длабоки дола, се наоѓаат остатоци од бедем. Влезот во градиштето бил на источната страна, каде се зачувани остатоци од главната порта. На целиот простор се гледаат темели од помали објекти, фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.