Жак Рохе или гроф Рохе (роден на 2 мај 1942 во Гент, Белгија) е белгиски ортопед, поранешен спортист, официјален спортски работник и поранешен претседател на Меѓународниот олимписки комитет.

Жак Рохе во 2014 година

Животопис

уреди

Жак Рохе е роден во Гент, Белгија на 2 мај 1942 година и е Фламанец. Рог студирал на универзитетот во Гент,а е поранешен спортист којшто се натпреварувал во едрење на Олимписките игри во 1968, 1972 и 1976 година. Тој како спортист бил и член на белгиската рагби репрезентација.

Жак Рохе бил претседател на Белгискиот олимписки комитет од 1989 до 1992 година и на Европскиот олимписки комитет од 1989 до 2001. Рохе станал член на МОК во 1991 , а во 1998 на извршниот одбор. Жак Рохе бил почестен со титулата гроф лично од неговото величество, белгискиот крал Алберт II. За Рохе се знае дека бил и голем љубител на историјата и на наушно-фантастичната литература.

Жак Рохе беше избран за претседател на Меѓународниот олимписки комитет на 16 јули 2001 на 112-тата сесија на МОК во Москва. Тој го наследи Хуан Антонио Самаранч којшто беше избран за почесен претседател.

Како претседател на МОК, Жак Рохе се залага за развој на олимпизмот во неразвиените земји и избор на нови градови- домаќини на Олимписките игри, и тоа не длабоко во иднината, туку во наредните неколку години во кои, тој верува, дека трошоците за организирање ќе бидат надоместени од владата на земјата каде што се наоѓа градот- домаќин на Олимписките игри.

За време на Зимските олимписки игри - 2002 во Солт Лејк Сити, Жак Рохе стана првиот претседател на МОК којшто остана во олимпиското село со цел да биде поблиску до атлетите. Рог исто донесе одлуки за изборот на судиите и борбата против допинг скандалите. За тоа добро сведочи и тоа што на сите три Олимпијади спортистите дадоа олимписка заклетва за почитување на антидопинг правилата, а судиите дадоа олимписка заклетва за почитување на праведното судење.

Во Сингапур во 2005 година, Жак Рохе ги исклучи бејзболот и софтболот од олимписката програма предвидена за Летните олимписки игри - 2012 во Лондон, но тој изјави дека некои спортови коишто порано биле во олимписката програма е можно да се вратат на Олимписките игри.

На 7 април 2008, Рохе се изјасни во Пекинг дека е „многу заинтересиран“ за тибетските протести, но сепак не започна разговори за бојкотот на Олимписките игри. На 10 април 2008 пред репортерите во Пекинг, Жак Рохе изјави дека е „ожалостен“ поради протестите во Сан Франциско. „Игрите се благодарнос.“, рече Рохе, „Имаме уште 120 дена да го постигнеме ова.“


Претседатели на МОК

Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блоне (1916–1919) | Анри де Баје-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстрем (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–-)