Летни олимписки игри 1968
(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1968)
Летните олимписки игри - 1968 или 19-тите Летни олимписки игри се одржале во градот Мексико, Мексико. Градот бил избран за домаќин на 18 октомври 1963 година на 60-тата сесија на МОК во Баден- Баден. Останати кадндидати биле Детроит, Лион и Буенос Аирес. Игрите се одржале само 10 дена по масакрот Тлателоко во којшто на 2 октомври 1968 биле убиени стотици студенти од страна на тајните службени сили.
X Зимски олимписки игри | |
| |
Град домаќин | Гренобл, Франција |
---|---|
Бр. на држави | 112 |
Бр. на спортисти | 5,530 (4,750 мажи, 780 жени) |
Натпревари | 172 од 20 спортови |
Отворени | 6 февруари |
Затворени | 18 февруари |
Официјално отворени од: | Густаво Диаз Ордаз |
Спортска заклетва | Пабло Горидо |
Олимписки оган | Норма Ерикета Базилио де Сотело |
Стадион | Олимписки стадион |
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1968 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | ||||
Мексико | Мексико | 30 | ||||
Детроит | САД | 14 | ||||
Лион | Франција | 12 | ||||
Буенос Аирес | Аргентина | 2 |
Ретроспектива
уреди- Големата надморска висина на Мексико (2240m) ги отежнала условите за настап на игрите, а на многу спортисти им била потребна поголема адаптација. Но, сепак големата надморска висина овозможила полесно да се постигнат неколку рекорди, особено во скокачките дисциплини.
- За првпат на Олимписките игри спортистите од Источна и Западна Германија настаплие одделно за двете земји.
- Фрлачот на диск Ал Ертер го освоил својот четврти златен медал на четвртите Олимписки игри.
- Боб Бимон поставил нов светски рекорд во скок во далечина со фантастични 8.90m. Овој резултат бил за 55 cm подобар од рекордот стар една година чиј сопственик бил Игор Тер- Ованесјан. Резултатот 8.90m бил светски рекорд сè до историското финале на Светското првенство во атлетика - 1991 одржано во Токио каде што Мајк Пауел станал светски рекордер прескокнувајќи 8.95m.
- Во трискок светскиот рекорд бил подобруван дури 5 пати од тројца различни атлетичари.
- Дик Фосбари освоил златен медал во скок во височина употребувајќи го својот препознатлив стил кој по неговото име ќе стане доминантен во оваа дисциплина.
- На свечената веремонија на доделување на медалите на најдобрите натрпреварувачи во атлетската трка на 200m во машка конкуренција, американските натпреварувачи Томи Смит (злато) и Џон Карлос (бронза), и двајцата црномурести, ги подигнале своите глави во знак на доминација на црната раса по што и двајцата биле доживотно дисквалификувани од страна на Меѓунардониот олимписки комитет.
- По освојувањето на златниот медлал во бокс во супертешка категорија, Џорџ Форман, кружел околу рингот со мало американско знаменце и се поклонил неколкупати пред публиката.
- Гимнастичарката Вера Чаславска од Чехословачка освоила 4 златни медали.
- Чарлс Хикокс освоил 3 златни медали во пливање, а Деби Меер станал првиот пливач којшто победил на 200, 400 и на 800m слободен стил.
- За првпат на Олимписките игри биле воведени допинг-тестовите. Шведскиот натпреварувач во современ петобој Ханс Гунар Лиљенвал бил дисквалификуван поради козумирање на алкохол.
- Џон Стивен Аквари од Танзанија станал популарен по тоа што завршил последен на маратонот поради повреда на коленото.
- Ова се првите од трите Летни олимписки игри на кои се натпреварувал Жак Рог, подоцна осмиот претседател на МОК.
- Мексиканската спортистката Норма Ерикето Базилио де Сотело станала првата жена којашто го запалила Олимпискиот оган.
- Ова биле првите Олимписки игри на кои африканските спортисти ја покажале својата доминација на средните и долгите атлетски патеки. Тие ги освоиле златните медали во сите дисциплини од 800m до маратонот. Ваквиот успех, африканските натпреварувачи го постигнуваат и денес.
Спортови
уредиДемонстративни спортови
уредиЗемји-учеснички
уредиНа игрите за првпат настапиле спортисти од повеќе од 100 земји (112). Спортистите од Источна и Западна германија настапиле одвоено за своие земји.
Освојувачи на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 45 | 28 | 34 | 107 |
2 | СССР | 29 | 32 | 30 | 91 |
3 | Јапонија | 11 | 7 | 7 | 25 |
4 | Унгарија | 10 | 10 | 12 | 32 |
5 | Источна Германија | 9 | 9 | 7 | 25 |
6 | Франција | 7 | 3 | 5 | 15 |
7 | Чехословачка | 7 | 2 | 4 | 13 |
8 | Западна Германија | 5 | 11 | 10 | 26 |
9 | Австралија | 5 | 7 | 5 | 17 |
10 | Велика Британија | 5 | 5 | 3 | 13 |