Мамудовци

село во Општина Кичево
(Пренасочено од Ериновци)

Мамудовци (изворно: Ериновци) — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Мамудовци
Ериновци

Куќи во селото

Мамудовци во рамките на Македонија
Мамудовци
Местоположба на Мамудовци во Македонија
Мамудовци на карта

Карта

Координати 41°31′53″N 20°59′8″E / 41.53139° СГШ; 20.98556° ИГД / 41.53139; 20.98556
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Горно Кичево
Население 232 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6262
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12044
Надм. вис. 660 м
Мамудовци на општинската карта

Атарот на Мамудовци во рамките на општината
Мамудовци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Улица низ селото

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, недалеку од самиот град Кичево, во североисточна насока и може да се каже дека припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[2]

Селото се наоѓа на 2,5 километри од градот Кичево од неговата североисточна страна. Куќите се подигнати на допирот на шумската падина на исток и котлината на запад. Најблиско село е Лазаровци.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Џолта Џона (Широка Солишта), Случ или Слог, Рибјак, Голема Меѓа, Даздарица, Зал и Огради.[3]

Селото има многу збиен тип.[3]

Историја

уреди
 
Поглед во селото

Селото е старо и првпат било забележано во историските извори, во втората половина на XV век под истото име, кога имало 23 словенско-христијански куќи.[3]

Западно од селото во месноста Бара (каде има и извор) се познаваат остатоци од куќи. Тука се верува дека постоело поранешното македонско село, кое подоцна било раселено.[3]

Близу Ериновци, крај патот за Кичево, има извор Бигор и до него е месноста Змео Дупка или Чука. Таму се наоѓаат и остатоци од гробишта.[3]

Во XIX век, Ериновци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Денешното село било основано во 1850 година од страна на Арнаутинот Мамуд од соседното село Црвивци. Тој дошол на повик од Македонците од селото Лазаровци со цел да ги заштитува,[3] за што тие му плаќале.

При ослободувањето од отоманската власт во 1912 година, Арбанасите од ова село убиле 40 српски војници, поради што од одмазда било запалено и многу мажи биле стрелани.[3]

За време на балистичката администрација во текот на Втората светска војна, селото започнало да се именува како Мамудовци, наместо словенското име Ериновци.[3]

Стопанство

уреди

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од само 3,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 131 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 102 хектари, а на пасиштата 65 хектари.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948144—    
1953158+9.7%
1961200+26.6%
1971247+23.5%
1981297+20.2%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994337—    
2002401+19.0%
2021232−42.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 40 жители, сите Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Албанци.[5]

Мамудовци е мало село, но со пораст на своето население. Така, селото во 1961 година броело 250 жители, од кои 179 биле Албанци, а 21 жител Турчин, а во 1994 година 337 жители, албанско население.[2]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Мамудовци, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Мамудовци живееле 401 жител, од кои 400 Албанци и 1 Македонец.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 232 жители, од кои 228 Албанци и 4 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 40 144 158 200 247 297 0 337 401 232
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Мамудовци е албанско село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Мамудоски (27 к.), потекнуваат од основачот на родот Мамуд. Го знаат следното родословие: Исмаил (жив на 56 г. во 1961 година) Мамуд-Исмаил-Мамуд, основачот на родот кој се доселил од селото Црвивци. Подалечно потекло од северна Албанија и Зенкоски (1 к.), доселени се од селото Србица, купувајќи ја куќата на едно семејство од селото, кое заминало во Турција.

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[12] Мамудовци (10 к.), доселени се од селото Црвивци.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Кичево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Мамудовци, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Ново Седо, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0754 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 357 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 356 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Постарата селска џамија
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Бара — средновековна некропола; и
  • Бигор — доцноантичка населба.
Џамии[17]
Реки[18]

Иселеништво

уреди

Од селото немало многу иселување. Единствено си заминало турското население во Турција во периодот 1960-1970.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 190. Посетено на 28 декември 2020.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 27–28.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 255.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 декември 2020.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 ноември 2020.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 11 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 28 декември 2020.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 71. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди