Елена Кантакузина
Елена Кантакузина (грчки: Ελένη Καντακουζηνή, Helena Kantakouzene, 1333 - 10 декември 1396) била византиска царица, сопруга на византискиот царот Јован V Палеолог.
Елена Кантакузина | |
---|---|
Византиска царица | |
На престол | 28 мај 1347 – 12 август 1376 (со Ирина Асенина во 1347–54 и Ирина Палеологина во 1353–57) |
Роден(а) | 1333 |
Починал(а) | 10 декември 1396 |
Сопружник | Јован V Палеолог |
Деца | Андроник IV Палеолог Ирина Палеологина |
Династија | Династија Кантакузин |
Татко | Јован VI Кантакузин |
Мајка | Ирина Асенина |
Вероисповед | православие |
Потекло
уредиЕлена била ќерка на Јован VI Кантакузин и Ирина Асенина, ќерка на Андроник Асен. По мајчина линија Елена Кантакузина била потомка на бугарскиот цар Иван Асен III, кој е дедо на нејзината мајка.
Граѓанска војна
уредиВо управувањето на царот Андроник III Палеолог, сопругот на Ирина Асенина ја имал должноста велик доместик, а по смртта на царот Јован станал член на регентскиот совет на малолетниот наследник на Андроник, Јован V Палеолог. Наскоро меѓу Јован Кантакузин и мајката на царот, Ана Савојска, избувнало конфликт, кој прераснал во граѓанска војна. Ана, која исто така била член на регентски совет, го искористила привременото отсуство на Јован Кантакузин од Цариград и го прогласила за предавник и непријател на империјата. Ана се потпрела на поддршката на истакнатиот дворјанинот и военоначалник Алексиј Апокавк и на патријарх Јован XIV Цариградски. Ана му го понудила местото на Јован Кантакузин во регентски совет на Алексиј Апокавк. Голем дел од војската сепак се наоѓала под контрола на Јован, кој на 26 октомври 1341 се прогласил за цар во Димотика, што го означило почетокот на нова граѓанска војна во империјата.
Борбата меѓу Јован Кантакузин и централната власт во Цариград продолжила до 1347 година. Во тоа време во неа се мешале и соседните балкански владетели. Трновският цар Јован Александар бил на страната на Ана и Алексиј Апокавк, додека неговиот шура Стефан Душан го поддржувал Јован Кантакузин. И двајцата соседи на Византија всушност искористиле од војната, за да постигнат сопствени политички цели и да ги прошират териториите на сметка на империјата. Јован Кантакузин го привлекол на своја страна и отоманскиот султан Орхан I. Во 1342 година Јован Кантакузин бил принуден да оди во Србија, каде што норал да отиде и да побара помош од српскиот крал Стефан Душан. Останала сама во Димотика и притисната од цариградската партија во градот, Ирина побарала поддршка од бугарскиот цар, ветувајќи на Јован Александар дека ќе му го предаде градот ако сопругот не се врати. Така, Јован Александар испратил писмо до својот зет Душан и сестра Елена во кое инсистирал да го затворат или погубат својот гостин, но Душан и неговата сопруга го отфрлиле предлогот на царот[1].
Граѓанската војна меѓу Кантакузин и централната власт траела до 1347 година. На 3 февруари 1347 двете завојувани страни постигнале договор според кој Јован Кантакузин бил прогласен за старател и соцар на Јован V Палеолог. Договорот бил постигнат преку брак меѓу ќерката на Јован Кантакузин, Елена Кантакузина и Јован V. Јован VI Кантакузин влегол во Цариград и успешно воспоставил контрола над градот.
Официјално бракот помеѓу Елена и Јован V бил склучен на 28/29 мај 1347 година. Во тоа време Елена имала 13 години, а на Јован V му останувало еден месец, за да наполни 15 години. Мирот меѓу Јован V и таткото на Елена траел до 1352, кога сопругот, потпомогнат како легитимен цар, кренал бунт по кое Јован Кантакузин бил соборен од престолот и се повлекол во манастир.
Во 1376 година синот на Елена, Андроник IV Палеолог извршил државен удар против својот татко. Царицата Елена Кантакузина била затворена во Голубац заедно со поголемиот дел од царското семејство. Андроник IV дејствал со поддршка на Република Џенова. Главен противник на узурпаторот била Република Венеција и самиот султан Мурат I. Благодарение на тоа, во 1379 Јован V успеал да го врати престолот, a Андроник IV побегнал во соседството Пера[2], кој се наоѓал под контрола на генуезците. Елена Кантакузина исто била одведена во Пера како заложник на својот син, кое продолжило до 1381 година.
Јован V починал на 16 февруари 1391 година. По смртта, Елена Кантакузина се повлекла во манастирот "Света Марта", каде го прифатила монашкото име Хипомона (Трпение). Таму таа починала на 10 декември 1396 година.
Семејство
уредиЕлена Кантакузина му родила на Јован V барем 9 деца[3]:
- Андроник IV Палеолог (1348-1385), оженет за Кераца Бугарска
- Ирина Палеологина (1349-1362)
- Мануел II Палеолог (1350-1425)
- Теодор I Палеолог, деспот на Мореја (1355-1407)
- Михаил Палеолог (починал околу 1376/1377)
- Марија Палеологина (починала околу 1376), свршена за Мурат I
- Непозната ќерка, свршена за Петар II Кипарски
- Непозната ќерка, за која има сведоштва дека се замонашила во 1373 година
- Втора непозната ќерка, која исто така се замонашила во 1373 година
Наводи
уреди- ↑ Иречек, Константин. История на българите. Глава XX Разцвет на сръбската държава. с. 351
- ↑ Nicol, Byzantine Family, p. 137
- ↑ Anthony Luttrell, "John V's Daughters: A Palaiologan Puzzle", Dumbarton Oaks Papers, 40 (1986), pp. 103-112
Надворешни врски
уреди- Donald M. Nicol, The Byzantine Family of Kantakouzenos (Cantacuzenus) ca. 1100-1460: a Genealogical and Prosopographical Study (Washington, DC: Dumbarton Oaks, 1968), p. 135
- Anthony Luttrell, "John V's Daughters: A Palaiologan Puzzle". Dumbarton Oaks Papers, 40 (1986), pp. 103–112
- Frances Kianka, "The Letters of Demetrios Kydones to Empress Helena Kantakouzene Palaiologina", Dumbarton Oaks Papers: Homo Byzantinus: Papers in Honor of Alexander Kazhdan, 46 (1992), pp. 155–164
- John Julius Norwich, Bisanzio, Mondadori, Milano 2000.
- Barker J. W., Manuel II Paleologus (1391-1425). A Study in Late Byzantine Statesmanship, New Brunswick, N. J., 1969. с. 33-36.
- BYZANTIUM, fmg.ac
- Her listing in "Medieval lands" by Charles Cawley, along with her husband and children. The project "involves extracting and analysing detailed information from primary sources, including contemporary chronicles, cartularies, necrologies and testaments."
Елена Кантакузина Роден(а): 1333 Починал(а): 1396
| ||
Претходник Ирина Асенина |
Византиска царица 1347–1376 со Ирина Асенина (1347–1354) Ирина Палеологина (1353–1357) |
Наследник Кераца Бугарска |
Претходник Кераца Бугарска |
Византиска царица 1379–1391 |
Наследник Елена Драгаш |