Ана Савојска или уште Ана Палеологина (грчки: Άννα της Σαβοϊας, Άννα Παλαιολογινα, 1306 - 1359), била савојска принцеза и византиска царица, втора сопруга на царот Андроник III Палеолог.

Ана Савојска
Византиска царица
На престол1326–1341
Роден(а)1306
Починал(а)1365
Солун
СопружникАндроник III Палеолог
ДецаИрина Палеологина
Јован V Палеолог
Михаил Палеолог
Марија Палеологина
ДинастијаСавојска династија
ТаткоАмадеј V Велики
МајкаМарија Брабантска
Вероисповедкатолик
преобратена во
православие

Ана е родена во 1306 година како Џована, ќерка на Амадеј V Велики, грофот на Савоја, и на Марија Брабантска.

Византиска царицата

уреди

Ана била свршена за Андроник III уште за време на граѓанската војна, која тој ја водел против својот дедо Андроник II. Бракот меѓу Ана и Андроник III (1296-1341) бил склучен во Цариград во октомври 1326 година. Откако го прифатила православието, Џована го прифатила името Ана.

Во 1328 сопругот влегол во Цариград, го детронизирал својот дедо и го зазел царскиот престол.

Ана на Андроник III му родила четири деца:

Регент на Јован V

уреди

Андроник III починал на 15 јуни 1341 година. Тој бил наследен од малолетниот Јован V Палеолог. Ана застанала на чело на регентскиот совет и управувала од името на својот син. Како регент Ана доживеала недоверба кон советникот на нејзиниот покоен сопруг и член на регентски совет, Јован Кантакузин, на кого Андроник III се потпирал во целост.

Наскоро меѓу Јован Кантакузин и Ана Савојска избувнал конфликт, кој прераснал во граѓанска војна.

Граѓанска војна

уреди

За време на еден воен поход на Јован Кантакузин против идниот цар Стефан Душан, Ана го искористила привременото отсуство на Јован Кантакузин од Цариград и го прогласила за предавник и непријател на империјата. Ана се потпрела на поддршката на истакнатиот дворјанинот и военоначалник Алексиј Апокавк и на патријарх Јован XIV Цариградски. Ана му го понудила местото на Јован Кантакузин во регентски совет на Алексиј Апокавк.

Голем дел од војската сепак се наоѓала под контрола на Јован, кој на 26 октомври 1341 се прогласил за цар во Димотика, што го означило почетокот на нова граѓанска војна во империјата. Борбата меѓу Јован Кантакузин и централната власт во Цариград продолжила до 1347 година. Во тоа време во неа се мешале и соседните балкански владетели. Трновският цар Јован Александар бил на страната на Ана и Алексиј Апокавк, додека неговиот шура Стефан Душан го поддржувал Јован Кантакузин (очигледно смислен план со цел слабеење на Византија). И двајцата соседи на Византија всушност искористиле од војната, за да постигнат сопствени политички цели и да ги прошират териториите на сметка на империјата. Јован Кантакузин го привлекол на своја страна и отоманскиот султан Орхан I.

Ана се обидела да ја освои поддршка против Јован Кантакузин и од Западна Европа. Во летото на 1346 година таа испратила амбасадор до папата Климент VI во Авињон. Во август 1343 година царката обложува византиските царски инсигнии на Република Венеција за 30 илјади златни дукати, како дел од договорот за добивање на финансиска поддршка за континуираната војна против Јован Кантакузин. Сепак Ана и Апокавк не успеале да ја добијат војната.

На 3 февруари 1347 година двете завојувани страни постигнаа договор, според кој Јован Кантакузин е прогласен за старател и соцар на Јован V Палеолог. Договорот е внесен во брак меѓу ќерката на Јован Кантакузин, Елена Кантакузина и Јован V Палеолог. Јован Кантакузин влегол во Цариград и успешно воспоставува контрола над градот.

Последни години

уреди

Во 1351 година Ана го напуштила Цариград и се населила во Солун. Таму таа организирала сопствен двор и дури издала декрети од свое име, и монети со својот лик. Така Ана Савојска била втората царицата, која официјално резидирала во Солун, по Ирина Монфератска.

Последниот чин на царката била голема донација, направено од неа на манастир Agioi Anargyroi, како описно име за светите Козма и Дамјан, кои помагале при неизлечиви болести. Донацијата зборува дека Ана веројатно била во лоша здравствена состојба. Малку подоцна таа се замонашила и починала како сестра Анастасија околу 1359 година.

Надворешни врски

уреди
Ана Савојска
Роден(а): 1306 Починал(а): 1365
Претходник
Ирина
Византиска царица
1326–1341
Наследник
Ирина Асенина