Ирина Палеологина (сопруга на Матеј Кантакузин)
Ирина Палеологина била византиска царица, сопруга на византискиот царот Матеј Кантакузин.
Ирина Палеологина | |
---|---|
Византиска царица | |
На престол | со Ирина Асенина во 1353–57 со Елена Кантакузина во 1353–1357 |
Сопружник | Матеј Кантакузин |
Деца | Јован Кантакузин Димитар I Кантакузин |
Династија | Палеолози Кантакузини |
Татко | Димитар Палеолог |
Мајка | Теодора |
Вероисповед | православие |
Ирина била ќерка на деспотот Димитар Палеолог и неговата сопруга Теодора. Таа била внука на царот Андроник II Палеолог и Ирина Монфератска.
Според историјата на Јован VI Кантакузин, Ирина се омажила за Матеј Кантакузин во 1340 година. Матеј Кантакузин бил син на димотишкиот цар Јован VI Кантакузин и Ирина Асенина.
Ирина Палеологина му родила на Матеј Кантакузин пет деца[1]:
- Јован Кантакузин
- Димитар I Кантакузин
- Теодора Кантакузина
- Елена Кантакузина
- Марија Кантакузина
На 25 октомври 1341 година Јован Кантакузин се прогласил за цар во Димотика. Граѓанската војна меѓу него и законскиот цар Јован V Палеолог завршила во 1347 година со признавањето на Јован Кантакузин за соцар на Византија и ја омажиле неговата ќерка Елена Кантакузина за Јован V Палеолог.
На 15 април 1353 година Матеј Кантакузин бил прогласен за соцар на Јован V и Јован Кантакузин. Така Ирина Палеологина станала помалата совладетелка на нејзината свекрва Ирина Асенина и на својата золва Елена Кантакузина.
На 4 декември 1357 година Јован Кантакузин абдицирал и заедно со неговата сопруга се повлекол во манастир. Матеј Кантакузин сепак ја задржал титулата и заедно со неговата сопруга се одвоил како самостоен владетел во Тракија.
Во февруари 1356 година Матеј и Ирина се земени во заробеништво од српски војници. Заложништвото им продолжило до интервенцијата на Јован V Палеолог во декември 1357 година. Во замена за помош од царот, Матеј Кантакузин бил принуден да абдицира, а Ирина Палеологина престанала да ја носи титулата царица.
Датумот на смртта на Ирина Палеологина не е познат.
Наводи
уреди- ↑ Donald M. Nicol, The Byzantine Family of Kantakouzenos (Cantacuzenus) ca. 1100-1460: a Genealogical and Prosopographical Study (Washington, DC: Dumbarton Oaks, 1968), pp. 121f, 156-164