Ебеплија

село во Општина Карбинци
(Пренасочено од Ебепли)

Ебеплија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Ебеплија

Поглед кон селото

Ебеплија во рамките на Македонија
Ебеплија
Местоположба на Ебеплија во Македонија
Ебеплија на карта

Карта

Координати 41°45′32″N 22°22′09″E / 41.75889° СГШ; 22.36917° ИГД / 41.75889; 22.36917
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 13 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30016
Надм. вис. 900 м
Ебеплија на општинската карта

Атарот на Ебеплија во рамките на општината
Ебеплија на Ризницата

Потекло на името

уреди
 
Поглед на селото

Името на селото веројатно доаѓа од турскиот збор „еба“, што означува пуст, неплоден.[2]

Географија и местоположба

уреди

Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во југоисточниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на северозападните ограноци на планината Плачковица.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 20 километри.[3]

Во атарот на селото се наоѓа помошната писта на Плачковица.

Историја

уреди

Во XIX век, Ебеплија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

За време на Првата светска војна, Јуруците во селото ги поддржувале четите на ВМРО. Во селото, во 1915 година е убиен Георги Николов, четник на ВМРО кој извршил предавство.

Во поново време, името на селото се поврзува со трикратниот убиец Мустафа Шефаит. Тој во 2000 година со ловечка пушка ги убил Малиш Анакиевски кај селото Руљак, како и Тоде Цветанов и Никола Николов во селото Црвулево. Воедно, ранил уште три лица.[4]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 487,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 78,2 хектари, а на пасиштата само 7,8 хектари.[3]

Селото, во основа, нема некоја развиена стопанска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194888—    
195391+3.4%
196126−71.4%
19713−88.5%
19819+200.0%
ГодинаНас.±%
199112+33.3%
199411−8.3%
200211+0.0%
202113+18.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 80 жители, сите Турци.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 102 жители, сите Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[7]

Селото е мало и е во фаза на наполно раселување. Така, во 1961 година броело 26 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 11 жители, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ебеплија живееле 11 жители, сите Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 9 Турци и 4 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 88 91 26 3 9 12 11 11 13
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Ебеплија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2328 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Прналија. Во избирачкото место се опфатени селата Вртешка, Ебеплија и Прналија.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи.[15]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 153 гласачи.[16]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 90.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 120. Посетено на 31 јануари 2021.
  4. „Mустафа ѝ се предаде на полицијата, селаните под Плачковица здивнаа“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2021-01-31.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 јануари 2021.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 31 јануари 2021.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 31 јануари 2021.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди