Георги Николов бил лекар, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Георги Николов
Роден 1868
Охрид, Македонија
Починал 1 март 1939
Цариград, Турција

Животопис

уреди

Николов е роден 1868 година во Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа и Медицински факултет во Цариград. Работи како лекар во Охрид, Битола, Скопје, Воден и други. Бил покрестен од страна на Даме Груев во Орагнизацијата, влегол во првиот Охриски околиски комитет, а подоцна бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет [1]. Станува претседател на окружниот комитет на Организацијата во Скопје во 1904 година. Во 1907 година веќе како претседател на околискиот комитет во Воден е уапсен и осуден на вечен затвор. Ослободен е за време на Хуриетот. Во Балканските војни учествува како лекар кон Бугарската армија. Умрел на 1 март 1939 година во Цариград [2].

Извори

уреди
  1. Александров, Тодор. Дневник и кореспонденция от Първата световна война, Издателство „Знание“, Стара Загора, стр. 67.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 117.