МКЦ (Младински културен центар)

Младински културен центар (МКЦ)[1] е основан во 1972 година, во Скопје, под името „Дом на млади – 25 Мај“.

МКЦ
Концерт на Фолтин во МКЦ (14 февруари 2020)
Концерт на Фолтин во МКЦ (14 февруари 2020)
Основни податоци
Мрежно местоhttps://mkc.mk/

Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните вредности на младите.

Со богата програма, опфат на сите културни изрази (музика, филм, театар, литература…), научна дејност, работилници и предавања, дебати и дебатни клубови, МКЦ од самиот почеток зазема стратешки битна позиција во животот на младите во градот Скопје, но и во целата република.

Преименуван во Младински културен центар на почетокот на 90-тите, со добивањето на самостојност на Република Северна Македонија, Домот останува на истиот курс – промоција и презентација на културните вредности, но истовремено и најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите.

Единствената цел на МКЦ е да продуцира, стимулира и промовира современи културни настани и дела од различни домашни и меѓународни креатори, но и да го поттикне создавањето врски помеѓу нив. Покрај сопствената годишна програма, која вклучува повеќе од 200 настани (изложби, театарски претстави, промоции, работилници, концерти, дебати, како и филмски проекции), МКЦ работи и како сервис на многубројни невладини организации и индивидуални уметници од сферата. Покрај засебните настани, МКЦ стои зад организацијата, планирањето и комплетната реализација на три меѓународни фестивали и манифестации – Меѓународниот театарски фестивал МОТ, Фестивалот на европски филм CINEDAYS, како и Фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ.

Денес ЈУ МКЦ Скопје е установа од културата под јурисдикција на Град Скопје и голем дел од програмите се реализираат преку средствата од буџетот на Град Скопје, Министерството за култура на РСМ, но голем дел од своите програмски активности установата ги реализира и преку сопствени средства, приватни спонзорства, донации, како и средства од разни европски фондови.

Наводи

уреди
  1. „За МКЦ - од Официјалната веб страна на МКЦ“. Архивирано од изворникот на 2023-01-19. Посетено на 2023-02-15.