Драгомир Бојаниќ Гидра

Ова е објавената верзија, проверена на 21 декември 2023. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Драгомир Бојаниќ - Гидра ( Крагуевац, 13 јуни 1933 година - Белград, 11 ноември 1993 ) бил српски и југословенски театарски, телевизиски и филмски актер. Тој има направено над стотина улоги во филмови и ТВ серии, а улогата на Жика Павловиќ во филмската серија Луди години ја добележила неговата кариера. Тој бил оженет со глумицата Лилjана Контиќ.

Животопис

уреди

Гидра е роден во Крагуевац на 13 јуни 1933 година. Во рана возраст, по Втората светска војна, ги загубил родителите и останал сирак. Мајката му Новка починала од туберкулоза, а кога глумецот имал девет години, го застрелале неговиот татко Јоца, кој бил офицер на ЈНА. Загубата на семејството не успеала да му го скрши духот, па Гидра завршил средно училиште за преработка на месо, овошје и зеленчук во родниот град.[1] Тој, исто така, се стекнал со квалификација во средното училиште „Крагуевац“ за одделот за хемиска технологија. По дипломирањето, една година работел во фабриката за конзервирање „Црвена ѕвезда“, по што се запишал во Академијата за театар, филм, радио и телевизија „Раса Плаовиќ“ во Белград.[2][3]

Сопругата на Гидра, Лилјана Контиќ, исто така била глумица. Тие се венчале во 1966 година и ја имале ќерката Јелена, родена во 1970 година.[4] Гидра починал на 11 ноември 1993 година во Белград, од рак на црниот дроб. За време на третманот, тој бил хоспитализиран на Воената медицинска академија во Белград.[5] Погребан е во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.[6]

Кариера

уреди

Театар

уреди

Гидра бил член на аматерскиот театар „Света Младеновиќ“ од каде се преселил во Народниот театар Крагуевац, каде бил долгогодишен член. Кога бил студент во прва година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, почнал да го игра Митке во Националниот театар. Од 1964 година до 1966 година бил член на Југословенскиот драмски театар во Белград.[7]

Филм

уреди

Гидра ја започнал својата филмска кариера во 1955 година, со епизодна улога во филмот на Жика Митровиќ „Ехелон на доктор М“. Тој глумел во повеќе од триесет југословенски филмови, а исто така снимал и во Италија. Под псевдонимот Ентони Гидра во 1960-тите играл во десетина вестрн и акциони филмови во Италија. Прекарот Гидра е преведен како змија.[8] За неговата улога во Баладата на револверот на режисерот А. Калтабијана (1967), Гидра освоил една награда.[9]

На фестивалот Пула, во 1974 година ја освоил Златната арена за улогата на партизанот Тадија Чемеркиќ во филмот „Свадба“ на Радомир Сарановиќ, заснована врз истоимениот роман на Михаило Лалиќ.[10] Најголема популарност низ СФРЈ се здобил со улогата на Жика Павловиќ, која ја има играно во десет делови од филмот Луди години во периодот од 1977 до 1992 година. Тој, исто така, станал познат по улогата во филмот на Жика Митровиќ, Марш на Дрина од 1964 година.

Телевизија

уреди

На телевизијата, најголема популарност Гидра остварил во 1972 година со улогата на мајстор Лале во серијалот „Мајстори“. Исто така, тој бил познат по улогата на агентот Микула во серијата „Враќањето на отпишаните“ во 1978 година, како и по улогата на Крстивој Крстиќ во популарната серија „Топол ветар“.

Наводи

уреди
  1. „Dragomir Bojanić Gidra“. ritamgrada.rs. Архивирано од изворникот на 2015-02-20. Посетено на 29 јануари 2015.
  2. „Životna priča: Dragomir Bojanić Gidra - U životu ko cvika, može da se slika“. story.rs. Архивирано од изворникот на 26 јануари 2015. Посетено на 29 јануари 2015.
  3. „Драгомир „Гидра" Бојанић“. srpskoblago.rs. Архивирано од изворникот на 3 септември 2013. Посетено на 29 јануари 2015.
  4. „Ljiljana Kontić i Dragomir Bojanić Gidra:"Nosi nas isti vetar!" (1981)“. yugopapir.blogspot.ca. Посетено на 29 јануари 2015.
  5. „Последњи дани Гидре Бојанића („Недељник", 14 мај 2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-05-19. Посетено на 2020-03-01.
  6. „Sjećanje na legendu: Na današnji dan rođen Dragomir Bojanić Gidra!“. nezavisne.com. Посетено на 29 јануари 2015.
  7. „Драгомир Бојанић – „Гидра" (Крагујевац, 13. јун 1933 – Београд, 11. новембар 1993)“. kaldrmaskragujevac.rs. Архивирано од изворникот на 2014-09-04. Посетено на 29 јануари 2015.
  8. Životna priča: Dragomir Bojanić Gidra - U životu ko cvika, može da se slika Архивирано на 26 јануари 2015 г., story.rs
  9. Dragomir Bojanić-Gidra, Filmovi.com
  10. „In memoriam: 20 godina bez Dragomira Bojanića Gidre“. svet.rs. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2013. Посетено на 29 јануари 2015.