Караглово

село во Солунско, Егејска Македонија

Караглово или Кара Оглу (грчки: Καστανάς, Кастанас; до 1926 г. Καρά Ογλού, Кара Оглу[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 630 жители (2011).

Караглово
Καστανάς
Караглово is located in Грција
Караглово
Караглово
Местоположба во областа
Караглово во рамките на Илиџиево (општина)
Караглово
Местоположба на Караглово во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.9′N 22°39.32′E / 40.8317° СГШ; 22.65533° ИГД / 40.8317; 22.65533
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКуфалово
Надм. вис.&1000000000000003500000035 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно630
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 11

Географија

уреди

Караглово е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар. Лежи 38 км северозападно од Солун и 11 км североисточно од Куфалово.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На крајот на XIX век Караглово било турско село во Солунската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Оглу (Караглово) живееле 150 Турци и 60 Роми.[4] Во тој период, Боривое Милоевиќ во селото завел 40 турски и 5 ромски куќи.[3]

Во Грција

уреди

Се смета дека селото настрадало во Балканските војни бидејќи во 1913 г. не се спомнува како населба.[3] Истат година е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По војните во селото се повратиле само малку жители , а властите доселиле грчки колонисти. Така, според сознанијата на Милоевиќ, за време на Првата светска војна селото имало 65 грчки доселенички и само 5 турски староседелски куќи.[3] Во 1918 г. во Караглово се забележани 300 жители, но во 1920 г. тие опаднале на само 92, бидејќи голем дел од грчките доселеници го напуштиле селото.[3] Во 1922 г. дошле уште доселеници, овојпат од никомедиското село Кестенапар (подрачјето околу Измит, Мала Азија)[5]

Во 1924 г. малубројните преостанати Турци се иселени во Турција согласно Лозанскиот договор, а властите довеле голем број грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Кастанас. На пописот од 1928 г. Караглово се води како наполно дојденско село со 225 жители (56 семејства).[6] Најголемиот дел од жителите се дојдени од Понд, но има и мал број каракачани и тракиски Грци.[5]

Во 1940 г. селото имало 456 жители, кои во 1951 г. нараснале на 521, а во 1961 г. — 617 лица. Во 1971 г. Караглово се смалило на 537 жители, кои во 1981 г. се накачиле на 618, за повторно да се смалат на 595 во 1991 г.[3] Во следните децении бројот на жителите бележи пораст, со 663 во 2001 и 625 во 2011 г.[5]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 456 521 617 537 618 596 663 625
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото е прилично богато бидејќи е во рамничарски и плоден предел. Населението произведува големи количества памук, бостан, жито и други земјоделски производи.[3]

Настани

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρά Ογλού -- Καστανάς
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 325.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Καστανάς“. Δήμος Χαλκηδόνας. Архивирано од изворникот на 2019-06-15. Посетено на 8 јули 2019.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.