Длабоко Грло (Вотергејт)

(Пренасочено од Длабокото грло)

Длабоко Грлопсевдоним на тајниот информатор кој му обезбедувал информации на Боб Вудвард од Вашингтон пост во 1972 година, во врска со вклучувањето на управата на Претседателот на Соединетите Американски Држави, Ричард Никсон, во Вотергејтската афера. Триесет и една година по оставката на Никсон, се открило дека Длабоко Грло бил заменик директорот на Федералното истражно биро, Марк Фелт.

Марк Фелт (1913–2008), познат под псевдонимот „Длабоко Грло“

Идентитет

уреди

Длабоко Грло првпат ѝ било претставено на јавноста во 1974 година во книгата Сите луѓе на Претседателот, напишана од страна на новинарите на Вашингтон пост, Боб Вудвард и Карл Бернштајн, која две години подоцна била преработена во филм кој добил оскар.[1]

Според авторите, Длабоко Грло бил клучен извор на информации зад серија членови во врска со скандалот којшто ја имал главната улога во прикажувањето на лошите дела на управата на Никсон на јавноста. На крајот, скандалот довел до оставка на претседателот Никсон, како и затворски казни за шефот на персоналот на Белата куќа, Хари Халдеман, Џорџ Гордон Лиди, Егил Крох, советниците на Белата куќа, Чарлс Колсон и Џон Дин и претседателскиот советник Џон Ерлихман.

Хоуард Симонс, главен уредник на Пост за време на Вотергејтската афера, го нарекол тајниот информатор „Длабоко Грло“, како навестување за познатиот филм кој бил главна тема на дискусии во тоа време. Исто така, името било и игра на новинарскиот израз „таинствена позадина“, кое се однесува на информациите обезбедени од страна на тајниот извор, кои по договор, не биле директно кажувани.

Повеќе од 30 години, идентитетот на „Длабоко Грло“ бил една од најголемите тајни на американската политика и новинарство и извор на јавната љубопитност и претпоставки. Вудвард и Бернштајн инсистирале дека нема да го откријат неговиот идентитет или да се согласат да биде откриен додека тој не почине.

На 31 мај 2005 година, списанието Венити фер открило дека Вилијам Марк Фелт бил „Длабоко Грло“, со тоа што објавил статија (која конечно се појавила во јулското издание) на своето мрежно место од страна на Џон Д. О’Конор, адвокат, кој го застапувал Фелт, во која статија Фелт изјавил: „Јас сум човекот кој го викаат „Длабоко Грло“. По објавувањето на статијата во Венити фер, Вудвард, Бернштајн и Бенџамин Ц. Бредли, главен и одговорен уредник на Пост во периодот на Вотергејтската афера, ја потврдиле изјавата на Фелт дека е „Длабоко Грло“. Патрик Греј, поранешен директор на ФБИ и шеф на Фелт, го негирал тврдењето на Фелт дека единствениот извор е во книгата на Греј, „На мрежното место на Никсон“, напишана заедно со неговиот син, Ед Греј. Наместо тоа, Греј и другите продолжиле да велат дека „Длабоко Грло“ се собрани извори здружени во една личност со цел да се зголеми продажбата на книгата и филмот.

Улога во Вотергејтската афера

уреди

На 17 јуни 1972 година во 2:31 часот наутро, месно време, пет луѓе биле уапсени од страна на полицијата на шестиот кат во зградата на хотелот Вотергејт во Вашингтон, во канцелариите на Демократскиот национален комитет. Полицијата пристигнала откако била известена од страна на Френк Вилс, службеник од обезбедување, кој забележал дека вратата што водела до хотелот била оставена отворена.

Ситуацијата била необична, бидејќи петте крадци имале 2.300 долари на сметки (еквивалентни на $13.500 денес), украдени брави, воки–токи, радио – апарат за прислушување на телефонските повици на полицијата, две камери, пиштоли, солзавци и електронски уреди за снимање на сите разговори што може да се одржат во канцелариите.

Најмалку еден од луѓето бил поранешен работник во Централната разузнавачка агенција. Овој човек, Џим МекКорд,[2] во периодот кога бил уапсен бил службеник од обезбедувањето на Комитетот за повторно избирање на претседателот Никсон (познат помеѓу политичките противници на Никсон и по својот акроним „КРЕЕП“). Кај двајца од луѓето биле најдени бележници, во коишто го имало телефонскиот број на Е. Хоуард Хант, чие име во бележниците било придружено со написите „Куќата W“ и „W.H.“.

 
Историски маркер пред паркинг гаражата во Рослин, Вирџинија, каде што Вудворд и Фелт се сретнале за време на истрагата за скандалот Вотергејт на „Вашингтон пост“

Скандалот веднаш привлекол некои медиуми. Се развлекол и периодот на пребарување и следење на трагите, а конечно се проширил и Сенатот на Соединетите Американски Држави и Судскиот Систем, за да испитаат колку извршната власт на владата е замешана во скандалот Вотергејт.

Двајца млади новинари на Вашингтон пост, Боб Вудвард и Карл Бернштајн, ја пишувале содржината на приказната повеќе од две години. На крајот, се покажало дека во скандалот имало различни законски нарушувања и дека биле замешани многу членови од Белата куќа на Никсон. Поради големиот притисок од судовите и Сенатот, на крајот, Никсон станал првиот претседател на САД кој дал оставка, притоа избегнувајќи го јавното обвинение од страна на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави.

Приказните на Вудвард и Бернштајн содржеле информации кои биле значително слични со информациите откриени од страна на истражувачите на ФБИ. Ова претставувало новинарска предност која не ја уживал никој од новинарите во тој период. Во нивната подоцнежна книга, „Сите луѓе на Претседателот“, Вудвард и Бернштајн ја потврдиле оваа информација, која доаѓала од единствениот анонимен информатор наречен „Длабоко Грло“. Подоцна било откриено и потврдено од страна на Вудвард и Бернштајн дека „Длабоко Грло“ бил заменик директорот на ФБИ, Марк Фелт.

Неколку години пред тоа, Вудвард се спријателил со Фелт и се советувал со него за статии пред Вотергејтската афера. Вудвард, Бернштајн и некои други ги довериле информациите обезбедени од страна на „Длабоко Грло“ во обезбедување на успехот од истрагата во Вотергејтската афера.

Начини на комуницирање

уреди

Вудвард, во „Сите луѓе на Претседателот“, првпат го спомнува „Длабоко Грло“ на 71 страница, а претходно во книгата го спомнува нарекувајќи го „стар пријател и некогашен извор кој работел за федералната влада и не сакал да го бараат во неговата канцеларија“. Подоцна го опишува како „извор во извршната власт кој имал пристап до информации од CRP, како и од Белата куќа“. Во книгата тој е наречен и „неизлечлив озборувач“, „во единствена положба да ја надгледува извршната власт“, и човек „чија борба била исцрпена во многу битки“.

Вудвард тврдел дека му давал знак на „Длабоко Грло“ кога сакал да има средба со него, со поставување саксија со црвено знаме на балконот од неговиот стан. Доколку „Длабоко Грло“ сакал средба, тој ќе ставел посебни знаци на дваесеттата страница од примерокот на Вудвард од Њујорк тајмс, ќе го заокружел бројот на страницата и ќе нацртал часовник за да го означи часот. Тие често се сретнувале во подземна гаража наспроти мостот Кеј Бриџ во Розлин, во 2 часот наутро. Гаражате се наоѓа на булеварот 1401 Вилсон. Во 2014 година, гаражата требало да биде урната, иако округот одлучил да го спаси историскиот маркер, а сопственикот на земјиштето ветил дека ќе дизајнира споменик во чест на скандалот. [3] Зградата денес сеуште не е срушена.[4]

Многу луѓе се сомневале во овие начини на комуникација. Адријан Хавил ги истражувал овие тврдења за биографијата на Вудвард и Бернштајн, која ја пишувал во 1993 година и открил дека се невозможни. Тој забележал дека станот на Вудвард 617 на улицата 1718 П Стрит, во Вашингтон имал поглед кон внатрешен двор и не се гледал од улицата. Хавил рекол дека некој што редовно го проверува балконот, а се велело дека „Длабоко Грло“ го прави тоа секој ден, би бил фатен на лице место. Хавил, исто така, кажал дека примероците од The Times не биле разнесувани во одредени станови, но бил разнесен куп неадресирани примероци на рецепцијата во зградата. Немало шанси да се знае кој примерок е наменет за Вудвард. Меѓутоа, Вудвард изјавил дека во раните 1970-ти години внатрешниот двор бил улица и сè уште не бил преграден и дека неговиот балкон бил видлив за пешаците кои поминувале по улицата. Вудвард претпоставувал и дека тој бил видлив и за сите од ФБИ кои ги надфледувале амбасадите во близина. Откриен бил и фактот дека на примерокот на Вудвард од Њујорк тајмс бил означен бројот на неговиот стан. Поранешниот сосед Херман Книпенберг истакнал дека Вудвард некогаш доаѓал до неговата врата гледајќи во својот обележан примерок од Тајмс и кажувал дека „Сакам да го имам во одлична состојба и да имам свој сопствен примерок“.[5]

Понатаму, додека Вудвард во неговата книга ги нагласувал овие предупредувања, признал и дека му се јавувал на „Длабоко Грло“ на телефонскиот број во неговиот дом.[6]

Дискусии околу мотивите

уреди

Во јавните изјави по откривањето на неговиот идентитет, семејството на Фелт го нарекол него „американски херој“, изјавувајќи дека тој давал информации во врска со Вотергејтскиот скандал на Вашингтон пост од морални и патриотски причини. Меѓутоа, други коментатори претпоставувале дека Фелт имал повеќе лични причини за тоа што му давал информации на Вудвард.

Во својата книга „Тајниот човек“, Вудвард го опишува Фелт како приврзаник и обожавател на Џон Едгар Хувер. По смртта на Хувер, Фелт бил налутен и згрозен кога Луис Патрик Греј, искусен морнарски офицер и адвокат од l Дивиизија на Министерството за правда без претходно искуство за спроведување на законот, бил назначен за директор на ФБИ, над Фелт, 30 годишен ветеран на одделот. Фелт бил делумно незадоволен од начинот на управување на Греј со ФБИ, кој бил многу поинаков од тој на Хувер. Фелт ги одбрал Вудвард и Бернштајн, бидејќи знаел дека тие се назначени за истражување на кражбата. Наместо да бара обвинители од Одделот за правда или Судскиот комитет задолжен за истражување претседателско погрешно работење, тој плански им давал информации на Вудвард и Бернштајн да ја водат истрагата, а неговиот идентитет и вклученост ги чувал безбедно сокриени.

Некои заштитници кои работеле за Никсон, како што се Пат Буханан и Џорџ Гордон Лиди,[7] го обвинувале Фелт и го бранеле нивното мислење дека Никсон бил неправедно избркан од неговата функција.[8]

Шпекулации

уреди

Шпекулации на медиумите и Белата куќа

уреди

Иако потврдувањето на идентитетот на „Длабоко Грло“ останало неоткриено над 30 години, имало некои сомнежи дека Фелт бил навистина тајниот извор на новинарите, многу порано пред јавноста да дознае во 2005 година.

Самиот Ричард Никсон мислел дека Фелт можеби е „Длабоко Грло“, но не се обидел да го отпушти. Неговиот принцип за ова бил дека акодоколку постапел така, Фелт јавно би открил информации што ќе му наштетат на ФБИ и на другите моќни луѓе и институции. Во тој период, Никсон изјавил дека „Фелт знае сѐ што се знае во ФБИ“. Причините на Никсон поради кои не го отпуштил Фелт можеби не биле целосно несебични. Постои мало сомневање дека човекот кој бил најмногу повреден, јавно открил сѐ што знае за Фелт, а дека тоа е самиот Никсон.

Џорџ В. Хигинс напишал во 1975 година: „Марк Фелт знае повеќе новинари од повеќето репортери, а има и некои кои мислат дека тој имал псевдоним од Вашингтон пост позајмен од валкан филм“.[9] Сепак, Вудворд и Бернштајн биле стегнати во врска со идентитетот на нивниот доушник. Пред да се открие дека Фелт е Длабоко Грло, само Вудворд, Бернштајн, Елса Волш и Бен Бредли знаеле за неговиот идентитет.[10] Карл Бернштајн не кажал за идентитетот на „Длабоко Грло“ ниту на неговото најблиско семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга, Нора Ефрон[11]. На 2 јуни 2005 година на емисија на Ен Би Си изјавил: „Никогаш не бев толку глуп за да ѝ кажам на Ефрон“. Тој рекол: „...што беше многу паметно, бидејќи досега ќе му имав кажано на целиот свет“. Ефрон била опседната со откривање на тајната и на крајот правилно заклучила дека тоа е Марк Фелт. Претходно било откриено дека „Длабоко Грло“ е маж. Во 1999 година, 19 годишниот бруцош на колеџ, Хас Кулеман-Бекман, тврдел дека синот на Бернштајн му кажал дека Марк Фелт навистина е „Длабоко Грло“.[12] Според Кулеман-Бекман, Јакоб Бернштајн му кажал дека тој е „100 % сигурен дека „Длабоко Грло“ е Марк Фелт. Тој е од ФБИ“. Наводно, Јакоб го кажал ова пред околу 11 години, кога тој и Кулеман–Бекман биле соученици. Ефрон објаснила дека син ѝ ги наслушнал нејзините „претпоставки“, и Карл Бернштајн веднаш го повлекол тврдењето, но многумина не верувале во овие тврдења.

Брус Портер Робертс, во неговиот мемоар од 1975 година, The Gemstone Files истакнал дека Фелт е „Длабоко Грло“.

Џејмс Ман, кој работел во Пост во периодот на Вотергејтската афера и бил близу до истрагата, собрал многу докази и во 1992 година во статија во The Atlantic Monthly го посочил Фелт и со тоа убедил многу луѓе.[13] Тој истакнал дека информациите што „Длабоко Грло“ му ги давал на Вудвард може да бидат добиени само од досиеја на ФБИ. Исто така, Фелт бил огорчен поради тоа што бил прескокнат за директор на ФБИ и сметал дека ФБИ е непријател на управата на Никсон. Во претходните статии, Вудвард се изјаснил дека има високо пласиран извор во ФБИ и има докази дека бил пријател со Фелт.[14]

Вудвард одржувал близок контакт со Фелт во тој период, дури и се појавил неочекувано во неговата куќа во 1999 година, откако започнала деменцијата на Фелт, како и во домот на ќерката на Фелт, Јоан, во Санта Роса, Калифорнија. Во тој период, некои луѓе се сомневале дека Вудвард можеби го прашувал Фелт дали смее да открие дека тој е „Длабоко Грло“, иако Фелт, кога бил директно прашан од страна на други луѓе, убедливо негирал дека е „Длабоко Грло“.[15]

 
Авторот Роналд Кеслер го интервјуира Марк Фелт

Во 2002 година, Тимоти Ноа го нарекол Фелт „најдобриот претпоставен за идентитетот на „Длабоко Грло““. Во февруари 2005 година, поранешниот советник на Никсон од Белата куќа, новинарот Џон Дин, известил дека неодамна Вудвард го информирал Бредли дека „Длабоко Грло“ е болен и близу до смртта и дека Бредли ја напишал посмртницата на „Длабоко Грло“. Вудвард и тогашниот уредник на Вашингтон пост, Леонард Дауни, ги негирале овие тврдења. Фелт бил сомнителен, особено по неговата мистериозна средба со Вудвард во летото 1999 година. Но, со текот на годините, им се посветувало повеќе внимание на други луѓе, кои се сметале за сомнителни, како што се Пат Буханан, Хенри Кисинџер, Вилијам Ренквист, Генералот Хајг, и пред да се открие дека „Длабоко Грло“ не е жена, Дајана Сојер.

Потврда на Фелт за неговиот идентитет

уреди

На 31 мај 2005 година, магазинот Венити фер известил дека Вилијам Марк Фелт[16], кој тогаш имал 91 година, потврдил дека тој е човекот познат како „Длабоко Грло“. Истиот ден подоцна, Вудвард, Бернштајн и Бредли дале изјава во Вашингтон пост, со којашто потврдиле дека прикaзната е вистинита.[17]

На 2 јуни 2005 година, Вудвард објавил цела страница во Вашингтон пост, во која тој детално го опишал неговото пријателство со Фелт во периодот пред Вотергејтската афера. Вудвард пишувал дека тој првпат го запознал Фелт случајно во 1970 година, кога Вудвард бил поручник на воената морнарица во неговите 20-ти години, којшто бил испратен да однесе пратка во левото крило на Белата куќа. Наскоро пристигнал Фелт, за состанок и седнал до Вудвард во чекалната. Вудвард започнал разговор и дознал за положбата на Фелт во ФБИ. Вудвард, кој во тој период планирал да излезе од поморницата и бил несигурен во врска со неговата идна насока во животот, бил одлучен во тоа да го користи Фелт како ментор и советник за кариера, и така го земал телефонскиот број на Фелт и одржувал контакт со него.

Откако одлучил да започне кариера на новинар, Вудвард му се приклучил на Вашингтон пост во август 1971 година. Фелт, за кого пишува Вудвард, долго време имал поглед на управата на Никсон и започнал да му праќа информации на Вудвард, иако тврдел дека Вудвард не ги спомнува ФБИ и одделот за правда во тоа што го пишува. Вудвард првпат искористил информации од Фелт во сторија во Вашингтон пост во средината на мај 1972 година, еден месец пред скандалот Вотергејт, кога Вудвард известил за човекот кој се обидел да му изврши атентат на кандидатот за претседател Џорџ Ц. Валас од Алабама; Никсон го задолжил Фелт за истрагата во врска со обидот за убиство. Месец подоцна, само неколку денови по нападот во Вотергејт, Вудвард го повикал Фелт во неговата канцеларија и тогаш Вудвард првпат зборувал со Фелт за Вотергејт.

Во коментарите поврзани со причините на Фелт, поради коишто служел како извор на „Длабоко Грло“, Вудвард пишува: „Фелт веруваше дека ќе го заштити бирото преку наоѓање начин, во овој случај прикриен, да ѝ даде информации на јавноста од интервјуа и досиеја на ФБИ, со цел да помогне да се создаде јавен и политички притисок за Никон и неговите луѓе да станат одговорни. Тој немал ништо освен презир за Белата куќа на Никсон и нивните напори да манипулираат со бирото поради политички причини“.

Во 1980 година, Фелт бил осуден поради наредба за незаконски упади во домовите на сомнителните на Вотермен и нивните семејства. Ричард Никсон сведочел во негово име. Претседателот Роналд Реган му опростил на Фелт и потоа обвинението било избришано од записникот.

Теорија на повеќе особини

уреди

Пред откривањето на Фелт дека тој е бараниот човек и потврдувањето на Вудвард, некои историчари и други научници имале тешкотии при откривањето на вистинскиот „Длабоко Грло“, бидејќи ниту еден човек не одговарал на личноста опишана во книгата „Сите луѓе на Претседателот“. Поради тоа, некои научници и коментатори дошле до заклучок дека „Длабоко Грло“ не е возможно да е една личност, туку е составено од повеќе извори.[18]

Од литературен поглед, оваа теорија понатаму била поддржана од агент кој најпрво го промовирал планот на „Сите луѓе на Претседателот“, кој истакнал дека првичниот ракопис на книгата не содржел никакво упатување на „Длабоко Грло“. Ова довело до претпоставка дека Вудвард и Бернштајн ја скратиле приказната како што тоа го прават холивудските сценаристи: писателот гледа дека во вистинскиот живот на херојот му помагаат десетина луѓе, ги спојува нив во една личност и им дава измислено име.

Неодамнешните проучувања на истражувачките досиеја на ФБИ, записите на Вудвард од средбите со „Длабоко Грло“ и текстовите од „Сите луѓе на Претседателот“ посветени на „Длабоко Грло“, отикриле дека не е возможно Фелт да му ги има кажано сите информации, припишани на „Длабоко Грло“, на Вудвард.

Поточно, во своето истражување на записите на Вудвард поврзани со „Длабоко Грло“, Ед Греј ги цитира записите, цитирајќи го „Длабоко Грло“, кој вели „Мишел спроведе своја сопствена истрага за десет денови и полуде – ние имавме назначено луѓе да му помогнат“.[19]

Греј истакнува дека доколку тој извор „...бил Марк Фелт, неговото „ние“ може да се однесува само на ФБИ. Но, сигурно немало ФБИ агенти назначени за внатешната истрага на КРЕЕП на нивните сопствени вработени веднаш по упадот, чии резултати јасно покажуваат дека Мишел и КРЕЕП сакаат да се држат настрана од ФБИ. Ако имало ФБИ агенти „назначени да помогнат“, кои „ќе ги откријат сите нови работи“, нема да биде објавен само случајот Вотергејт за време на овие десет денови, туку и досиејата на ФБИ ќе бидат исполнети со интервјуата што би произлегле. Такво нешто немаше“.

Греј цитира и разговор што го имал со Доналд Сантарели, службеник во Министерството за правда во периодот на скандалот Вотергејт, во кој Греј раскажува содржини од некои записи на Вудвард што се однесуваат на „Длабоко Грло“. Како одговор, наводно, Сантарели му кажал на Греј: „Ова сигурно бев јас. Боб ми се јавуваше редовно и ме прашуваше вакви работи“. Потоа тој тврди дека „Длабоко Грло се повеќе личности...Не е само Марк Фелт“.

Други сомнителни кандидати

уреди

Фред Филдинг

уреди

Друг водечки кандидат бил помошниот советник на Белата куќа, Фред Ф. Филдинг. Во април 2003 година, Филдинг бил претставен како потенцијален кандидат како резултат на детален преглед на изворен материјал од Вилијам Гаинес и неговите студенти по новинарство, како дел од ча на Универзитетот во Илиноис.[20][21] Филдинг му бил помошник на Џон Дин и така имал пристап до досиејата поврзани со аферата. Гаинес сметал дека изјавите на Вудвард ја отфрлиле можноста дека „Длабоко Грло“ е во ФБИ и дека „Длабоко Грло“ има некои информации пред ФБИ. Х.Р. Халдеман се сомневал дека Филдинг е „Длабоко Грло“.

Дин бил еден од најпосветените ловци на „Длабоко Грло“. Тој и Леонард Гармент ја отфрлиле можноста дека тоа е Филдинг, известувајќи дека тој бил отфрлен од Вудвард во 1980 година, кога барал важна положба во управата на Роналд Реган. Но, ова изјавување на Филдинг не било потврдено.

Една од причините што многу експерти верувале дека „Длабоко Грло“ грло е Филдинг, а не Фелт, била поради јасното негирање на Вудвард во едно интервју дека „Длабоко Грло“ работи во разузнавачката заедница:

Лукас: Дали го негирате тврдењето на некои критичари дека Вашите извори за Вотергејт – меѓу кои е и легендарното „Длабокото грло“ – можеби се луѓе од разузнавачката заедница?
Вудвард: Го негирам тоа, бидејќи е невистинито.[22]

Во ретроспектива, изгледа дека Вудвард ги исклучил странските разузнавачки агенции, а не ФБИ.

Други веродостојни кандидати

уреди

Сите кандидати што умреле пред признавањето на Фелт, не одговарала не критериумите на Вудвард во тој период, откога Вудвард изјавил дека тој слободно може да го открие идентитетот на Длабокото грло по неговата смрт.

  • Џон Ерлихман: советник на Никсон. Умрел во 1999 година.
  • Рон Циглер: портпарол. Умрел во 2003 година.
  • Вилијам Е. Колби: шеф на ЦИА. Умрел во 1996 година.
  • Чарлс В. Гејтс: извршител на ФБИ, кој е спомнат од Ман, но е земен предвид помалку од Фелт.
  • Вилијам Ц. Суливан: поранешен шеф на разузнавачкото работење на ФБИ, отпуштен од страна на Џ. Едгар Хувер во 1971 година. Умрел во 1977 година.
  • Л. Патрик Греј: директор на ФБИ, кој живеел после четири блокови од Вудвард, обвинет од документарецот на Си Би Ес. Умрел во 2005 година.
  • Роберт Кункел: шеф на канцеларијата на ФБИ во Вашингтон, кој Ман го земал предвид помалку од Фелт, бидејќи за време на истрагата се преселил во Св. Луј.
  • Корд Мајер: агент на ЦИА спомнат во романот на Марк Риблинг: Тајната војна помеѓу ФБИ и ЦИА.[23] Меѓутоа, Вудвард истакнал дека Длабокото грло не е дел од разузнавачката заедница. Умрел во 2001 година.
  • Рејмонд Прајс: ги пишувал говорите на Никсон.
  • Стивен Бул: административен помошник.
  • Ловел Вајкер: сенатор на САД од Конектикат, за кој Пат Буханан верувал дека можеби е Длабокото грло.
  • Техничари од тајната служба: Ричард Коен сметал дека тоа може да е кој било од тајната служба што ги одржува уредите на Никсон.
  • Ричард Обер, шефот на домашната шпионска програма на ЦИА наречена Операција ХАОС.[24]

Помалку веродостојни кандидати

уреди
  • Вилијам Ренквист: јавен правобранител на Соединетите Американски Држави, претходно имал функција во одделот за правда во управата на Никсон, каде што работел за врховниот обвинител Џон Н. Мишел. Повеќе од пет месеци пред упадот во Вотергејт, тој бил назначен во Врховниот суд и речиси е невозможно тој да има пристап до информациите што ги знаел „Длабоко Грло“. Во февруари 2005 година, Дин известил дека Длабокото грло е болен и познато било дека Ренквист боледувал од рак, којшто ја предизвикал неговата смрт подоцна истата година. Со извештајот се предизвикале претпоставките дека Ренквист е „Длабоко Грло“. Меѓутоа, Вудвард изјавил дека мислењето дека Длабокото грло е болен, е погрешно.
  • Хенри Кисинџер: советник за национално обезбедување на Никсон и државен секретар, бил надвор од земјата на некои датуми кога Вудвард известил дека се сретнувал со „Длабоко Грло“.
  • Џорџ Х. В. Буш: бил именуван од страна на Адријан Хавил, автор на биографијата на Вудвард и Бернштајн во 1993 година, Deep Truth, по откривањето на записите на Вудвард во Универзитетот во Тексас. Хавил во неговата биографија тврди дека Длабокото грло е сложена фигура, но во писмо до Poynter Online изјавил дека, врз основа на понови настани и истражувања, тој сега мисли дека „Длабоко Грло“ е Џорџ Х. В. Буш.
  • Генерал Александар Хаиг: авторите Лен Колодни и Роберт Гетлин во својата книга од 1991 година Silent Coup: The Removal of a President претпоставиле дека можеби Хаиг е Длабокото грло. Умрел во 2010 година.
  • Дајана Сојер: била најмена од портпаролот на Белата куќа, Рон Циглер, за службеничка во управата на Ричард Никсон. Еден од поддржувачите на Никсон, Барух Корф, на својата смртна постела лажно тврдела дека Сојер е „Длабоко Грло“.
  • Бен Штајн: пишувач на говорите на Никсон и син на економскиот советник на Никсон, Херберт Штајн, подоцна глумец, политички коментатор и домаќин на една емисија.
  • Џералд Форд: поддржувач на Никсон.
  • Пат Буханан: служел како посебен помошник на Претседателот, бил именуван за потенцијален кандидат од страна на Дин во неговата книга од јуни 2002 година Unmasking Deep Throat. Буханан постојано го одрекувал тврдењето и на 30 годишнината од упадот во Вотергејт, во статија од магазинот Тајм изјавил дека „Последен пат соработував со Вашингтон пост...во 1952 година, кога ги разнесував проклетите весници во Северозападен Вашингтон“. Но, Буханан бил многу заинтересиран за мистеријата и имал неколку теории. Тој бил најмногу наклонет кон идејата дека Длабокото грло се повеќе личности.
  • Ричард Никсон: имало некои претпоставки дека Никсон користел канали за да комуницира со Вудвард во необичен обид за неговото прогонување од страна на медиумите, коешто завршило ужасно. Оваа теорија, во голема мера била недоверлива. Никсон умрел во 1994 година.

Белетристички опишувањa

уреди
  • Хал Холбрук го опишал „Длабоко Грло“ во филмската верзија на „Сите луѓе на Претседателот“.
  • Во филмот комедија „Детектив“ од 1999 година се исмејуваат настаните од скандалот Вотергејт и опишано е дека „Длабоко Грло“, всушност, се две девојки тинејџерки.
  • Телевизиската серија „Досиеја икс“ опишува еден информатор кој го користел името „Длабоко грло“ и му давал информации на агентот Мулдер во првите епизоди, на начин сличен на средбите опишани од страна на Вудвард. Никогаш не е спомнато дали тој имал намера да биде истото „Длабоко Грло“ од Вотергејт.
  • Во филмот The Fairly OddParents се прикажува како родителите на Тими се запознаваат со Тоти, кој е покриен со капа и капут за да го скрие своето лице и тело. Таа им дава информации, откривајќи дека Вики е ѓавол, под псевдонимот Длабоката труба.
  • Во анимираниот филм Hey Arnold!: The Movie Хелга се маскира и тајно му помага на Арнолд за да го спаси градот, нарекувајќи се себеси „Длабокиот глас“.
  • Во епизодата од СимпсоновиSideshow Bob Roberts“, Вејлон Смитерс игра улога слична на Длабоко Грло кога тајно им помага на малите Симпсонови да најдат начин да го соборат новиот градоначалник на Спрингфилд, Сајдшоу Боб (дури и парафразира една од изјавите на Длабокото Грло).
  • Во книгата на Тери Прачет, „Вистината“, Гаспода го користи псевдонимот „Длабоката коска“.
  • Во првата сезона од Alias, Вил Типин неформално му се обраќа на неговиот сомнителен информатор од ЦИА со Длабокото грло.
  • Во првата епизода од третата сезона на NewsRadio: Претседателот Џими Џејмс, е повикан на новинска конференција, каде што ја објавува својата кандидатура за Претседател на САД, дека е лобист во Вашингтон и имал блиски односи со Белата куќа на Никсон пред и за време на Вотергејтската афера.
  • Во епизодата „Deep Throats“, од Family Guy , Кермит Д Фрог користи слична улога за да обезбеди доказ за корупцијата на градоначалникот Адам Вест на Брајан и Стив.

Наводи

уреди
  1. McDermott, Annette (May 10, 2018). „How 'Deep Throat' Took Down Nixon From Inside the FBI“. History.com. Архивирано од изворникот на December 6, 2020. Посетено на January 24, 2021.
  2. Langer, Emily; Smith, Harrison; Morgan, Kate. „Watergate conspirator James McCord Jr. died two years ago. His death was never announced“ – преку www.washingtonpost.com.
  3. 'Deep Throat' garage from U.S. Watergate scandal to be razed“. Reuters. 15 June 2014. Посетено на 16 June 2014.
  4. Massimo, Rick (2023-06-02). „Time Could Be Up for Rosslyn's 'Deep Throat' Parking Garage“. Northern Virginia Magazine (англиски). Посетено на 2023-06-14.
  5. „New Zealand man's Deep Throat mystery solved“. The New Zealand Herald. June 3, 2005. Архивирано од изворникот на April 10, 2005. Посетено на September 27, 2011.
  6. O'Connor, John (17 October 2006). 'I'm the Guy They Called Deep Throat'. Vanity Fair. Архивирано од изворникот 17 September 2020. Посетено на 17 September 2020.
  7. Morgan, Dan (June 1, 2005). "Contemporaries Have Mixed Views", The Washington Post, May 31, 2005.
  8. „1973-07-22 – Witch Hunt“. The Los Angeles Times. July 22, 1973. стр. 19 – преку newspapers.com.
  9. George V. Higgins (1975), The Friends of Richard Nixon, 1976 reprint, New York: Ballantine, Ch. 14, p. 147, ISBN 978-0-345-25226-5.
  10. „Woodward and Bernstein on Imus“. NBC News (англиски). June 2, 2005. Архивирано од изворникот на December 2, 2022. Посетено на 2022-12-03.
  11. Ephron, Nora (May 9, 2010). „Deep Throat and Me: Now It Can Be Told and Not for the First Time Either“. Huffington Post. Архивирано од изворникот на June 3, 2005.
  12. Daley, David (28 July 1999). „Deep Throat“. The Hartford Courant. Посетено на 24 January 2020.
  13. Mann, James. "Deep Throat: An Institutional Analysis", The Atlantic Monthly, May 1992.
  14. Guardian Staff (2005-06-03). „Bob Woodward who exposed Watergate scandal reveals story of friendship that brought down US president“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2020-04-10.
  15. Noah, Timothy. "Why Did Bob Woodward Lunch With Mark Felt in 1999?", Slate, May 2, 2002.
  16. O'Connor, John D. (May 31, 2005). „I'm the Guy They Called Deep Throat“. VanityFair.com. Посетено на November 28, 2008.
  17. Woodward, Bob (June 2, 2005). „How Mark Felt Became 'Deep Throat'. The Washington Post. Посетено на November 28, 2008.
  18. Greenberg, David (June 1, 2005). „Throat Clearing; Watergate conspiracy theories that still won't die“. Slate. Посетено на July 21, 2014.
  19. Gray III, L. Patrick; Gray, Ed (2008). „The Watergate Books: Fact and Fiction“ (PDF). In Nixon's Web: A Year in the Crosshairs of Watergate. New York: Times Books. стр. 291–300. ISBN 9780805089189.
  20. Deep Throat: Uncovered (archived), Department of Journalism, University of Illinois
  21. Who Was Deep Throat? Архивирано на 19 април 2013 г., Smithsonian Magazine, December 2003
  22. Noah, Timothy. "Deep Throat, Antihero: His unmasking makes everybody look a little less noble", Slate, May 31, 2005. Quote from Playboy interview, 1979.
  23. Wedge: From Pearl Harbor to 9/11 – How the Secret War between the FBI and CIA Has Endangered National Security, (2002) Touchstone ISBN 0-7432-4599-7[се бара страница]
  24. Deborah Davis (1987)[1979]. Katharine the Great: Katharine Graham and the Washington Post. Sheridan Square Press. p. xiii. ISBN 0-941781-14-3.

Надворешни врски

уреди