Димитрич

село во Нигритско, Егејска Македонија

Димитрич (грчки: Δημητρίτσι, Димитрици) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Дел од Македонците биле погрчени, поради што во некои извори ги претставуваат како Грци.

Димитрич
Δημητρίτσι
Димитрич is located in Грција
Димитрич
Димитрич
Местоположба во областа
Димитрич во рамките на Визалтија (општина)
Димитрич
Местоположба на Димитрич во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.6′N 23°24.48′E / 40.9933° СГШ; 23.40800° ИГД / 40.9933; 23.40800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаВизалтија
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно633
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле околу 12 км северозападно од Нигрита и на 20 км југозападно од Сер.

Историја

уреди

Средновековие

уреди

Во 1185 г. се одиграла Битката кај Димитрич во која војската на византискиот протосеваст Алексиј Врана ја поразила норманската војска на Вилхелм II Сицилиски која настапувала на исток по Пљачката на Солун.

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век и почетокот на XX век Димитрич било село во Серската каза.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Димитрич (Dimitritch) има 45 домаќинства сочинети од и 100 жители Македонци и 40 муслимани.[2][3] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал опис на Димитрич, погрешно сметајќи ги жителите за Грци:

Димитрич е село со мешано население; една црква, една џамија, едно муслиманско училиште; християните се Грци, муслиманите — Турци Коњари; 2 часа од Нигрита.[4]

Во 1891 г. Георги Стрезов исто така го опишал селото, нарекувајќи ги погрчените Македонци „Грци“:

Димитрич, 1 час на ЈЗ от Мерјан; земја — рамница со многу овошни дрвја. Во ова село многумина имаат чифлици. Патот е рамен, но тежок зиме; 120 куќи: 70 Грчки и 50 македонски. Има уште и дваесетина турски куќи.[5][6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 200 Македонци христијани, 150 Турци и 350 „Грци“.[7]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Димитрич (Dimitritch) живееле 480 Македонци и во селото работело грчко училиште со 2 учители и 31 ученик.[2][8]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 570 жители кои во 1920 г. нараснале на 663 лица.[9] Во 1923 г. турското малцинство е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти од околината на Смирна и на паланката Кувуклија (денес Ѓорукле), сместена на 15 км западно од Бурса. Во 1928 г. Димитрич е претставен како мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.070 жители,[9] од кои 149 лица (31 семејство) биле дојденци.[10]

Месности во Димитрич преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Папаска[11] Παπάσκα Пападија Παπαδιά[12] месност на ССЗ од Димитрич и на И од Макеш[11]
Месечик[11] Μισιτσίκι Фенгари Φεγγάρι[12] месност на Ј од Димитрич[11]
Кисланджи[11] Κισλάντσι Ливадија Λιβάδια[12] месност на З од Димитрич[11]
Јурук Кари[11] Γιουρούκ Καρί Климата Κλήματα[12] месност на З од Димитрич[11]
Гургур[11] Γκουργκούρι Мугрисма Μούγκρισμα[12] месност на СИ од Димитрич[11]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.401 1.458 1.638 1.378 1.218 1.275 1.461 989 633
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди

Личности

уреди
 
Георги Моаџирчето, јануари 1905 г.
  • Георги Моаџирчето (1885 – 1906) — револуционер, деец на ВМОРО
  • Андон Нушкалијата (Андониос Нускалис) — четник во андартска чета[13]
  • Апостол Попкостов (Апостолос Папакостас) (? – 1913) — првенец на Димитрич и јатак на андартска чета[14]
  • Георги Гурмев (Георгиос Гурмис) — четник во андартска чета[15]
  • Костадин Кузобабов (Констадинос Куцјабабас) — агент од II класа на андартска чета[16]
  • Паскал Мерџански (Пасхалис Меряклис) — агент од III класа на андартска чета[17]
  • Христодул Ангелов (Христодулос Ангелопулос) — агент од II класа андартска чета[18]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
  5. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 844.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  9. 9,0 9,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 233. ISBN 9989-9819-6-5.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. 11,00 11,01 11,02 11,03 11,04 11,05 11,06 11,07 11,08 11,09 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1041. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  13. „Νούσκαλης Αντώνιος (1) - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 25 септември 2021.
  14. „Παπακώστας Απόστολος - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 25 септември 2021.
  15. „Γκούρμης Γεώργιος - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 25 септември 2021.
  16. „Κουτσιάμπαμπας Κωνσταντίνος - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 25 септември 2021.
  17. „Μεργιακλής Πασχάλης - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 25 септември 2021.
  18. „Αγγελόπουλος Χριστόδουλος - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 25 септември 2021.