Макеш

село во Нигритско, Егејска Македонија

Макеш или Малеш (Άμπελοι, Амбели; до 1927 г. Μακιαίς, Макеис;[2] 1927-1934 г. Βαμβακιά, Вамвакија[3]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.

Макеш
Δημητρίτσι
Макеш is located in Грција
Макеш
Макеш
Местоположба во областа
Макеш во рамките на Визалтија (општина)
Макеш
Местоположба на Макеш во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°0.25′N 23°22.9′E / 41.00417° СГШ; 23.3817° ИГД / 41.00417; 23.3817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаВизалтија
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно343
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, југозападно од Сер и северозападно од Нигрита.[4]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX и почетокот на XX век Макеш било наполно македонско село во Серската каза. Црквата „Сретение Господово“ е от 1800 година.[5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Макеш (Makèche) имал 48 домаќинства сочинети од 130 Македонци и 20 муслимани.[6][7]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Макеш:

Макешен или Микешен е мешано село; една црква, една џамија; на половина час од Нигрита; христијаните се Македонци, а муслиманите — Турци Коњари.[8][9]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Макеш, во пазувите Круша, на З од Димитрич 34 часа. Прочуено по најквалитетен сусам; 30 куќи, Македонци; има и турски.[8][10]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Малеш имал 240 жители, сите Македонци христијани.[6][11]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Макеш (Makeche) живееле 656 Македонци под Патријаршијата и 42 Роми. Во селото работело грчко училиште со еден учител и 47 ученици.[12]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 277 жители, а во 1920 г. селото имало 280 лица.[4] Макеш е преименуван двапати — во 1927 г. во Вамвакија и во 1934 г. во Амбели. Во 1923 г. во селото се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Макеш имал 687 жители, од кои 389 лица (85 семејства) биле дојденци, а останатите македонски староседелци.[13]

Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е изградена во 1929 г.[5]

Месности во Макеш преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Ел Тепе Έλ Τεπέ Ксени Ξένοι[14]
Китклик Κιτικλίκι Куцура Κούτσουρα[14]
Кара Јурлук Καρά Γιουρλούκι Мавра Вата Μαύρα Βάτα[14]
Новино[15] Νόβινο Кенурија Καινούργια[14]
Куразавли[15] или Куразанли[16] или Куранзали Κουρανζαλή Халасмата Χαλάσματα[14] поранешно село на ЈЗ од Макеш и на СЗ од Махмутли[15]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 706 771 1007 642 623 594 763 458 343
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди

Личности

уреди
  • Петър Тодоров (1888 – ?) — борец во МОО, четата на Христо Чернопеев[17]
  • Тодор Петров (1886 – ?) — борец во МОО, III чета на IV Битолска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[18]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. 4,0 4,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 237. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. 5,0 5,1 „Κοιμήσεως της Θεοτόκου Αηδονοχωρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 18 октомври 2019.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  8. 8,0 8,1 Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  9. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
  10. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 846.
  11. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
  12. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1041. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  15. 15,0 15,1 15,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  16. Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 713. ISBN 954-9800-52-0.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 566. ISBN 954-9800-52-0.