Димирџилер или Демирџилер (грчки: Σιδεράς, Сидерас; до 1927 г. Δεμιρτζιλέρ, Демирѕилер[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кожани на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 118 жители (2021).

Димирџилер
Σιδεράς
Димирџилер is located in Грција
Димирџилер
Димирџилер
Местоположба во областа
Димирџилер во рамките на Кожани (општина)
Димирџилер
Местоположба на Димирџилер во Кожанскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°27′N 21°44′E / 40.450° СГШ; 21.733° ИГД / 40.450; 21.733
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаКожани
Општ. единицаДимитриос Ипсилантис
Надм. вис.&10000000000000950000000950 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно118
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа околу 15 км северозападно од градот Кожани и околу 4 км јужно од селото Курџево, во јужните падини на Карталдаг, на надморска височина од 950 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во историските документи, Димирџилер за првпат се среќава во дефтер од 1568 г. за Леринската нахија под името Демирџилер со 23 муслимански семејства и 39 неженети.[4] Во селото биле запишани и 62 Јуруци.[4]

Во XIX век Димирџилер било турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Димирџилер (Dimirdjiler) било село во Џумалиската (Кајларската) каза со 15 домаќинства со 32 жители муслимани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Димирџилер имало 310 жители Турци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Демирџилер се води како чисто турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак со 65 куќи.[7]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Демерджилар (Δεμερτζιλάρ) живееле 325 Турци.[8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 395 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 446 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 69 бегалски семејства (вкупно 257 бегалци) од Понд, така што селото станало бегалска населба.[3][9] Во 1926 година, името на селото било променето во Сидерас (Σιδεράς), во превод „железо“.[2]

Стопанство

уреди

Населението произведува компири, тутун, жито и други земјоделски производи, а му внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 363 391 389 275 313 318 339 131 118
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 29 квадратни километри.[3] Општината Димирџилер била приклучена во општината Димитриос Ипсилантис во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани.

Селото припаѓа на општинската единица Димитриос Ипсилантис со седиште во селото Караагач, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Димирџилер, во кој е влегува и маалото Таракчилар.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 5 октомври 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 309.
  4. 4,0 4,1 Соколоски, Методија (1978). „Лерин и Леринско во XV и XVI век“ (PDF). Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Философски Факултет на Универзитетот (30): 219, 234. ISSN 0350-1892.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 98–99. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 62.
  8. Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 512, ISBN 9789601212951 Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30