Таракчилар (грчки: Κτενάς, до 1927 г. Ταρακτσιλάρ, Таракцилар[2]) — иселено село во Кожанско,[3] Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ на областа Западна Македонија, Грција. Веќе подолго време се смета за дел од Димирџилер.

Таракчилар
Κτενάς
Таракчилар is located in Грција
Таракчилар
Таракчилар
Местоположба во областа
Таракчилар во рамките на Кожани (општина)
Таракчилар
Местоположба на Таракчилар во општината Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°22.51′N 21°43.23′E / 40.37517° СГШ; 21.72050° ИГД / 40.37517; 21.72050
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожани
ОпштинаКожани
Надм. вис.&100000000000010200000001.020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно0
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено на јужните падини на планината Карталдаг, на надморска височина од 1.020 м.[4] Лежи на 21 км на северозапад од Кожани, на 29,5 км југоисточно од Кајлари и на 3 км источно од Димирџилер.

Историја

уреди

Селото традиционално било турско. На пописот од 1913 г. се води со 164 жители, сите Турци. Во 1918 г. по службена наредба престанало да биде самостојно и е припоено кон Демирџилер, иако продолжило да се попишува одделно. Во 1920 г. населението броело 211 жители.[5] По иселувањето на Турците по сила на Лозанскиот договор, во 1923 г. во Таракчилар биле доведени грчки семејства од Мала Азија.[6] Во 1928 г. нивниот број изнесувал 162 жители.[5]

Таракчилар е напуштен на почетокот на 1970-тите, за во 1971 г. да се сведе на само 29 жители.[5] Камените куќи се оставени на забот на времето, а се одржува само црквата „Св. Димитриј“. Во наредните пописи неговото население се вбројувало во склоп на Демирџилер, а во 2011 г. е попишано одделно како село без ниеден жител.[7]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 141 166 178 39 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Во атарот на Таракчилар работат неколку сточарски фарми со кои стопанисуваат одгледувачи од Димирџилер. Населението традиционално одгледувало тутун, компири и други земјоделски производи.[5]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 31 март 2019.
  3. „Δήμος Κοζάνης - Τοπική Κοινότητα Κτενά“. cityofkozani.gov.gr. Архивирано од изворникот на 31 март 2019. Посетено на 31 март 2019.
  4. „ΚΤΕΝΑΣ (Οικισμός) ΚΟΖΑΝΗ - GTP“. gtp.gr. Посетено на 31 март 2019.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 327. ISBN 9989-9819-5-7.
  6. „Εγκατάσταση προσφύγων - Γραφείο Κοζάνης | lithoksou.net“. www.lithoksou.net. Архивирано од изворникот на 24 март 2019. Посетено на 28 март 2019.
  7. «ΦΕΚ αποτελεσμάτων ΜΟΝΙΜΟΥ πληθυσμού απογραφής 2011», σελ. 10546 (σελ. 72 του pdf)