Полигамија (старогрчки: — повеќе бракови) или многубрачиебрачна врска од една личност со повеќе сопрузи или сопруги. Постојат три специфични видови на полигамија: полиандрија (кога жена има повеќе од еден сопруг) и полигинија (кога маж има повеќе од една сопруга), и групен брак (некоја комбинација на полиандрија и полигинија). Спротивноста на полигамија е моногамија.

Селскиот поглавица со неговите жени, Гвинеја, околу 1910 г.

Полигинија е најчестиот вид на полигамија. Во традиционалната смисла и денес се применува во многу африкански култури, вклучувајќи Јужна Африка, и поголемиот дел на јужна и средишна Африка.

Братска полиандрија традиционално се применувала меѓу номадските тибетски племиња, како и во Непал, и делови на Кина. Оваа врста на полиандрија значи дека два или повеќе браќа делат една жена. Не-братска полиандрија се случува кога сопрузите на жената не се роднини, како меѓу Најар луѓето во Индија. Во овој случај, една жена зема повеќе љубовници. Жените остануваат во своите мајчински домови, живеат со своите браќа, и имотот се пренесува матрилинеарно. Вид на ваква полиандрија има меѓу Мосуо луѓето во Кина.