Јато

група птици или риби насобрани заедно

Јато — група птици или риби од ист вид што живеат или се движат заедно, или воопшто, со малку преносно значење, група предмети.[1] Основното значење на јатото е поголема група птици во лет или група риби додека пливаат. За птиците или рибите во јато, обично се подразбира дека додека летаат или пливаат се подредени една зад друга во специфичен облик погоден за подолги патувања. Овој поим најчесто се употребува за птиците преселници, како и за рибите кои се движат заедно за заштита и патување.

Јато лилјаци на Тајланд

Јатото може да означува и група цицачи, како на пример, лилјаци и делфини.

Јато птици

уреди
Јато обични сколовранци во Рим

Причините за собирање во јато се: полесно пронаоѓање храна, заштита од грабливки, полесна навигација за време на преселбите и размена на важни податоци. Птиците за време на летот го следат правецот на водачот, движејќи се нанапред во насока на движењето на соседот. Птиците се способни да го следат движењето на седум свои соседи. Кога ја менуваат насоката на летот, тоа прво го прават птиците од надворешниот дел на јатото и тоа го пренесуваат на оние што се во внатрешниот дел. Било која птица може да ја смени насоката на летање. Големите птици што прелетуваат многу долги растојанија, како гуските и пеликаните, создаваат формации во облик на буквата V. Таквиот лет овозможува секоја птица да го искористи воздушното струење кое го произведува птицата пред неа и така да заштеди 70% од силата. Затоа, водачот на јатото што ја нема таа можност, се менува. Најголемата птица што прави јато е фламингото.

Јатото може да достигне големи височини. На пример, забележан е лет на лебеди на висина од 8.800 метри.

Јатото на птиците им овозможува и заштита од грабливки. Повеќе единки полесно ќе воочат некој натрапник отколку ако птицата е сама. А при напад, грабливката ќе мора да води сметка да не влета во јатото кое може да го повреди. Затоа ќе се обиде да ја растера групата и да ја грабне птицата што ќе заостане.

Од истата причина вакви вртложни облаци созадаваат и лилјаците. Едно од најпознатите јата го чинат милиони поединци на островот Борнео кои ја населуваат Еленската Пештера.[2]

Јато риби

уреди
 
Јато харинги за време на преселба кон Балтичко Море.

Рибите се собираат во јата најпрво заради заштита од грабливки. Освен што групата риби полесно ќе го воочи грабливецот отколку единката, јатото го збунува напаѓачот со менување на обликот и големината, собирајќи се и раширувајќи се. Кај скушите, на пример, светлината различно се одбива од нивниот темен грб и светол стомак, што предизвикува треперење кое дополнително го збунува напаѓачот. Освен ова, јатото може да изведе различни маневри и да образува формација во облик на U, па рибите ќе пројурат до самиот напаѓач, па дури може и да го приклештат. Понекогаш и различни видови риби се обединуваат во јата.

Јатото риби се движи многу усогласено така што прилегаат на единствено тело. Членовите на јатото не се судираат и го држат секогаш истото растојание меѓу себе, гледајќи во најблискиот сосед.

И грабливите риби, како туната, на пример, создаваат јата бидејќи така им се поголеми шансите за улов. Делфините образуваат топчесто јато, каде движењето им е ограничено, па така стануваат полесен плен.

Создавањето јато има и свои недостатоци, како што се: ширењето болести, и помалку храна. Се случува, јатото да се собира само дење, а ноќе да се растура.[2]

Јато во небиолошка смисла

уреди

Поимот јато го употребуваме и за група ѕвезди - ѕвездено јато. Може да се употреби и за група авиони: јато авиони. Или пак, сосема со преносно значење кога за луѓето ќе кажеме дека се прибираат во „своето јато“ - меѓу своите.[1]

Други видови групирања

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Дигитален речник на македонскиот јазик http://www.makedonski.info/show/%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%BE/%D1%81%D1%80
  2. 2,0 2,1 Политикин забавник, број 2979, датум: 13. 3. 2009. „И водено и небеско“, страна 58-59. Издава и печати: Политика АД.
  3. Дигитален речник на македонскиот јазик http://www.makedonski.info/search/%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BF%D0%B0
  4. Дигитален речник на македонскиот јазик http://www.makedonski.info/search/%D0%BA%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80
  5. Дигитален речник на македонскиот јазик http://www.makedonski.info/search/%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%BE
  6. Дигитален речник на македонскиот јазик http://www.makedonski.info/search/%D1%80%D0%BE%D1%98

Надворешни врски

уреди