Воспитување
Воспитувањето е процес на планско и системско усовршување на сензомоторни, интелектуални, емоционални, морални и духовни својства и способности на детето, но и на возрасниот. Како облик на социјализација, воспитувањето е насочено кон формирање на однесувањето во социјално посакуваната насока. Овој процес може да биде поединечен или групен. Сспоред својот предмет, воспитувањето може да биде физичко, интелектуално, морално, естетско или религиско.[1]
Појдовна точка во разгледување на воспитувањето и образование се состои во тоа што двата процеса меѓусебно се поврзани но се истакнува дека воспитувањето е поширок и по сеопфатен поим и процес кој во себе неминовно и кординирано го содржи процесот на образованието. Поточно може да се каже дека воспитувањето е педагошко делување на сите сфери на човековото битие, насочено на изградба и формирање на човечката личност во поширока сфера спаѓа и образованието. Обреазованието, всушност е дел од процесот на воспитување кој е насочен на стекнување на знаења и развој на практично способни личности. Иако овие два процеса се строго условени и се меѓусебно кординирани, во науката и теоријата за образованието и и воспитувањето тие се разгледуваат и проучуваат како посебни и основни педагошко-андрагошки поими и процеси. Бебето на свет доаѓа со потернцијали кои и овозможуваат да ги развива во одреден правец. Бебето е суштество во настанување.
Белези на човечкиот вид
уредиОд овој биолошки дефицит произлегуваат два белега на човечкиот вид: воспитливост - можност да се биде воспитан. Бебешката недовршеност отвора големи можности во развојот во смисла на доменот и во смисла на разновидноста ; потребаа\неопходност од воспитување воспитувањето е многу важен чинител во процесот на развојот на бебето кое доаѓа на свет. Бебето по наследен пат донесува одредени органи за говор, тоа не е доволно бебето да зборува. Низ интеракција со другите луѓе тоа ќе може да развие свој потенцијал. Со историскиот развој на општеството и промени во производството, низ индустријализација, доаѓа до промени во семејството. Економските и општествените процеси, како последица, ја смениле производната функција во семејството и довеле до промена во нејзината положба и структура. Кога е во прашање предшколското воспитување и развој, се јавува потреба децата на вработените родители да се згрижат.
Наводи
уреди- ↑ Оваа статија ,или еден негов дел,изворно се преземени од књигата на Иван Видановиќ ,, Речник социјалног рада " со одобрување на авторот .