Делменхорст (германски: Delmenhorst; долногермански: Demost) — слободен град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Делменхорст

Delmenhorst

Градското собрание на Делменхорст
Градското собрание на Делменхорст
Градското собрание на Делменхорст
Знаме на Делменхорст
Грб на Делменхорст
Делменхорст во рамките на Германија
Делменхорст
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Урбан округ
Градоначалник Аксел Јанц (СДП)
Основни податоци
Површина 62,36 км2
Надм. височина 7 м
Население 78.385 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.257 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DEL
Пошт. бр. 27747, 27749, 27751, 27753,27755
Повик. бр. 04221
Портал www.delmenhorst.de
Местоположба на градот Делменхорст во рамките на Долна Саксонија
Карта
Карта
Координати 53°03′2″N 8°37′54″E / 53.05056° СГШ; 8.63167° ИГД / 53.05056; 8.63167

Има население од 77.000 жители и се наоѓа 10 километри западно до градот Бремен со кој создава непрекината урбана област, додека градот Олденбург се наоѓа 25 километри северозападно. Припаѓа на метрополитенската област Северозапад.

Географија

уреди

Местоположба

уреди
 
Административна поделба на Делменхорст

Делменхорст се граничи на запад со Бремен и се наоѓа на околу 35 километри југоисточно од Олденбург. Низ градот тече реката Делме и на исток и североисток се граничи со потоците Клостербах, Фарелер Беке и Охтум.

Градски единици

уреди

Делменхорст благодарение на силната индустријализација и стопанскиот подем, на 1 мај 1903 година станал „град од прва класа“, односно слободен град. Во тоа време градот бил составен од единиците Дистернорт, Шафковен и Хаспорт. Делменхорст се пртегал во 1910 година на површина од 19,56 км².[2] Во 1933 година се припоиле денешните градски единици Аненхајде, Аненриде, Бунгерхоф, Ипрумп и Штикграс. За градот постоеле повеќе можности да се проширува во површина.[3] Повеќе нови населби биле подигнати по војната за да се обезбеди станбени единици за бегалците од поранешните германски територии. Во 1974 година, Хасберген се припоил со долносаксонската административна реформа кон Делменхорст и со тоа градот ја добил денешната површина од 62,36 км².[4]

Градот Делменхорст за статистички цели е поделен на десет градски единици:

Службен број Име на единицата Жители
(2010)[5]
Места и четврти
во рамки на единицата
1 Мите 7.791 Мите/Норд, Мите/Вест, Банхофштрасе, Мите/Ост, Викхорн
2 Дајхорст 10.7550 Тиргартен, Ланге Ванд, Каспари
3 Двоберг/Штреен 8.327 Штреен Норд, Лесингштрасе, Ханзафиртел
4 Бунгерхоф 6.915 Дајхаузен, Нојендел, Хасберген, Шенеморер Штрасе, Дајхојзер Хајде
5 Шафковен/Донереш 10.0580 Шохасберген, Нордволе, Тапенорт
6 Ипрумп/Штикграс 5.516 Емсхоп, Бремер Штрасе
7 Штикграс/Аненриде 10.6210 Штефанусштрасе, Тифес Мор, Ан дер Риде Норд, Ан дер Риде Зид, Хаспорт
8 Хаспорт/Аненхајде 4.144 Хаспортзе, Аненхајде Вест, Аненхајде Ост
9 Дистернорт 7.632 Штадион, Дистернорт Зид
0 Брендел/Аделхајде 5.415

Местата и четвртите во рамки на единицата имаат само административен карактер и не се наоѓаат во секојдневниот говор на жителите. Од страна на жителите се користат имињата Албертусхоф, Брандхефен, Брикенеш, Хајдкруг, Хулен, Моркамп, Зандхаузен, Шлутер, Танен, Вестерфелд, како и проблематичниот четврт Волепарк.

Историја

уреди
 
Делменхорст во 1647 година
 
Релјеф од замокот на Бургинзел

Делменхорст бил првпат споменат во документ во 1254 година, откако грофот Отон I од Олденбург, купил имот близу реката Делме во 1234 година. На новосоздената населба бил подигнат замок околу 1247 година. Следниот гроф, Отон II, го направил замокот негова резиденција; Делменхорст бил прогласен за слободен град на 15 јули 1371 година.

По краток период на управа од епископот на Бремен од 1421 до 1436 година, Делменхорст се вратил под управа на Олденбург. Делменхорст подоцна станал злогласен под водство на грофот Герхард VI. Неговото владеење завршило во 1482 година благодарение на опсадата на замокот под водство на епископот на Минстер. Потоа, градот бил управа на Минстер, додека грофот Антон I не го освоил повторно градот, како и замокот во 1547 година.

Кога последниот наследник на Антон, Кристијан, починал во 1647 година, Делменхорст повторно потпаднал под управа на Олденбург. Бидејќи самиот Олденбург припаднал на данските кралеви и регентот на Олденбург бил роднина на данскиот крал, Делменхорст бил под данска контрола.

Во 1767 година, Делменхорст бил купен од царицата Катарина II, но бил предаден на Олденбург во 1773 година. Во 1777 година, Делменхорст бил прогласен за војводство на Олденбург. Во 1806 година, француската и холандската војска ја окупирале територијата; Делменхорст бил дел од Француското Царство на Наполеон од 1811 до 1813 година.

Во индустриското доба, Делменхорст доживеал голем стопански подем, благодарение на Бремен. Бидејќи Бремен бил во различна царинска зона, трговците кои сакале да извезуваат произведени добра надвор од Бремен морале да плаќаат високи царински такси. Затоа, тие единствено ги извезувале ресурсите и ги произведувале нивните производи во околните села.

Во 1903 година, Делменхорст станал слободен град, што значело дека има своја управа и не припаѓал на ниеден друг округ. Во 1930-тите години, Големата депресија го погодила градот, но сепак растел, вклучувајќи неколку помали села околу него. На Кристалната ноќ во ноември 1938 година, синагогата била запалена од нацистите, кои дошле во Германија во 1933 година. По Втората светска војна, Делменхорст бил во британската окупациска зона и морал да се справува со илјадници бегалци од Источна Германија, која сега била окупирана од СССР. Градоначалник поставен од Британеците во текот на британската окупација бил мајор Џек Волф. Во 1950 година во градот живееле повеќе од 57.000 жители.

Од 1960-тите години имало постојан пад во вработеноста, оставајќи повеќе од 13% од граѓаните невработени и скоро 7% да живеат на социјална помош. Во 2000 година, Делменхорст бил дел од хановерскиот Експо 2000.

Политика

уреди

Градски совет

уреди
 
Проблематичниот четврт „Волепарк“

Градскиот совет се состои од 44 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 75.001 и 100.000 жители.[6] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Партии и листи Удел Места
SPD Социјалдемократска партија 31,6% 14
CDU Демохристијански сојуз 23,4% 10
AfD Алтернатива за Германија 15,2% 7
Зелени Сојуз 90/Зелени 7,2% 3
FDP Слободна демократска партија 7,4% 3
UAD Неопределени Делменхорст 5,0% 2
Linke Левица 4,0% 2
Bürgerforum Граѓански форум 3,2% 1
Piraten Пиратска партија 1,9% 1
FW Слободни гласачи 1,2% 1
Вкупно 100% 44
Излезност: 44,8%

Излезноста на гласачите на општинските избори во 2016 година била 44,8%.[7]

Градоначалник

уреди

На последните избори за градоначалник на 25 мај 2014 година победил Аксел Јанц (SPD).

Список на претходни градоначалници биле:

Збратимени градови

уреди

Делменхорст е збратимен со следниве градови:[8]

Главни знаменитости

уреди

Знаменитост на градот е комплексот на водокулата близу Градското собрание, изградено од 1910 до 1914 година од архитектот Хајнц Штофреген.

Друго интересно место е Бургинзел (Островот Замок), на кој се наоѓал стар замок во средниот век. Градбата била срушена во текот на XVIII век, а денес таму постои парк наречен Графт.

Индустриската историја на градот е прикажана во музејот „Нордволе“.[9]

Познати луѓе

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Gemeindeverzeichnis.de – Herzogtum Oldenburg
  3. „Internetpräsenz der Stadt Delmenhorst, Stadtgeschichte. Архивирано од изворникот на 2018-03-10. Посетено на 2021-07-15.
  4. „Internetpräsenz der Stadt Delmenhorst, Zeittafel. Архивирано од изворникот на 2018-03-10. Посетено на 2021-07-15.
  5. „PDF-Datei der Statistikdatenbank der Stadt Delmenhorst“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-24. Посетено на 2021-07-15.
  6. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
  7. „Die CDU holt landesweit die meisten Stimmen“. Internetseite des NDR. 2016-09-12. Посетено на 2017-02-26.
  8. „Stadt Delmenhorst – Leben in Delmenhorst – Partnerstädte“. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 2014-11-16.
  9. „ERIH- Nordwolle“. European Route of Industrial Heritage. 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-22. Посетено на 17 January 2015.

Надворешни врски

уреди