Тимотеј Дебарско-кичевски

македонски митрополит

Тимотеј Дебарско-кичевски (20 октомври 1951 - 25 ноември 2024) — македонски владика, митрополит на Дебарско-кичевската епархија, МПЦ-ОА.

Тимотеј


Дебарско-кичевски
Дебарско-кичевски митрополит
На должноста
1995 – 2024
Претходник Ангелариј
Австралиско-сиднејска митрополит
На должноста
2012 – 2024
Претходник непознато
Наследник нема
Австралиско-новозеландски митрополит
На должноста
1981 – 1995
Претходник непознато
Наследник Петар
Лични податоци
Роден(а) Славе Јовановски
20 октомври 1951(1951-10-20)
Младо Нагоричане, НР Македонија, ФНРЈ
Починал(а) 25 ноември 2024(2024-11-25) (возр. 73)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди
 
Митрополитот Тимотеј со амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер, во посета на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, 2009 година.

Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско со световното име Славе Јовановски.[1] Во 1976 година дипломира на Богословскиот факултет. Потоа работ како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот е испратен во Рим каде што ги завршува ориенталните студии и магистрира. На богословскиот факултет во Скопје извесно време работи како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.

Монашки потстриг прима на 10 септември 1981 година во Бигорскиот манастир, а на следниот ден е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. На 13 септември истата година е ракоположен за јеромонах во Кичевскиот манастир, а за архимандрит е произведен во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Битола[2].

По изборот за епископ на 20 септември 1981 година хиротонисан е за архијереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година е Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 година, потоа со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски[3] сè до неговата смрт во 2024 година.[4]

Наводи

уреди
  1. „Вест, Сите владици на Синодот, Година: 2, Број:592, Сабота, 6/29/2002“. Архивирано од изворникот на 2016-09-22. Посетено на 2013-02-17.
  2. „ИСТОРИЈАТ НА ДЕБАРСКО–КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА“. Архивирано од изворникот на 2014-08-17. Посетено на 2013-02-17.
  3. „http://www.bigorski.org.mk“. Архивирано од изворникот на 2013-05-03. Посетено на 2013-02-17. Надворешна врска во |title= (help)
  4. „Почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј“. Нова Македонија. 25 ноември 2024. Посетено на 25 ноември 2024.