Австралиско-сиднејска епархија
Австралиско-сиднејска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за дел од територијата на Австралија, За почеток на оваа епархија се смета 2012 година кога било регистрирано здружение на граѓани кое не ја признавала администрацијата на владиката Петар.
| |
Основач | МПЦ |
Независност | 2012 |
Признавање | православие |
Поглавар | Тимотеј |
Седиште | Сиднеј |
Територија | Австралија, Нов Зеланд, Азија |
Власт | |
Јазик | македонски, старословенски |
Верници | |
Портал |
Проблемите и создавањето на епархијата
уредиАвстралиско-сиднејската епархија потекнува од Австралиско-новозеландската епархија во која имало големи недоразбирања за концептот и мислењето на црквите, парохиите и црковните општини, односно меѓу оние што сакаат да имаат литургиски живот и не сакаат да ги мешаат работите што се однесуваат на културниот живот. Во одделни црковни општини не сакаат да посветат внимание на литургискиот живот и на верата и се занимаваат во други активности што за Австралија не се задолжителни да се случуваат во црквата бидејќи има мвногу одделни друштва и организации што се занимаваат со тие нешта. Станува збор за две концепции на луѓе што се организирани во црквите и црковните општини - едните што сакаат да бидат и да останат како компании и инкорпорирани асоцијации, а другите што сакаат имотот на црквите да биде во доверба на Македонската православна црква. Поради тоа голем дел на црковни општини не го признаваат Петар за митрополит и се водат самите себе. Поради тоа МПЦ-ОА на еден собир свикан во 2012 година донел одлука епархијата да се подели на 2 посебни епархии. Едната би го задржала името Австралиско-сиднејска, а другата би се викала Епархија за Канбера, Австралија и Тасманија. Со двете епархии би раководел еден митрополит. Ова решение е сè уште во мирување.[1] Подоцна едната епархија е наречена Австралиско-сиднејска. Во февруари 2016 година светиот Синод на МПЦ-ОА донел одлука оваа епархија да биде формирана, со што се решил спорот кој траел 20 години.[2]
Наводи
уреди- ↑ МПЦ ја подели Австралиско-новозеландската епархија[мртва врска]
- ↑ „Историско формирање на Австралиско-сиднејската епархија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-01. Посетено на 2016-02-25.