Австралиско-новозеландска епархија

Австралиско-новозеландска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за териториите на Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив. Од 1995 година администратор на епархијата е митрополитот преспанско-пелагониски Петар.

Австралиско-новозеландска епархија

Основач МПЦ
Независност
Признавање православие
Поглавар Петар
Седиште
Територија Австралија, Нов Зеланд, Азија
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал http://www.mpceanz.org.au/

Проблемите во епархијата

уреди

Во Австралиско-новозеландската епархија има недоразбирања за концептот и мислењето на црквите, парохиите и црковните општини, односно меѓу оние што сакаат да имаат литургиски живот и не сакаат да ги мешаат работите што се однесуваат на културниот живот. Во одделни црковни општини не сакаат да посветат внимание на литургискиот живот и на верата и се занимаваат во други активности што за Австралија не се задолжителни да се случуваат во црквата бидејќи има многу одделни друштва и организации што се занимаваат со тие нешта. Станува збор за две концепции на луѓе што се организирани во црквите и црковните општини - едните што сакаат да бидат и да останат како компании и инкорпорирани асоцијации, а другите што сакаат имотот на црквите да биде во доверба на Македонската православна црква. Поради тоа голем дел на црковни општини не го прознаваат Петар за митрополит и се водат самите себе. Поради тоа МПЦ-ОА на еден собир свикан во 2012 година донел одлука епархијата да се подели на 2 посебни епархии. Едната би го задржала името, а другата би се викала Епархија за Канбера, Австралија и Тасманија. Со двете епархии би раководел еден митрополит. Ова решение е сè уште во мирување.[1] Подоцна едната епархија е наречена Австралиско-сиднејска.

Цркви

уреди

Епархита е доста активна и има големо членство. поделена е на 7 намесништва и има 3 манастири. Најнова црква во епархијата (сост. 2016) е црквата „Св. Троица“ во Сатерленд, која е првата македонска гробјанска црква во светот, надвор од Македонија.[2] Под оваа епархија спаѓа и црквата-параклис „Св. Никола“ во Кабул, Авганистан.[3]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди