Петар I Петровиќ Његош
Петар I Петровиќ Његош, канонизиран како Свети Петар Цетиски (Црна Гора, 1748 — Цетиње, Црна Гора, 1830) бил црногорски владетел и митрополит од 1782 до 1830 година. Тој потекнувал од куќата Петровиќ-Његош, а негови родители биле Марко и Ангелија (по татко Мартиновиќ).
Петар I Петровиќ Његош | |
---|---|
владика на Црна Гора | |
На престол | 1782-1830 |
Наследник | Петар II Петровиќ Његош |
Династија | Петровиќ-Његош |
Петар, во 1779 година бил во црнагорската делегација која ја посетила Виена. Петар бил хитотонисан за владика во Сремски Карловац. од страна на карловачкиот митрополит Мојсије Путник во 1784 година. Владиката Петар починал во Цетиње, а неговиот наследник Петар II на 18 октомври го канонизирал. Владиката Петар I Петровиќ Његош станал Свети Петар Цетињски.
Рани години
уредиПетар I Петровиќ Његош е роден во 1748 година во Катунската нахија кај Његушкото племе. Тој потекнувал од куќата Петровиќ-Његош, а негови родители биле Марко и Ангелија (по татко Мартиновиќ).
Околу 1760 година, Петар се замонашил, а на 17 годишна возраст станал ѓакон. Во 1779 година заминал на школување во Руското царство. Петар, во 1779 година бил во црнагорската делегација која ја посетила Виена, престолнина на Хабсбуршката монархија каде што било побарано покровителство и финансиска помош за Црна Гора од царицата Марија Терезија
По убиството на Шќепан Мали и именувањето на Арсениј Пламенец за владика (кој не бил од куќата Петровиќ-Његош) во Црна Гора повторно дошло до голема племенска анархија. По смрта на Арсениј, владичкиото достоинство го презел Петар, а требало да биде хиротонисан во Русија, меѓутоа бидејќи учествувал во црногорската делегација која ја посетил Виена, бил жигосан како хабсбуршки човек. Петар бил хитотонисан за владика во Сремски Карловац (по укинувањето на Пеќската патријаршиоја овој град станал културен и врески центар на Србите) од страна на карловачкиот митрополит Мојсије Путник во 1784 година.
Од Карловац, Петар заминал за Русија на прием кај руската царица Катерина II со цел да ги нормализира односите со рускиот двор кој биле нарушени за време на владеењето на Шќепан. Владиката Петар и неговиот иден секретар Франческо Долчи наишле на нељубезен прием, а кнезот Григориј Потемкин го протерал владиката од Санкт Петербург. Царицата сепак издала наредба за враќање на владиката пред тој да ја напушти руската земја. И покрај ладниот пречек од страна на рускиот двор, владиката Петар по враќањето во својата татковина истакнал дека: Оној кој е против Русија, тој е против сите Словени.
Борби со Османлиите
уредиДодека владиката Петар во 1785 година престојувал во Русија, црногорската земја била нападната од скадарскиот паша Кара Махмуд Бушатлија кој тврдел дека потекнува од црногорскиот санџакбег Скендербег Црнојевиќ и на тој начин сакал да ги оправда своите претензии кон Црна Гора. Бушатлија со својте сили успеал да се пробие до Цетиње каде што го запалил Цетињскиот манстир, а тоа бил последниот пат кога Османлиите со оружје дошле во Цетиње. По походот на Кара Махмуд, состојбата во Црна Гора била тешка. Османлиите и понатаму и се заканувале на црногорската земја, а завладеале гладот и анархијата.
Црногорците неколкупати побарале помош од Руското царство и Хабсбуршката монархија, но никој не се смилувал. Состојбата се изменила со започнувањето на Руско-турската војна кога виенскиот двор сакал да ја добие довербата на Црногорците за борба против Османлиското Царство. Во март 1788 година, во Црна Гора прситигнала една хабсбуршка длегеција на чело со капетанот Филип Вукасовиќ, а набргу потоа и Русите испратиле свој претставници во Црна Гора. Набргу помеѓу сојузниците односи биле расипани и Вукасовиќ бил принуден да ја напушти Црна Гора. Руското царство ги повлекло своите претставници, а црногорската земја како сфера на влијание била препушена на виенскиот двор. Во воените акции, Црногорците примениле дефанзивана тактика и одбиле неколку помали османлиски напади. Како што војната се доближувала кон својот крај, Црногорците започнале дејност за вклучување на Црна Гора во мировниот договор, а била испратена и една претставка до виенскиот двор. Со мировниот догово во Свиштов (1791) и Јаш (1792) војната завршила. Со Свиштовскиот договор на Црногорците им била дадена амнестија. Во сите овие случувања значајна улога играл владиката Петар [1][2].
По потпишувањето на Свиштовскиот договор, Османлиите повторно ја нападнале црногорската земја. Во пролета 1792 година, започнале нападите. Османлиите извршиле еден сериозен напад со 4 000 луѓе но биле поразни. Скадарскиот паша Кара Махмуд Бушатлија ги одбил исте предлози на владиката Петар за мир. Во летото 1796 година, Кара Махмуд Бушатлија со 20 000 војници ја нападнал Црна Гора. Османлиските сили биле пречекани од 3 000 Црногорци и во Битката кај Мартиниќ на 11 јуни, Османлиите биле поразени, скадарскиот паша бил ранет. Кара Махмуд Бушатлија не се откажал од својата намера да ја покори црногорската земја и почнал да подготвува своја одмазда. Во септември истата година, скадарскиот паша повторно ја нападнал Црна Гора. Навлегувањето на Османлиите се одвивало од три правци. Главната војска се состоела од околу 23 000 луѓе. Црногорската војска која се спротивставил на овој турски одред била поделена на два дела под команда на владиката Петар и гувернадурот Радоњиќ. Одлучувачката битка се одиграла на 22 септамври кај Крусим. Османлиите биле целосно поразени, а Кара Махмуд Бушатлија загинал во битката. Со оваа биорба, дошло до зацврстување на морално-политичкото единство на Црна Гора, а османлиското влијание целосно било одстрането.
По победата на над скадарскиот паша, владиката Петар си ја зацврстил својата позиција како прва личност во црногорската земја и започнал внатрешни реформи. Во 1798 година, бил донесен првиот пишан закон во земјата, кој бил проширен во 1803 година од страна на Народното собртание во Цетиње. Со овој закон бул формиран суд кој бил именуван како „Правитељство суда црногорског и брдског“.
Судир со Наполеон
уредиВо 1806 година, силите на Наполеон Бонапарт се обиделе да ја зацврстат франацуската власт во Црна Гора преку напредување во Которскиот Залив. Војската на владиката Петара, засилена со руски одреди и со помош на руската флота под команда на адмиралот Сењавин, ги протерале Французите сè до Дубровник.
Рускиот цар Александар I се обидел да го убеди владиката Петар да ја отстапи Бока Которска на Хабсбуршката монархија, меѓутоа владиката им наредил на црногорските сили да се зацврстат воХерцег Нови. Александар I ја променил својата позиција помаѓајќи им на Црногорците во освојувањето на Корчула и Брач. Поматамошното напредување на Црногорците било спречено со доѓањето на француската флота, а руската флота морала да се повлече за ги брани Јонските Острови.
Во 1807 година бил потпишан договорот од Тилиз со кој непријателствата помеѓу Руското царство и Франција биле прекината, а Бока Которска им била остапена на Французите. Во војната помеѓу 1807-1812 година, османлиските сили со помош на француски одреди ги нападнале Црна Гора и Брдската област, меѓутоа не успеале да ги освојат. Владиката Петар одржувал постојани контакти со Караѓорѓе Петровиќ за време на Првото српско востание и со српскиот водач склучил сојуз за заедничка борба против Османлиите и ослободување на Србија од нивната власт.
Во 1813 година, со помош на Руското Царство и Британската Империја, Црногорците повторно ја освоиле Бока Которска, меѓутоа подоцна морале да ја отстапат на Хабсбуршката монархија. Во овој период, настапил атешка состојба во Црна Гора, околу илјада Црногорци починале од глад, а стотина емигрирале во Србија и Русија.
Наследство
уредиПетар I Петровиќ Његош имал план за создавање на една словенска држава (т.н словено-српска држава) во која требало да влезат Босна, Србија, Херецеговина, Црна Гора и Бока Которска со престолнина во Дубровник. Според планот, рускиот цар требало да биде владетел на оваа државна творба, а владиката Петар да биде негов совладетел. Меѓутоа политички услови за остварување на тој план немало и тој останал само на хартија.
Владиката Петар I за свој наследник го подготвувал Ѓорѓија Савов Петровиќ, меѓутоа тој се посветил на воениот живот. На 20 јануари 1827 година за наследник бил прогласен Раде Томов Петровиќ, идниот Петар II Петровиќ Његош.
Во 1830 година, владиката Петар починал во Цетиње, а неговиот наследник Петар II на 18 октомври го канонизирал. Владиката Петар I Петровиќ Његош станал Свети Петар Цетињски.
Извори
уредиНадворешни врски
уреди- Пројекат Растко: Свети Петар Цетињски Архивирано на 24 декември 2013 г.
- славено-сербска држава