Цетински манастир
Цетински манастир е еден од најзначајните манастири на Српската православна црква. Се наоѓа на Цетиње, а припаѓа на црноногорско-приморската митрополија. Посветен е на празникот Рождество на Пресвета Богородица. Првобитно бил подигнат во 1484 година, како нов катедрален манастир на Зетската митрополија.[1] Во раздобјето од 1493 година до 1496 године, при овој манастир работела познатата Цетинска печатница, најстара печатница во српските земји.[2] Стариот манастир настрадал во 1692 година од Млечаните при доаѓањето на Сулејман паша,[3] [4] после што од митрополотот скендериско приморски Данило Петровиќ, бил подигнат нов манастирски комплекс, кои во повеќе наврати бил доградуван. Во манастирот се чуваат бројни културни добра.
Цетински манастир Цетињски манастир | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Цетиње, Црна Гора |
Припадност | Српска православна црква |
Духовно-организациски статус | Црногорско-приморска митрополија |
Архитектонски опис | |
Завршен | 1701–1704 |
Наводи
уреди- ↑ Јанковић 1984, стр. 199-204.
- ↑ Медаковић 1993, стр. 425-440.
- ↑ Буровић, Каплан (2014). Скадар, pp. 46. Ниш: Штампарија Викторија.
- ↑ Станојевић 1975c.