Холандски гулден

(Пренасочено од Гулден)

Холандски гулден или холандски флорин (хол. Nederlandse gulden) (ISO 4217: NLG бројчен код: 528) е поранешна национална валута на Холандија.

Холандски гулден
Nederlandse gulden (холандски)
ISO 4217
КодNLG
Составници
Подединица
 1/100Цент
Множинагулдени
Центценти
Симболƒ или fl.
Банкнотиƒ5, ƒ10, ƒ25, ƒ50, ƒ100, ƒ250, ƒ1000
Монети
 Чести5c, 10c, 25c, ƒ1, ƒ2½, ƒ5
 Ретки1c (повлечен на 1 март 1983, ½c, 2½c повлечен 1948)
Демографија
Корисник/ци Холандија (до 2002)
 Холандски Антили (до 1940)
 Суринам (до 1962)
 Белгија (до 1832)
 Луксембург (до 1839)
Издавач
Централна банкаDe Nederlandsche Bank
 Мреж. местоwww.dnb.nl
ПечатарJoh. Enschedé
 Мреж. местоwww.joh-enschede.nl
КовачницаKoninklijke Nederlandse Mint
 Мреж. местоwww.knm.nl
Вредност
Инфлација2,6%
 Изворworldpress.org, 2000 est.
ЕРМ
 Од13 март 1979
 Врзан курс од31 декември 1998
 Заменета со €, неготовински1 јануари 1999
 Заменета со €, готовински1 јануари 2002
=ƒ2.20371

На 1 јануари 1999 год. тој бил заменет од еврото као сметководствена валута. Замената на парите во оптек била извршена на 1 јануари 2002 година. Како законско срдство за плаќање гулденот важел до 28 јануари 2002 година.

Ознаката на валутата ƒ потекнувала од една постара валута - флорин (хол. florijn).

Историја

уреди

Грофот Вилхелм V од Холандија и Зеланд прв ги исковал гулдените во Холандија во 1378 година. Поедини кнезови исто така ковале гулдени. Холандската држава настанала во 1581 г. со основањето на Републиката на седумте обединети провинции. Гулдените во Холандија биле ковани од 1601 година. Во 1814 година бил преуреден монетарниот систем во Обединетото Кралство Холандија.

Холандската национална банка прва во Холандија почнала да печати хартиени пари. Овие банкноти станале законско средство за плаќање во 1904 година.

Монети и банкноти од 1945 до 2000 г.

уреди

До воведувањето на еврото во оптек биле:

  • монети: 5 центи (Stuiver), 10 центи (Dubbeltje), 25 центи (Kwartje), 1, (Rijksdaalder), 5 гулдени
    Монетите од ½ цент биле повлечени од оптек во 1948 г.; оние од 1 цент биле укинати на 1 март 1983 г.
    Монетите од 5 гулдени во употреба биле воведени на 1 мај 1988 год.
  • банкноти: 10, 25, 50, 100, 250, 1000 гулдени
    Банкнотите од 20 гулдени важеле до 1970 год.; банкнотите од 5 гулдени биле повлечени од оптек во 1990 г.
    Банкнотите од 50 гулдени се појавиле во 1981 год., а оние од 250 гулдени во 1986 година.

Воведување на еврото

уреди

Курсот за размена изнесувал 1 Euro = 2,20371 NLG[1] . ISO 4217 ознаката на валутата била NLG. Монетите се разменувале до 1 јануари 2007, додека рокот за банкнотите е до 1 јануари 2032 г.

Гулденот, како валута, сè уште постои на Аруба (Арубиски гулден) и на другите холандски острови во Карибите (Холандскоантилски гулден).

Наводи

уреди
  1. „Rules for exchanging guilder notes“. De Nederlandsche Bank. Архивирано од изворникот на 2011-01-12. Посетено на 26 мај 2011.