Црква „Св. Петка“ - Горно Оризари
црква во селото Горно Оризари
Света Петка — македонска православна црква во скопското село Горно Оризари.[1] Црквата е посветена на Света Петка Римјанка и патронот се слави на 8 август.[2] Црквата е изградена од страна на жителите на Горно оризирари во 2005 година, но поради недостиг на средства иконостасот, камбанаријата и придружните објекти биле изградени десетина години подоцна. Кога комплетно било се завршено, црквата била осветена на 8 август 2015 година, лично од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Инаку црквата е изградена врз постар објект од 12 или 13 век од кој дел е зачуван и денес и е вклопен во новата црква. Зачуваниот дел е конзервиран од страна на конзерваторскиот центар од Скопје.[3]
Света Петка
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°03′41″N 21°24′33″E / 42.06139° СГШ; 21.40917° ИГД |
Место | Горно Оризари, Скопје |
Општина | Шуто Оризари |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка Римјанка |
Завршено | 2005 |
Осветување | 8 август 2015 |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Осветување на црква и Архиерејска Литургија во с. Горно Оризари“. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 2015-10-27.
- ↑ Ќе се освeтува црквата „Света Петка“ во Горно Оризари
Поврзано
уредиОваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |