Ѓорѓи II (Грција)
Ѓорѓи II (грчки: Γεώργιος Βʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων, Geórgios Βʹ, Vasiléfs ton Ellínon; роден на 19 јули 1890 во Атина– починал на 1 април 1947 во Атина) бил крал на Грција во периодот од 27 септември 1922 до 25 март 1924, како и од 3 ноември 1935 до 1 април 1947 година.
Ѓорѓи II Γεώργιος Βʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων | |
---|---|
Крал на Елините | |
На престол | 27 септември 1922 до 25 март 1924 и 3 ноември 1935 до 1 април 1947 |
Претходник | Константин I Република |
Наследник | Република Павле |
Почивалиште | 6 април 1947 Кралски гробишта, Грција |
Сопружник | Елизабета |
Династија | Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург |
Татко | Константин I |
Мајка | Софија |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Потпис |
Тој е син на кралот Константин I. Завршил воено училиште во Атина како и воена академија во Германија. Во Грција се вратил во 1920 година, а подоцна учествувал во војната со Турција. По детонацијата на неговиот татко, тој во 1922 година за првпат се качил на грчкиот престол.
Во првата година од неговото владеење се обидел да се отргне од противниците на својот татко и организирал суд. Се обидел да го распушти Револуционерниот комитет кој бил основан по бунтот на Николаос Пластирас и Стилијанос Гонатас, но не успеал и бил прогонет од земјата. За регентна земјата бил избран Павлос Кундуриотис. На 25 март 1924 година, Народното собрание донело одлука за промена на државното управување и Грција била прогласена за претседателска република. На референдумот кој бил одржан подоцна, формално кралската династија била укинета.
На 10 октомври 1935 година во грчкиот парламент во присуство само на 82 пратеници била донесена одлука за враќање на монархијата како форма на управување. На 3 ноември истата година бил одржан референдум и одлуката на парламентот била потврдено. На 25 октомври 1935 година крал Ѓорѓи II се вратил во земјата. На 18 март 1936 година по смртта на премиерот Константинос Демердзис, кралот мандат му дал на Јоанис Метаксас. Така започнал т.н. Период на диктатурата на Метаксас.
По германскиот напад над Грција (1941) кралот Ѓорѓи II првично се засолнил на островот Крит, а потоа во Александрија, Египет, и конечно во Лондон, Англија. Таму останал до крајот на војната. По завршувањето на војната за регент бил прогласен архиепископ Дамаскинос (29 декември 1944 година). На 26 септември 1946 година се одржал референдум со кој било потврдено монархическото управување. Кралот Ѓорѓи II починал на 1 април 1947 година.