Елизабета (кралица на Романија)
Елизабета (12 октомври 1894 - 14 ноември 1956) била романска принцеза и кралица на Грција како сопруга на грчкиот крал Георги II.
Кралица Елизабета | |||||
---|---|---|---|---|---|
Кралица на Грција | |||||
На позиција | 27 септември 1922 – 25 март 1924 | ||||
Сопружник | Георги II | ||||
| |||||
Татко | Фердинанд I | ||||
Мајка | Принцеза Марија |
Елизабета е родена во замокот Палеш, Романија како Елизабета Карлос Џозефина Александра Викторија, принцезата на Романија. Таа била ќерка на романскиот крал Фердинанд I и на принцезата Марија.
На 27 февруари 1921 година во Букурешт Елизабета се омажила за грчкиот принц Георги, кој во 1922 година бил прогласен за крал на Грција, а Елизабета - за негова кралица. Во 1923 година, Георги II бил детрониран и заедно со неговата сопруга бил избркан од земјата, а во следната година Грција била прогласена за република. Бракот на Елизабет и Георги II се покажал ,могу лош па тие се развеле на 6 јули 1935 година. Во ноември истата година монархијата во Грција била вратена и Георги II повторно седнал на престолот во Атина. Елизабета не се вратила во Грција, а туку останала во родната Романија, каде што живеела до укинувањето на монархијата по Втората светска војна.
По укинувањето на монархијата во Романија, Елизабета емигрирала во Франција, каде што починала во 1956 година во Кан.