Географија на Боливија
Боливија се наоѓа во централниот регион на Јужна Америка. Со своите 1.098.580 км2, Боливија е 28 најголема држава во светот.[1] Територијата на државата се протега од централните предели на Андите на запад па сè до Амазонија и Гран Чако на исток. Боливија нема излез на море, а копнено се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад.
Територијата на Боливија е составена од различен вид релјефни формации и климатски одлики. Државата има голем степен на биолошка разновидност, кој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, во Боливија има неколку еколошки региони, како што се на пример Алтиплано и Чикитанија. Алтиплано е составен од тропски прашуми и суводолици, а Чикитанија е составена од тропски савани. Разновидноста се забележува во надморската височина на земјата, каде највисокиот врв Невадо Сахама има 6.542 метри, а најниската точка е покрај реката Парагвај и има 70 метри надморска височина.
Географски региони
уредиБоливија може да се подели на три географски региони:
- Анди. Андите се наоѓаат во југозападниот дел од државата и заземаат околу 28% од вкупната површина на Боливија. Овој географски регион има 307.603 км2 и се наоѓа на надморска височина од над 3.000 метри. Андскиот географски регион се наоѓа меѓу два андски планински венци: Кордиљера Оксидентал и Кордиљера Сентрал. Во боливискиот дел на Андите се наоѓаат некои од најголемите врвови во Америка, како што се Невадо Сахама со 6.542 метри и Илјимани со 6.462 метри. Во регионот се наоѓа и езерото Титикака, кое е највисоко езеро на кое има трговска активност.[2] Титикака е најголемо езеро во Јужна Америка,[3][4] и е поделено меѓу Боливија и Перу. Значјна област во регионот е Салар де Ујуни, кое е најголемо суво пронаоѓалиште на сол во светот и значаен извор на литиум.
- Суп-андски регион. Овој регион се наоѓа во централните и јужнит делови на земјата, кој е всушност преоден регион меѓу Алтоплано и источните рамнини. Регионот зазема 13% од територијата на Боливија и има територија од над 142.815 км2. Во регионот се наоѓаат долини и регионот Јунгас.
- Љанос. Овој регион се наоѓа во североисточниот дел од земјата. Регионот зазема 59% од земјата и има површина од 648.163 км2. Љанос се наоѓа северно од Кордиљера Сентрал и се протега од Андите до реката Парагвај. Регионот е претежно низински и има помалку од 400 метри надморска височина.
Граници
уредиБоливиски граници | |||
држава | копнена | поморска | вкупно |
---|---|---|---|
Аргентина | 471 | 302 | 773 |
Бразил | 750 | 2.673¹ | 3.423 |
Чиле | 830 | 20 | 850 |
Парагвај | 634 | 57 | 741 |
Перу | 513 | 534² | 1.047 |
Копнена | 3.469 | ||
Поморска | 3.579 | ||
Total | 6.834 | ||
Notes:
1 =Од 2.673 км поморска граница со Бразил, 95 км се езера, а другите реки. |
На север и исток Боливија граничи со Бразил, на исток и југоисток со Парагвај, на југ со Аргентина, на југозапад со Чиле и на запад со Перу. Вкупниот граничен појас на државата е 6.834 километри.
- Граница со Аргентина: Боливиско-аргентинската граница започнува од планините Запалари и завршува во Есмералда, Тариха. Ова место е почеток на границата со Парагвај од јужната страна. Главните гранични премини на боливиско-аргентинската граница се на планините Панизо и Малпасо, градовите Вилјазон, Бермехо, Фортин Камперо, Јакиба и Фортин Дорбигни кај реката Пилкомајо.
- Граница со Бразил: Боливиско-бразилската граница е најдолга во државата. Границата започнува во гратчето Болбепра и завршува во Бахија Негре. Главни гранични премини на боливиско-бразилската граница се Бразилеја, Фортин Маноа, Вилја Белја, Серо Куатро Ерманос, Сан Матијас, езерата Ла Гаиба, Мандиоре, Сасерес и пристаништето Гутиерез Гера на реката Парагвај.
- Граница со Чиле: Сегашната боливиско-чилеанска граница е основана со Договорот за мир и пријателство од 1904 година. Со овој договор Боливија го изгубила департманот Литорал, односно тихоокеанското крајбрежје. Боливиско-чилеанската граница започнува во Висвири и завршува на планината Запалери. Главни премини на оваа граница се Ликанабур, Олјеке и планината Пајачата.
- Граница со Парагвај: Боливиско-парагвајската граница започнува во Есмералда и завршува во Бахија Негра. Главни гранични премини се на планината Устарес, Палмир де лас Ислас, Ито Човорека и планината Хара.
- Граница со Перу: Боливиско-перуанската граница започнува во Болбепра и завршува во Чокекота и Висвири. Главни гранични премини се пристаништето Хит Порт на реката Мадре де Диос, Аполобамба во Пуерто Акоста и езерото Титикака.
Хидрографија
уредиРеките на Боливија се поделени на три речни басени, кои пак се дел од двата речни слика, атлантски и тихоокеански.
- Амазонскиот басен, кој исто така се нарекува Северен басен, зазема 66% од територијата на државата или 724.000 км2. Реките во овој басен имаат големи речни користа и со тоа се создаваат езера, како што е на пример езерото Муриљо. Главна боливиски притока на реката Амазон е Маморе која е долга 2000 километри. Реката тече во северен правец и се спојува со реката Бени, која е долга 1.113 километри и е втора најважна река во државата. Реките Бени и Маморе се главните боливиски притоки на Амазон. Покрај овие две, како дел од овој басен во државата се и реките Мадре де Диос, Ортон, Абуна, Јата и Гвапоре. Најважни езера во овој басен се Рогагвадо и Рогагва.
- Басенот на реката Рио де ла Плата, кој исто така е познат како Јужен басен, зазема 21% од државата или 229.500 км2. Реките во овој басен се значително помали од тие во Амазонскиот басен. Овој басен воглавно го сочинува реката Парагвај, како и реките Пилкомајо и Бермехо. Најважни езера во овој басен се Убераба и Мандиоре.
- Централниот басен зазема 13% од територијата на државата и има 145.081 километар квадратен. Овој бвсен го опфаќа Алтиплано, кој има поголем број езера и реки кои не се влеваат во ниту еден океан. Најважна река во овој басен е Десагвадеро која е долга 436 километри и е најдолга река во Алтиплано. Реката извира од езерото Титикака и тече кон езерото Попо. Покрај Титикака и Попо, во овој басен се наоѓа и езерото Којпаса.
Реки и езера во Боливија со надморска височина. | ||||||||
Невадо Сахама |
Маморе |
Титикака | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
надморска височина | реки | езера | ||||||
N° | име | над. височина (м) |
N° | име | должина (км) |
N° | име | површина (км2) |
1 | Невадо Сахама | 6.542 | 1 | Маморе | 2.000 | 1 | Титикака | 3.790¹ |
2 | Илјампу | 6.485 | 2 | Итономас | 1.493 | 2 | Попо | 2.337 |
3 | Илјимани | 6.462 | 3 | Рио Гранде | 1.438 | 3 | Којпаса | 806 |
4 | Анкоума | 6.427 | 4 | Бени | 1.130 | 4 | Уајтунас | 329 |
5 | Паринакота | 6.362 | 5 | Бланко | 1.087 | 5 | Рогагвадо | 315 |
Notes: 1 = Титикака има површина од 8.562 км2, од кои 3.790 км2 се во Боливија. | ||||||||
Извор: Боливиски национален географски институт |
Крајбрежје
уредиЗа време на Тихоокеанската војна, Боливија го загубила своето тихоокеанско крајбрежје, кое го сочинувал департманот Литорал, а денес е дел од северно Чиле. Историски, тврдењата дека крајбрежјето е сè уште нејзино е дел од боливиската државна политика. Според боливиските тврдења, крајбрежјето и морската територија треба да е под боливиска контрола. Според уставот од 2009 година, Боливија има право на овој регион и контролата врз истиот, и цел на државата е да се реши овој проблем по мирен пат.
Уште од основањето на ООН во 1945 година, Боливија побарала од Генералното собрание да го разгледа предлогот за воспоставување боливиска контрола врз поранешниот депатман Литорал. Ова прашање било предложено и во Организација на американските држави. Организацијата во 1979 година усвоила резолуција според која боливискиот проблем е хемисферски.[5]
Во врска со овој проблем биле потпишани следниве договори:
- Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан со Чиле. Според договорот од 4 април 1884, Чиле дава пристап олеснителни околности за пристап на боливиските производи преку Антофагаста и ги ослободува од наплаќање при извоз во пристаништето Арика. Во октомври 1904 година, бил потпишан „Договор за мир и пријателство“ со Чиле, според кој Чиле требало да изгради железничка линија од Арика до Ла Пас
- Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан со Перу. Со овој договор се основала „Специјалната економска зона за Боливија во Ило“. Зоната опфаќа 5 км крајбрежје и има вкупна површина од 358 хектари и се вика „Mar Bolivia“ („Море Боливија“). Боливија има свое пристаниште во близина на Ило, Перу и е во нејзина надлежност[6] за период од 99 години сметајќи од 1992 година. Со истекувањето на периодот, областа треба да се врати под перуанска надлежност.
- Договор за пристап до Атлантскиот Океан со Аргентина. Уште од 1964 година, Боливија има свое пристаниште наречено „Боливиско слободно пристаниште“ во Росарио, Аргентина. Пристаништето се наоѓа на реката Парана, која е поврзана со Атлантскиот Океан.
Клима
уредиКлимата во Боливија варира од регион до регион, па така во државата има тропска клима во источните висорамнини и поларна клима во западните планински предели. Летата во државата се топли, влажни во истокот и суви во западот. Дождовите често ја одредуваат температурата, влажноста на воздухот и атмосферскиот притисок. Кога во државата ќе се појави климатскиот феномен Ел Нињо[7][8] големи временски промени во државата се случуваат. Во западниот дел од државата зимата е многу ладна, која е проследена со снег. Есента е сува во пределите кои немаат тропска клима.
- Љанос. Овој регион има влажна и тропска клима со просечна температура од 30 °C. Ветровите кои доаѓаат од амазонските прашуми носат врнежи. Од мај врнежите се послаби поради сувите ветрови.
- Алтиплано. Овој регион е карактеристичен по пустинско-поларната клима, која има силни и ладни ветрови. Просечната температура се движи од 15 до 20 степени. Ноќе, температурите нагло паѓаат и можат да ја достинат нулата. Дење, времето е суво и има голема сончева радиција. Снежните врнежи се зачестена појава во регионот.
- Долините и Јунгас. Овој регион има умерена клима. Североисточните влажни ветрови се движат кон планините, и со тоа овој регион има поголема влажност и дождливост. Температурите се пониски во повисоките предели, а снег се појавува на најмаку 2.000 метри надморска височина
- Гран Чако. Овој регион има суптропска, полусува, клима.
Биоклиматски пејзаж на Боливија | |||||||
Тропска прашума Лос Јунгас, Ла Пас |
Пустина Пустина Дали, Потоси |
Широколисна шума Чекењо, Санта Крус |
Долина Самајпата, Санта Крус | ||||
Прашума Амазонија, Кочабамба |
Влажно Алтиплано Колјао, Ла Пас |
Суво Алтиплано Исла дел Пескадо, Потоси |
Андски ледник ледничко езеро, Ла Пас |
Градови
уредиУставно, главен град на Боливија е Сукре, но администрацијата на владата е во Ла Пас. Најголем град во државата е Санта Крус де ла Сиера.
Бр. | Департмани | Нас. | Бр. | Департмани | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Санта Крус де ла Сиера Ла Пас |
1 | Санта Крус де ла Сиера | Санта Крус | 1,451,597 | 11 | Квилјаколјо | Кочабамба | 142,724 | Ел Алто |
2 | Ла Пас | Ла Пас | 877,363 | 12 | Монтеро | Санта Крус | 91,952 | ||
3 | Ел Алто | Ла Пас | 647,350 | 13 | Тринидад | Бени | 87,977 | ||
4 | Кочабамба | Кочабамба | 608,276 | 14 | Рибералта | Бени | 93,624 | ||
5 | Сукре | Чукисака | 280,225 | 15 | Тиквипаја | Кочабамба | 62,940 | ||
6 | Оруро | Оруро | 216,702 | 16 | Ла Гвардија | Санта Крус | 49,921 | ||
7 | Тариха | Тариха | 176,787 | 17 | Варнес | Санта Крус | 47,406 | ||
8 | Потоси | Потоси | 150,647 | 18 | Котока | Санта Крус | 45,277 | ||
9 | Сакаба | Кочабамба | 134,518 | 19 | Гвајармерин | Бени | 35,767 | ||
10 | Јакуиба | Тариха | 95,594 | 20 | Кобиха | Пандо | 34,498 |
Биолошка разновидност
уредиБоливија е една од државите за кои се смета дека имаат огромна биолошка разновидност[9]. Државата располага со голема разновисност во поглед на растителниот и животински свет, како и во поглед на екосистемите.
Различното ниво на надморска височина ѝ овозможува на земјата да има голема биолошка разновидност. Државата има 4 вида биоми, 32 еколошки региони и 199 екосистеми. На својата територија Боливија има неколку природни парка, како што се Националниот парк Ноел Кемф, Националниот парк Мадиди, Националниот парк Тунари и Националниот резерват за андска фауна Едуардо Авароа.
Биолошката разновидност на Боливија може да се подели на две групи:
- Растенија. Боливија располага со над 200.000 видови растителни семиња, вклучувајќи над 1.200 видови папрати, 1.500 видови џигерници и мовови и најмалку 800 видови габи. Додатно на тоа, во државата има над 3.000 лековити билки. Боливија се смета за дом на рокото (вид пипер) и лут пипер, кикирики, грав, маниока и неколку видови палми. Исто така, Боливија произведува над 4.000 видови компир.
- Животни. Боливија е дом на над 2.900 животински видови, вклучувајќи 398 цицачи, над 1.400 видови птици, 204 видови водоземци, 277 водиви влекачи и 635 видови слатководна риба. Дополнително на тоа, во Боливија има над 3.000 видови пеперутки и над 60 видови домашни животни. 70% од познатите видови птици познати во светот можат да се најдат во Боливија и со тоа ја прави шеста држава во светот по разновидноста на птиците[10].
Флора и фауна во Боливија | |||||||
Leopardus pardalis Оцелот |
Saimiri boliviensis Црнокапест сајмир |
Phoenicopterus andinus Андски фламинго |
Lama glama Лама |
Inia boliviensis Боливиски речен делфин | |||
Heliconia rostrata Хеликонија |
Echinopsis boyuibensis Кактус бојибе |
Ceiba speciosa Тоборочи |
Swietenia macrophylla Широколисна махагонија |
Cantua buxifolia Кантута |
Наводи
уреди- ↑ CIA World Factbook. Retrieved from https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2147rank.html Архивирано на 9 февруари 2014 г..
- ↑ Drews, Carl (13 September 2005). „The Highest Lake in the World“. Архивирано од изворникот на 2012-08-18. Посетено на 2006-12-02.
- ↑ Grove, M. J., P. A. Baker, S. L. Cross, C. A. Rigsby and G. O. Seltzer 2003 Application of Strontium Isotopes to Understanding the Hydrology and Paleohydrology of the Altiplano, Bolivia-Peru. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:281-297.
- ↑ Rigsby, C., P. A. Baker and M. S. Aldenderfer 2003 Fluvial History of the Rio Ilave Valley, Peru, and Its Relationship to Climate and Human History. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:165-185.
- ↑ Bolivia Архивирано на 5 јуни 2013 г., OAS Website
- ↑ Satellite view in Wikimapia of Bolivia Mar, near the Peruvian town of Ilo
- ↑ Fortalecimiento de las Capacidades locales para enfrentar El Fenómeno del Niño en Perú y Bolivia
- ↑ „Deja 56 muertos "El Niño" en Bolivia“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2012-04-23.
- ↑ http://www.la-razon.com/version.php?ArticleId=130754&EditionId=2535[мртва врска]
- ↑ http://www.bolivia.com/noticias/Autonoticias/DetalleNoticia40938.asp
- Hudson, Rex A. and Hanratty, Dennis M., ed. Bolivia: A Country Study. Washington: GPO for the Library of Congress, 1989.