Кобиха
Кобиха (шпански: Cobija) е град во Боливија. Градот се наоѓа на 600 км северно од Ла Пас во регионот на Амазонија. Кобиха е во близина на бразилската и перуанската граница. Градот се наоѓа на брегот на реката Акре на надморска височина од 280 метри. Градот има тропска клима проследена со дождови.
Кобиха Cobija | |
---|---|
Местоположба во Боливија | |
Координати: 11°02′S 68°44′W / 11.033° ЈГШ; 68.733° ЗГД | |
Држава | ![]() |
Департман | ![]() |
Покраина | Николас Суарез |
Основан | 1906 |
Управа | |
• Градоначаник | Луис Адолфо Флорес Робертс |
Надм. вис. | 280 м |
Население | |
• Вкупно | 25,000 (проц.) |
Часовен појас | UTC-4 |
Мреж. место | http://www.gmcobija.gob.bo/ |
Кобиха има околу 25.000 жители и е главен град на департманот Пандо. Во градот има два аеродрома и е патно поврзан со Ел Чоро.
КлимаУреди
Поради местоположбата на градот, Кобиха се смета за најдождлив регион во државата. Кобиха се наоѓа на реката Акре на 280 метри надморска височина во близина на џинглите. Регионот има топла клима со дневна температура на 26 степени.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
Координати: 11°02′S 68°44′W / 11.033° ЈГШ; 68.733° ЗГД