Санта Крус де ла Сиера
Санта Крус де ла Сиера (шпански: Santa Cruz de la Sierra), често именуван како Санта Крус, е најголем град во Боливија и главен град на департманот Санта Крус.[1] Градот се наоѓа на реката Пирај во источна Боливија и градот е дом на 70% од населението на департманот.[3] Санта Крус е најбрзо растечки град во светот.[4]
Санта Крус де ла Сиера Santa Cruz de la Sierra | |||
---|---|---|---|
автономен град | |||
Images from top, clockwise: Southern skyline, Cristo Redentor Avenue, Santa Cruz Municipal Library, Autonomy protests of 2008 at El Cristo monument, La Casona Apartment Complex, and the Basilica Menor de San Lorenzo at night. | |||
Местоположба во Боливија | |||
Координати: 17°48′S 63°10′W / 17.800° ЈГШ; 63.167° ЗГД | |||
Држава | Боливија | ||
Департман | Санта Крус | ||
Покраина | Андрес Ибањес | ||
Општина | Санта Крус де ла Сиера | ||
Основан | 26 февруари 1561 | ||
Управа | |||
• Вид | Градска власа | ||
• Градоначалник | Перси Фернандес | ||
Површина | |||
• автономен град | 1 E+8_m² | ||
Надм. вис. | 416 м | ||
Население (2010)[1] | |||
• автономен град | 1.616.063 | ||
• Густина | 4.215,24/км2 (1,091,740/ми2) | ||
• Метро | 2.102.998 | ||
Час. појас | BOT (UTC−4) | ||
ИЧР (2001) | 0.630 – среден[2] | ||
Мреж. место | http://www.gmsantacruz.gov.bo/ |
Градот бил основан во 1561 година од шпанскиот истражувач Њуфло де Чавес на околу 200 км од сегашната местоположба на градот. Низ историјата градот се изместувал неколкупати сè додека не бил конечно изграден на сегашната положба во 16 век. Во голем дел од историјата на Санта Крус, градот бил мал и власта не обрнувала внимание за развојот на Санта Крус. По Втората светска војна со развојот на земјоделството градот забележал забрзан развој.
Денес, градот е најнаселен, а департманот Санта Крус е втор најнаселен департман во државата. Градот станал најзначаен трговски центар во земјата и е одредиште на голем број доселеници.[5]
Географија и клима
уредиСанта Крус се наоѓа во источна Боливија на 416 метри надморска височина. Санта Крус е главен град на истиомениот департман и се наоѓа во покраината Андрес Ибањес.
Градот има тропска клима со просечни годишни врнежи од 23 степени целзиусови. Иако општо гледано времето е суво, периодично има појава на постудени ветришта кои доаѓаат од Аргентина. Најмногу врнежи на дожд има во јануари и февруари
Санта Крус
Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
115
30
22
|
107
30
22
|
89
30
22
|
63
28
20
|
66
26
18
|
48
24
16
|
37
24
16
|
25
27
18
|
46
29
19
|
81
30
21
|
98
30
22
|
139
30
22
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм Извор: MSN |
Демографија
уредиПрвично, градот бил населен од шпански доселеници, но и Гварани кои дошле од Парагвај. Во градот имало и работници од фламанско, португалско, германски и италијанско потекло.[6] Меѓу првите доселеници имало и Евреи[7] кои подоцна го примиле христијанството.
Збратимени градови
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „National Statistics Institute. General Population Estimates“. www.ine.gob.bo. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2011-09-08.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-25. Посетено на 2012-04-30.
- ↑ „National Statistics Institute. General Population Estimates“. www.ine.gob.bo. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2011-09-08.
- ↑ „World's fastest growing urban areas (1)“. City Mayors. Посетено на 2012-04-10.
- ↑ „The Contributions of Santa Cruz to Bolivia (Spanish only)“ (PDF). CAINCO. 2008.
- ↑ Al Margen de mis Lecturas, by Marcelo Terceros Banzer. Published September 1998
- ↑ History of the Jewish People, written by Eli Birnbaum.
- ↑ „WWF Spain - Barcelona y Santa Cruz de la Sierra (Bolivia): ciudades hermanadas por los bosques“ (шпански). Wwf.es. Архивирано од изворникот на 2012-06-04. Посетено на 2012-04-10.
- Gutsch, Jochen-Martin, "Im Labyrinth der Unordnung" Der Spiegel 5 December 2005, pp. 144–50.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Санта Крус де ла Сиера“ на Ризницата ? |