Монтеро
Монтеро (шпански: Montero) — град во департманот Санта Крус во Боливија. Градот се наоѓа на 50 км северно од Санта Крус де ла Сиера. Според податоците од 2006 година, Монтеро има население од 90.837 жители. Поради зголемениот развој на градот во последно време, Монтеро станува значаен центар во регионот. Монтеро се наоѓа на надморска височина од 300 метри и средна температура е 23 степени целзиусови. Во околината на градот значајна стопанска гранка е земјоделството, особено производството на соја, памук, пченка и ориз.
Монтеро Montero | |
---|---|
Улица во Монтеро | |
Местоположба во Боливија | |
Координати: 17°20′32″S 63°15′21″W / 17.34222° ЈГШ; 63.25583° ЗГД | |
Држава | Боливија |
Департман | Санта Крус |
Покраина | Обиспо Сантистеван |
Општина | Монтеро |
Именуван | 4 декември 1912 |
Население (2006) | |
• Вкупно | 90,837 |