Ел Алто
Ел Алто (шпански за „висок“, „височина“) е град и општина во Боливија. Градот се наоѓа во департманот Ла Пас, на висорамнината Алтиплано. Градот е дел од метрополитенската област Ла Пас. Денес тој е е еден од најбро растечките градови во државата со население од 1.184.942 жители во 2010 година, што го прави втор по големина во државата.[1] На пописот од 2001 година градот имал 647.350 жители.
Ел Алто El Alto | ||
---|---|---|
Главна улица во Ел Алто. | ||
Местоположба во Боливија. | ||
Координати: 16°31′S 68°10′W / 16.517° ЈГШ; 68.167° ЗГД | ||
Држава | Боливија | |
Департман | Ла Пас | |
Покраина | Педро Доминго Муриљо | |
Општина | Ел Алто | |
Управа | ||
• Градоначалник | Едгар Патана | |
Надм. вис. | 4,150 м | |
Население (2010) | ||
• Вкупно | 1,184,942 | |
Час. појас | BOT (UTC−4) |
Особености
уредиЕл Алто се наоѓа на надморска височина од 4.070 метри и тоа го прави еден од највисоките позначајни градови во светот. Во градот преовладува ладната клима, која достигнува до 17 степени во летниот период. Поради трендот на миграција село-град во Боливија, Ел Алто станал еден од најбрзо растечките градови во Боливија.
Ел Алто е еден од најголемите градови во Латинска Америка каде има бројно староседелско население. Се проценува дека околу 76% од населението на градот се Ајмари, 9% се Кечуани, 15% се мешани и околу 1% се белци.
Наводи
уреди- ↑ INE, Bolivia. „LA PAZ: POBLACIÓN TOTAL PROYECTADA, POR SEXO, SEGÚN PROVINCIA Y SECCIÓN DE PROVINCIA“. INE Bolivia. Посетено на 26 May 2012.
Дополнителни информации
уреди- Lazar, Sian (2008), El Alto, Rebel City, Duke University Press, ISBN 978-0-8223-4154-3
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Ел Алто“ на Ризницата ? |
- Време во Ел Алто Архивирано на 6 октомври 2020 г.
- Ел Алто, Боливија Архивирано на 29 март 2018 г.
- Ел Алто, Боливија
- Национален институт за статистика на Боливија
16°31′S 68°10′W / 16.517° ЈГШ; 68.167° ЗГД