Чикитанија
Чикитанија (шпански: Chiquitania) или Чикитос и Гран Чикитанија (Chiquitos, Gran Chiquitania) е регион во департманот Санта Крус во Боливија. Регионот е составен од тропски савани.
Чикитос е колонијално име за пет покраини кои се денес дел од департманот Санта Крус. Важно е да се напомене дека Чикитос е името на регионот, не на народ. Еден од поголемиот број староседелски народи кои живееле во регионот се вика Чикитанци.[1].
Името е од шпанско потекло и значи „мали“. Името било избрано од шпанските освојувачи и тие го дале името по малите врати на староседелските куќи. Денес околу 20 народи живеат во Чикитанија.
Наводи
уреди- ↑ http://www.chiquitania.com Архивирано на 8 јули 2011 г.: The two names Chiquitos and Chiquitano should not be confused, the first is a place; that second a tribe.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Големата Чикитанија: последниот рај. Архивирано на 8 јули 2011 г.
18°00′00″S 60°00′00″W / 18.000° ЈГШ; 60.000° ЗГД