Кочабамба
Кочабамба (шпански: Cochabamba) — град во Боливија. Кочабамба се наоѓа во Андите во долината Кочабамба. Кочабамба е главен град на департманот Кочабамба и трет најголем град во државата со урбано население од 608.276 според податоците од 2008[1]. Метрополитенската област на Кочабамба има повеќе од 1.000.000 жители.
Кочабамба Cochabamba | ||
---|---|---|
Прекар(и): „Град на вечната пролет“ „Град-градина“ | ||
Местоположба во Боливија | ||
Координати: 17°23′S 66°10′W / 17.383° ЈГШ; 66.167° ЗГД | ||
Држава | Боливија | |
Департман | Кочабамба | |
Покраина | Серкадо | |
Општина | Кочабамба | |
Површина | ||
• Градска | 348 км2 (134 ми2) | |
Надм. вис. | 2.825 м | |
Население (2008) | ||
• Градскo | 608,276 | |
Мреж. место | http://www.cochabamba.bo/ |
Името на градот е составено од кечуанските зборови qucha, што значи „езеро“, и pampa, што значи „отворена рамнина“.[2] Градот често се нарекува како „град на вечната пролет“ или „град-градина“ поради температурата во градот.
Демографија
уредиНајзборуван јазик во градот е шпанскиот јазик. Шпанскиот дијалект во градот се смета за поконзервативен во поглед на фонетиката и зборовниот фонд, но сепак дијалектот примил поголем број кечуански или ајмарски зборови.
Најголем народ во градот сочинуваат американските староседелци, односно Кечуаните, Ајмарите и останати староседелци, а потоа следуваат мешаните народи и малцинското бело население. Градот важи за еден од најпрогресивните градови во државата во поглед на економска и социјална активност.
Управа
уредиКочабамба е главен град на департманот Кочабамба. Градската власт е поделена на извршна и законодавна. Градоначаникот е на чело на градската управа и се избира преку избори за мандат од пет години. Градоначаникот е шеф на извршната градска власт која е составена од 950 функционери и 6 пот-градоначалници.[3] Законодавната градска власт е во рацете на градскиот совет. Сегашен градоначалник (2012) на Кочабамба е Едвин Кастелјанос.
Збратимени градови
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди„[{{fullurl:Commons:
|
- ↑ „World Gazetteer“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-05-03.
- ↑ Diccionario Bilingüe Iskay simipi yuyayk'ancha pdf
- ↑ Jordán Arandia, Oscar E. (2010-05-30). „Mi compromiso es con Cochabamba“. Los Tiempos. Cochabamba. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 2010-06-02.
Надворешни врски
уреди- Туристички водич за Кочабамба Архивирано на 22 декември 2014 г.
- Времето во Кочабамба Архивирано на 6 октомври 2020 г.
- Историја на Кочабамба Архивирано на 5 јануари 2007 г. (шпански)
- Карта на Кочабамба Архивирано на 23 октомври 2020 г.