Титикака

најголемото езеро во Јужна Америка

Титикака (шпански: Lago Titicaca, кечуански: Titiqaqa Qucha) — најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот.[1][2][3] Тоа е воедно и највисокото пловно езеро во светот[4] (се наоѓа на 3.810 метри надморска височина).[5] Долго е 196, а широко 56 километри во просек и се протега од југоисточниот дел на Перу па сè до западна Боливија. Површината изнесува 8.300 км, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри под површината.[6] Вкупно 25 реки со површина од околу 58.000 км се влеваат во езерото Титикака кај областа Алтиплано. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото - Desaquadero. Поради испарувања езерото губи 95% од влеаната вода. Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Титикака (Isla de Titicaca). Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките. Располага со многу видови риби, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.

Титикака
Titicaca
Поглед од боливиска страна.
Координати15°50′S 69°20′W
Видпланинско езеро
Главни приливи27 реки
Главни истециДесагвадеро
Испарување
Слив&1000000000005800000000058,000 км2
Сливни земјиПеру
Боливија
Најг. должина190 км
Најг. ширина80 км
Површина&100000000000083720000008,372 км2
Прос. длабочина107 м
Најг. длабочина284 м
Зафатнина893 км3
Брег1.125 км
Надм. височина3.812 м
Острови42+ острови
Населени местаПуно, Перу
Копакабана, Боливија
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.
Поглед на брегот на Титикака

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Grove, M. J., P. A. Baker, S. L. Cross, C. A. Rigsby and G. O. Seltzer 2003 Application of Strontium Isotopes to Understanding the Hydrology and Paleohydrology of the Altiplano, Bolivia-Peru. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:281-297.
  2. Rigsby, C., P. A. Baker and M. S. Aldenderfer 2003 Fluvial History of the Rio Ilave Valley, Peru, and Its Relationship to Climate and Human History. Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology 194:165-185
  3. Questions Unlimited (2003). „Who Wants to Be a Judge at the National Academic Championship?“. National Academic Championship. Архивирано од изворникот 6 April 2017. Посетено на 6 December 2016.
  4. „The 10 Highest Lakes in the World“. ThoughtCo (англиски). Посетено на 2022-01-30.
  5. „Major lakes (area sq km) - The World Factbook“. www.cia.gov. Посетено на 2022-01-30.
  6. „Data Summary: Lago Titicaca (Lake Titicaca)“. web.archive.org. 2011-07-23. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 2022-01-30.