Јакуиба (шпански: Yacuiba) е град во Боливија, главен град на покраината Гран Чако во департманот Тариха. Градот се наоѓа на 3 км од границата со Аргентина. Јакуиба има население од околу 80.000 жители и се наоѓа на 620–680 метри надморска височина. Градот е еден од градовите во Боливија кои имаат забрзан раст на населението поради забрзаниот економски развој во околината. Градот бил под аргентинска управа до 1900 година.

Јакуиба
Yacuiba
Јакуиба is located in Боливија
Јакуиба
Јакуиба
Местоположба во Боливија
Координати: 22°02′22″S 63°40′54″W / 22.03944° ЈГШ; 63.68167° ЗГД / -22.03944; -63.68167
Држава Боливија
ДепартманТариха
ПокраинаГран Чако
ОпштинаЈакуиба
КантонЈакуиба
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2001)
 • Вкупно64.611
Мреж. местоwww.yacuiba.com

Поради својата местоположба, Јакуиба е значајно трговско место. Преку боливиско-аргентинската граница се наоѓа Салвадор Маза. Јакуиба е патно поврзан со Санта Крус де ла Сиера и Тариха. Во градот оперира и аеродромот Јакуиба.

Потекло на поимот

уреди

Името на градот доаѓа од гваранските зборови yaku-iba што грубо преведено значи „дупка со вода за живина“.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

22°02′22″S 63°40′54″W / 22.03944° ЈГШ; 63.68167° ЗГД / -22.03944; -63.68167