Градиште (Галате)
„Градиште“
| |
Местоположба | 41°50′26″N 20°52′41″E / 41.84056°N 20.87806°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Галате |
Општина | Врапчиште |
Тип |
|
Период | железно време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Галате. Претставува утврдена населба утврдена населба од железното и римското време. Се наоѓа на околу 500 м северозападно од селото, над патот за селото Топлица, на доминантен рид во чие подножје е каменоломот, каде се гледа траса од утврдување, а по површината на градиштето се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси и др. На североисточната страна се зачувани делови од бедемот кој е граден во сувоѕидица и има дебелина од 2 м. Градиштето е отворено кон Полошко Поле и е пристапно само од западната страна каде со благ превој се врзува со расклоненијата на Шар Планина. Досегашната археолошка литература ова наоѓалиште го сместувала во атарот на селото Врапчиште, под името Пожаранско Градиште — што не одговара на објективната катастарска поделба на селските атари.[1]
Поврзано
уреди- Гладница — населба и некропола од доцна антика;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |