Вромери
Вромери (грчки: Καλλιθέα, Калитеја) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Вромери Καλλιθέα | |
---|---|
Црквата во селото | |
Координати: 40°16′N 22°34′E / 40.267° СГШ; 22.567° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Вромероскала |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 3.134 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 4 километри источно од градот Катерина и на 2 километро западно од Вромероскала, на надморска височина од 10 метри.
Историја
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 26 семејства и 102 бегалци[2], додека во 1940 година селото броело 793 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1027 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1119 жители, во 1971 година имало 1073 жители, во 1981 година имало 1297 жители, додека во 1991 година имало 1970 жители[3]. Денеска, населението на селото е 3134 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 793 | 1027 | 1119 | 1073 | 1297 | 1970 | 2741 | 3134 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 125.