Долно Власи

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Власи (Ениџевардарско))

Долно Власи (грчки: Εξώβαλτα, Ексовалта; до 1926 г. Έξω Βλάχ, Ексо Влах[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.

Долно Власи
Εξώβαλτα
Долно Власи is located in Грција
Долно Власи
Долно Власи
Местоположба во областа
Долно Власи во рамките на Постол (општина)
Долно Власи
Местоположба на Долно Власи во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°43.28′N 22°15.42′E / 40.72133° СГШ; 22.25700° ИГД / 40.72133; 22.25700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во источниот дел на Солунското Поле, 4 км северозападно од Пласничево и 20 км југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар), меѓу селата Врежот и Кадиново.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

В края на XIX век Долно Власи било село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно и Долно Власи живееле вкупно 330 Македонци и 40 Роми.[3][4]

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Карајотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи. На 14.02 го нападнав селото Власи, и како последица убиени се 3 македонски селани[5] и еден комита.[6]

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. еден човек од Власи учестувал Македонско-одринските доброволни чети.[7]

Во Грција

уреди

По Втората балканска војна во 1913 г. Долно Власи е припоено кон Грција. Во 1926 г. властите го преименувале во Ексовалта. Во 1920 селото имало само 5 жители, од кои 4 мажи, а во 1928 г. повторно имало 5 жители, од кои 4 грчки дојденци. Селото било напуштено и неговиот атар е припоен кон атарот на Врежот.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έξω Βλάχ - Εξώβαλτα
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 66.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 146.
  5. нарекувајќи ги „бугарски“
  6. Παπαλαζάρου, Ιωάννη (2007). Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών. стр. 92–93.
  7. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 387 и 835.