Васко Наумовски ( 1980 во Скопје) — македонски политичар, амбасадор на Македонија во САД во периодот 2014-2018, и вицепремиер за евроинтеграции во периодот 2008–2011.[1]

Животопис

уреди

Наумовски е роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, насока меѓународно право. Магистрирал на Рајнскиот Универзитет “Фридрих Вилхелмс“ во Бон, Германија, а магистрирал и на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, на теми од областа на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Во 2008 година докторирал на Правниот Факултет “Јустинијан Први“ во Скопје на тема од областа на влијанието на европските институции и проширувањето на Европската Унија со државите од Западниот Балкан. Од 2005 година работи на Њујорк Универзитетот Скопје, на Факултетот за меѓународни односи, политика и европски студии, каде што во 2008 година бил избран во наставно – научното звање доцент по меѓународно право и право на ЕУ.

Автор е на повеќе научни трудови од областа на европските интеграции и меѓународното право. Учествувал на голем број меѓународни научни конференции, а реализирал и подолги студиски престои во Европа и САД. Во текот на додипломските и последипломските студии бил добитник на стипендии од германската фондација “Конрад Аденауер“, а бил добитник и на стипендија за студиски престој во САД од американскиот Стејт Департмент. Од 10 јули 2009 до 2011 година е потпретседател за евроинтеграции во седмата Влада на Македонија[2]. Од 2014 до 2018 е амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, САД. Во јули 2014 година е именуван за специјален пратеник на претседателот Ѓорге Иванов во разговорите за разликата околу името. Од ноември 2014 година е амбасадор на Република Македонија во Соединетите американски држави. Зборува англиски, а се служи со германскиот јазик. Татко на две деца.

Наводи

уреди
  1. „Членови на Владата“. Влада на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2009-11-12.
  2. Донев, Венцо. „Васко Наумовски на местото на Боцевски“. Нова Македонија. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2009-11-12.