Антони Пешев

политичар

Антони Пешев (р. 1962 во Скопје) — македонски политичар, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Антони Пешев
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија
На должноста
4 септември 1992 – 20 декември 1994
Премиер Бранко Црвенковски
Претходник Александар Лепавцов
Наследник Димитар Бузлевски
Лични податоци
Роден(а) 1962 (воз. 61–62 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец

Животопис

уреди

Антони Пешев е роден во 1962 година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот универзитет во Скопје по специјалност компјутерска техника и автоматика.

Во периодот од 4 септември 1992 година до 20 декември 1994 година ја извршувал функцијата Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија на Република Македонија. По авионската несреќа кај Охрид, која била трета авионска несреќа во последните 16 месеци, поднел оставка од морални причини.[1]

На 18 февруари 2010 година бил избран за потпретседател на Стопанската Комора на Република Македонија[2], додека во 2015 година станал Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија[3].

Наводи

уреди
  1. „Official resigns over plane crash“ (англиски). Star-News. 1993-11-23. Посетено на 28 февруари 2019.
  2. „Стопанска комора на Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-18. Посетено на 2017-06-07.
  3. Претседавач на Собранието на Стопанската комора
Политички функции
Претходник
Александар Лепавцов
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија
4 септември 1992 - 20 декември 1994
Наследник
Димитар Бузлевски