Википедија:Селска чешма (Новости)/Архива 3

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 3


Регионална вики конференција

уреди

На 19-21 декември во Белград ќе се одржува регионална вики конференција. Претходната слична конференција беше пред 2 години, и на неа присуствуваше Слободан. Денес добив покана јас да присуствувам на конференцијата, заедно со уште еден мк.вики корисник (по можност поактивен). Викимедија Србија ги покрива патните трошоци и организира сместување (доколку немате). Доколку има заинтересираност, може да се одржи и презентација на некоја тема поврзана општо со Википедија, или конкретно мк.вики. Кој е расположен за одење, нека се пријави што е можно побрзо, најдоцна до недела би требало да пратиме точно кој оди, кога тргнува/се враќа, и каде ќе биде сместен. --Милош (разговор) 00:15, 26 ноември 2008 (UTC)

Јас сум дефинитивно расположен за одење! Но само сакам да потврдам, сѐ уште не ми е сигурно дали ќе бидам во можност. Во текот на неделата ќе дадам конечен одговор. Дали има линк до некој сајт со повеќе информации? --Brainmachinewtf? 21:46, 26 ноември 2008 (UTC)
Само што добив маил од организаторите: до недела треба да потврдиме, заедно со датум на тргање/враќање и одговор дали треба да ни организираат смештај, или имаме сами. --Милош (разговор) 17:47, 27 ноември 2008 (UTC)
И јас сум заинтересиран. Мене ми одговара датумот на одење. Немам некои посериозни обврски.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:01, 27 ноември 2008 (UTC)
ОК, сите што сакаат да одат, нека пратат:
  1. Кога планираат да тргнат од Скопје/било кој друг град (18-ти или 19-ти)
  2. Кога планираат да тргнат од Белград назад (веројатно 21-ви)
  3. Дали е потребно да им се обезбеди смештај во Белград.
Сето ова треба да го пратиме до недела, со конечна листа на заинтересирани учесници. --Милош (разговор) 10:12, 28 ноември 2008 (UTC)
На сајтот на Викимедија Србија е објавена целата програма. --Милош (разговор) 13:02, 9 декември 2008 (UTC)

Конференција за употреба на кирилицата на интернет

уреди

Настанот се случи: 10:00 часот, 21 мај 2009 година, Скопје, Градска библиотека Браќа Миладиновци


  1. Учествував на конференцијата. Беше присутен министерот Иво Ивановски од Министерството за информатичко општество, рече дека се во тек разговори со википедијанците за да се зголеми бројот на статии на македонската википедија... со кого е во тек не сфатив, затоа што си замина после првото излагање, па не стигнав да прашам за што станува збор.
  2. На конфренцијата беше директорката на Институтот за македонски јазик, рече дека дури лани добиле средства од Министерството за култура за интернет страница, а дека сакаат цела архива што ја имаат да се стави на интернет, а имале побааѓи материјали...
  3. Се зборуваше за Википедија, секој втор ја спомена. Се споредуваше дека ете има википедии на јазици кои не се официјални на ниедна држава, а имаат повеќе статии од нас. Јас кажав дека како волонтерски труд и ова е успех, и дека треба да се направи платен проект за да може да ја сфатиме Википедија сериозно, а тоа го поддржаа и го повторија уште неколкумина од учесниците.
  4. Од Бугарија беше присутен бугарскиот амбасадор во Македонија, како и нивен експерт од областа на информациски технологии, Красимир Симонски, заменик директор на бугарската агенција за информатички технологии, и човекот кажуваше колку напори вложуваат тие како членка на ЕУ да ја воведат кирилицата на интернет, дека имаат барања за домејн на кирилица, Русите исто така веќе имаат такво барање. Рече дека е убаво да се организира слична конференција на која ќе бидат поканети сите земји од светот кои користат кирилица.

Надворешни врски

уреди
  1. volanskopje.blog.com.mk: Во соработка со Министерството за образование да се вметне во наставните програми практично полнење на МК Википедија ... учениците и студентите да подготвуваат текстови а професорите и асистентите да ги контролираат пред објавување ... Да се предвидат награди за најуспешните полначи на МК Википедија (има слики и друго) ...
  2. careca.blog.com.mk: Иницијатива да Државата финансиски или технички ги стимулира лицата кои ја полнат Wikipedia на македонски со валидни информации, затоа што очигледно се нема друг начин да се заживее македонската Wikipedia. Има многу поквалитетни информации за земјава на англиски и некои други јазици, отколку на македонски...
  3. www.utrinski.com.mk (колумна на Филип Петровски): На „Википедија“, која е еден од главните извори на информации (слободно поставување податоци) на кирилица, бројот на поставените статии е многу мал. Моментно се прават напори да се промени тоа. Тим ентузијасти го прави тоа волонтерски. Но, време е и тука да се вклучи државата, затоа што пласирањето на содржините е лесно и брзо, а е и ефикасно. Ако финансиски ги поткрепи групите и евентуално институциите кои создаваат содржини што се поставуваат на „Википедија“, за кратко време би можеле да постигнеме многу поголема препознатливост на Интернет.

--Поздрав, засега толку како извештај од конференцијата, иако имаше и други интересни муабети да се чујат. --Виолетова (разговор) 12:20, 23 мај 2009 (UTC)

Дај боже ова некој ден да се случи, инаку “катастрофа“ сме. Статии кои сумги уредувал вчера, се уште стојат на скорешни промени. Тоа е знак дека стварно никаде не нема, за кое ние, активните корисници сме најмалку виновни--Астрион (разговор) 12:56, 23 мај 2009 (UTC)
Ех, Астрион, а на англиската Википедија, секоја минута се менува она што било во `скорешни промени`... --Виолетова (разговор) 13:46, 23 мај 2009 (UTC)
:)--MacedonianBoy 13:48, 23 мај 2009 (UTC)
Аре, без зафрканции, стварно мака ми е, ни се смеат комшиите... --Астрион (разговор) 14:34, 23 мај 2009 (UTC)
Ајде ајде ќе биде, еве почнаа да доаѓаат нови корисници кои прават убави статии, а еве и јас се фатив веќе со проширување на статии за држави. Поздрав--MacedonianBoy 14:36, 23 мај 2009 (UTC)
Процентуално гледано ние сме најуспешната википедија од балканските! Албанската сме ја престигнале иако ја уредуваат 2-3 држави. Грчката со 10 милиони жители има само 10.000 статии повеќе од нас, а би требало барем 5 пати повеќе да има. Бугарската се држи некако. Двојно има повеќе од нас, но сепак процентуално ние имаме повеќе. Српската исто како и бугарската. Така да со задоволство можам да кажам дека сме шампиони, иако можеме и повеќе. Само напред!!!!!--Р ашо  14:41, 23 мај 2009 (UTC)
За почеток би сакал да кажам дека во право е Рашо. Гледајќи го бројот на уредувачи, ние покажуваме исклучително добар напредок и треба да продолжиме само напред! Во врска со конференцијата, мило ми е што се посветува внимание на употребата на кирилицата на интернет. Најинтересна аналогија ми е онаа според која македонскиот јазик напишан на латиница е исто како порака напишана на ѕид со фекалии: се разбира што е напишано, но е грдо за читање. Уште повеќе ми е мило што се посветило внимание и на Википедија. Предлогот за „финансиско“ стимулирање на википедијанците би сакал убаво да се појасни. Дали тоа финансирање ќе биде заедничко за една група (на пример, „Википедија Македонија“, а финансиите да се користат исклучиво за функционирањето на организацијата наспроти личната корист/награда на нејзините поединци), или индивидуално, на оние кои, цитирам: „[се] најуспешните полначи на МК Википедија“. Доколку станува збор за вториов случај, искрено, не знам како би можелo успешно да се реализира поставената цел. Најпрво, Википедија, во самата своја суштина, е слободен и бесплатен проект; тој е роден, постоел и постои единствено од несебичниот волонтерски дух. Факт е дека ваквото стимулирање ќе донесе масивност во уредувањето, но, според мое мислење, исто така ќе донесе и корумпираност на основните принципи врз кои е изграден. Ова го велам заради две причини: 1) Не постои валиден критериум според кој би определиле кои уредувачи се, цитирам, „најуспешните полначи на МК Википедија“. Што би земале предвид? Бројот на уредувања? Некои уредувачи кои извршуваат секојдневни ситни рутински поправки со текот на времето акумулираат голем број на уредувања; една иста рецензија на една иста статија може да се изврши само со едно уредување, но може и со десет уредувања. Големината (во kB) на статиите кои уредувачите ги создаваат? Ве потсетувам дека колаборативната природа на Википедија дозволува една статија да биде создадена од еден корисник, но да се прошири и да ја добие својата форма од десетина други уредувачи. Природата на уредувањата? Ако еден корисник пишува статии, а друг се занимава со техничка работа (на пример, средување на грешка на некој шаблон), тогаш не можеме да кажеме дека првиот корисник е поуспешен википедијанец од овој вториов. Секој придонес, без разлика на бројот на уредувања, големината или природата, е добредојден и подеднакво вреден; 2) Од првата точка се наметнува и втората причина. Ако веќе се утврди кои корисници се „најуспешните полначи на МК Википедија“ и тие се наградат на некој начин (финансиски?!), тогаш сериозно ќе се деморализираат останатите уредувачи, оние кои ги прават ситните поправки, оние кои ги читаат статиите и ги поправаат правописните или печатните грешки, оние кои уредуваат само по една статија од тема која им е посебно драга. Овде се губи независноста на Википедија. Тие би помислиле: „Пих! Што ќе уредувам, која е користа, кога и така нема да ја добијам наградата.“. Сега нема награди, ниту финансиски ниту технички. Единствено е личното задоволство дека си направил нешто корисно, а тоа е — бесценето (звучам како рекламата за MasterCard). Од овие причини, би сакал учесниците на конференцијата малку да појаснат што точно мислат со оние зборови. Оти помагањето (не: наградувањето) на организации на википедијанци (како „Википедија Македонија“) е повеќе од добредојдено, додека наградувањето на посебни „успешни“ индивидуалци е, според мене, контрапродуктивно. Поздрав, Brainmachinewtf? 15:47, 23 мај 2009 (UTC)
Мислам дека Brainmachine е целосно во право. По завршувањето на последната викисредба, јас, Brest и Wikimk разговаравме за можноста дека сонаграда би можело да се стимулира уредувањето на Википедија на македонски јазик на краток рок, но јазно е дека на долг рок то е контрапродуктивно. Инаку ќе напоменам уште еднаш дека целта на „Викимедија Македонија“ ќе биде да се уредат што е можно поголем број на квалитетни статии, а и по бројот на статии да се напредува. Ова најлесно се прави со привлекување на нови уредувачи, а за тоа е потребно да се поттикне нивниот волонтерски дух. Работата е кога би создале нешто на македонски, кога ќе знаеме дека сме нешто вредно за кирилицата, за македонскиот јазик, за македонскиот ннарод, мислам дека многу полесно ќе ни биде да добиеме поддршка од страна. Работата е што мора да им објаснеме на заинтересираните субјекти, кои би сакале да ни помогнат дека еден е најпродуктивниот начин и дека само со таква организација може да се реализира зацртаната цел.
Инаку за статистичките податоци, немојте да заборавите дека, сепак Википедија на словенечки има над 75.000 статии, има тројно повеќе уредувања дневно, тројно повеќе регистрирани корисници и уште во многу други аспекти се подори од нас. Не сум песимист, н о сепак мислам дека не треба да се фалиме дека процентуално сме подобри од другите на Балканот и дека сме меѓу најдобрите, бидејќи сè додека има некој пред нас, а и да го нема, мора да се работи.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:01, 23 мај 2009 (UTC)
Точно, само една мала поправка, Кирил: целта на „Википедија Македонија“ ќе биде да се промовира македонската Википедија и да се привлечат нови уредувачи, а како позитивен ефект од тоа сами ќе дојдат новите придонеси. ;) Инаку, статистиката е како бикини: открива сè, но го сокрива она најважното. Сум го кажувал ова и порано, мора да престанеме да прогонуваме броеви и проценти (size doesn't matter :D) и секогаш да се фокусираме на она што е приоритетно во моментот на проектот. Напредокот ќе си дојде сам по себе. --Brainmachinewtf? 16:14, 23 мај 2009 (UTC)

Brainmachine, освен мене, овде нема друг учесник од конференцијата за да ти одговори. Па јас накратко само да кажам дека оние кои предлагаа `наградување на најуспешните полначи`, не се википедијанци и сигурно немале воопшто претстава ни како тоа би се извело... затоа, мое мислење е дека е добродојдено какво било размислување на темата `финансиска награда` од страна на луѓе кои не се директно вклучени во уредување на Википедија, па на крај тоа може да доведе до она што е правилно и продуктивно. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:56, 23 мај 2009 (UTC)

Да не излезе како на Евровизија, ние бевме супериорни, но сепак не влеговме во финалето:) —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Тиверополник (разговорпридонеси) 18:09, 23 мај 2009
Ок е, само реторички прашував, не барав овде одговор од учесниците :) . Инаку, велиш: „...е добредојдено какво било размислување на темата `финансиска награда` од страна на луѓе кои не се директно вклучени во уредување на Википедија“ за да се види што е правилно и продуктивно. Да не мислиш на луѓе кои се директно вклучени (оти не ја сфаќам логиката, како другите ќе утврдат)? --Brainmachinewtf? 16:14, 23 мај 2009 (UTC)

Токму мислев на луѓе кои не уредуваат да размислуваат на темата `финансиска помош`, бидејќи тие треба да ја дадат, нели? А ние википедијанците ќе утврдиме `што е правилна и продуктивна` распределба, и како тоа да се изведе. Бидејќи парите не се некаде собрани на купче, спремни за Википедија, може да се случи да поминат години додека да го дочекаме тој момент... ако го дочекаме, се разбира, и никој нема да решава преку ноќ како тоа да се изведе. Позитивното е значи во тоа што некој почнал да размислува на таа тема. :) Инаку, еве еден тазе пример поврзан со англиската википедија кој мене ми покажува дека таму постојат платени луѓе: се работи за Rich Farmbrough каде вели: I have 25000+ pages on my watchlist I believe... хехе, ова означува преземена обврска, а обврските се плаќаат... Поздрав -- Виолетова (разговор) 16:46, 23 мај 2009 (UTC)

Така, да! Супер е што се размислува :) Инаку, не верувам дека Rich е платен (од Викимедија или од било кој друг). --Brainmachinewtf? 17:10, 23 мај 2009 (UTC)


Внимателно ги прочитав сите коментари овде и сакам да кажам дека се сложувам со поголемиот дел од размислувањата кои се запишани овде. Сакам да кажам дека не ми се допаѓа делот во кои се спомнува наградување. Волонтеризмот не го вклучува тоа по default. Во рамките на Викимедија Македонија треба да се стимулира работата од задоволство, а доколку Викимедија Македонија биде способна некого да награди тоа би било супер! При ова под награди не мислам на финансиски награди. Мислам дека дружењето и заедничкото градење на Википедија треба на сите да ни биде најголемата награда за сите нас. Само на таков начин ќе може да се стимулира волонтеризмот, во спортивно (ако се сведе работата на финансии и финансиски награди) со таквите работи се занимаваат друг тип на луѓе а не Википедијанци. Ако на тоа се сведе работата на Википедија, тогаш помеѓу Википедијанците секогаш ќе има незадоволни.
...а и правилата на ваквата игра немаат врска со основните концепти на Википедија. Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:16, 23 мај 2009 (UTC)

Кај се фативте сите за `наградите`, хаха! Да не излезе на крај - тие сакаат да ни дадат, ама ние нејќеме да ги земеме :)))))) -- Виолетова (разговор) 17:21, 23 мај 2009 (UTC)
Аман луѓе, што сте запнале со наградите, ќе помисли некој за пари сме на Википедија.--MacedonianBoy 17:33, 23 мај 2009 (UTC)
Напротив! Не сме запнале со наградите во таа смисла, туку експлицитно велиме дека не сме на Википедија заради пари. --Brainmachinewtf? 17:44, 23 мај 2009 (UTC)
Тогаш немало потреба од овој разговор зошто тие „награди“ се доделуваат на волонтерска база, значи одредените институции сакаат да даваат пари. Што можеме ние тука? Едноставно тоа е против правилата и готово. Е сега, тоа може да се искористи за Викимедија Македонија за објавување реклами по медиумите, идеја која јас ја поддржувам и ми е мила. Медиумите се најдобри за популаризација, така мислам и Полската Википедија направи. Реклами и ништо друго.--MacedonianBoy 17:47, 23 мај 2009 (UTC)
Точно така. И за финансирање на настани кои ќе ги одржуваме низ Македонија во турнејата за популаризација. --Brainmachinewtf? 18:34, 23 мај 2009 (UTC)

Промена на лиценцирањето на содржината на Википедија

уреди
Почитувани корисници, читатели и рекорисници!

Според резултатот од гласањето за обновување на лиценцирањето и последователната Резолуција на раководството на Фондацијата Викимедија, било која содржина на проектите на Фондацијата Викимедија (вклучувајќи го и овој проект, Википедија на македонски јазик) кои беа достапни под условите на GFDL 1.2 со можноста за надградба до подоцнежни верзии се сега автоматски достапни под Creative Commons Attribution/Share-Alike 3.0 Unported.

Специфично за текстуалната содржина, по оваа обнова ќе биде можно да се додава само двојно лиценцирана содржина на проектите, а текстовите кои се само лиценцирани со GFDL (ГЛСД) повеќе нема да бидат прифатени. Со други зборови, CC-BY-SA ќе биде примарната лиценца за текст на Викимедија, а ГЛСД ќе се задржи како секундарна лиценца.

Според резолуцијата на раководството на Викимедија, почнувајќи од 29 јуни 2009, оваа промена во лиценцирањето е имплементирана на сите вики-проекти. Тоа значи дека сите поднесувања на текст по тој датум се лиценцирани според новиот начин. Покрај условите на двете лиценци, можат да важат и дополнителни услови кои се наведени во Википедија:Услови на употреба. Пожелно е да се запознаете со овие услови (меѓу другото, има информации за импортирање на текст и за негова повторна употреба надвор од Википедија). Валидните медија датотеки кои се лиценцирани под ГЛСД ќе бидат во процес на транзиција за да бидат достапни под условите на CC-BY-SA. —Brainmachinewtf? 13:56, 3 јули 2009 (UTC)

Ознаки за податотеки на Ризницата - македонски верзии

уреди

Со големо задоволство би сакал да ве известам дека по повеќедневна работа, сега на Ризницата има македонски верзии на речиси сите предлошки кои имаат можност за повеќејазични верзии (освен оние за јавен домен во поединечни земји, кои ги имам делумно покриено). Исто така направив македонски верзии и за предлошки за проекти кои сè уште се во зародиш (за да имаме предност :) Покрај ова, сега ќе почнам со превод на страниците на разни проекти, како и на разни страници за помош и напатствија. Би ценел доколку некој од вас може да ми се придружи во овие потфати. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:45, 8 август 2009 (UTC)

Браво, Бојан! Вака може и некои од преведените ознаки за лиценци да ги пренесеме овде за да ги имаме за локални подигнувања. --Brainmachinewtf? 12:52, 8 август 2009 (UTC)
Пред неколку месеци, јас започнав со средување на останатите Википроекти, како Викиизвор, а започнав нешто и на Викикниги. Сега, планирав да продолжам, а откако ја прочитав оваа порака уште одма ќе почнам.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:55, 8 август 2009 (UTC)

Квалитетни слики на Ризницата

уреди

Би сакал да ја објавам македонската верзија на страницата Квалитетни слики (Quality images) на Ризницата, во која се даваат општи напатствија за тоа какви треба да бидат „квалитетните слики“, како се избираат, и галерија со примери по техники и по тематика. Се надевам дека ќе ни служи. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:40, 18 август 2009 (UTC)

По ова ќе следи и македонска верзија на страницата Image guidelines која ќе се нарекува „Напатствија за слики“ во кои детално и опширно се обработуваат сите аспекти на добрата и квалитетна фотографија, анимација и сл. на Ризницата и воопшто на Викимедија. Преводот сè уште не е завршен, но штом ќе го поставам ќе бидете известени тука. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 23:43, 18 август 2009 (UTC)

Напатствија за слики

уреди

Новиот интерфејс на македонски

уреди

Бета-иницијативата“ (т.е. новиот интерфејс) на македонски сега е пуштен. Има две-три поситни работи кои не успеале да ги имплементираат како што треба (како она копче „Add topic“ наместо „Додај тема“ горе во алатникот на страните за разговор и „Внатрешна“ наместо „Надворешна“ врска на глобусот), но надлежните се веќе известени за тоа и ќе дејствуваат на побараното. Се надевам дека ќе ви се допадне и не заборавајте да оставите мислење во образецот кој ќе ви се појави кога ќе сакате да се вратите на постарава верзија, или пак со притискање на „Мислења за Бета“. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:35, 18 август 2009 (UTC)

Зошто не ги дава monobooks, македонските латинични букви Ǵǵ и Ḱḱ и ги нема обележувачите на Википедија како загради и слично.--Никола Стоіаноски 23:43, 18 август 2009 (UTC)
  • Тоа е најверојатно бидејќи тие знаци ние накнадно сме ги додавале во тековната верзија. Но сигурен сум дека ќе може да се вметнат ако побарам како. Тие се најважни за речникот, овде не сум сретнал нивна примена. А пак проблемот со вики-ознаките е исто така централен. На пример, истиов нов интефејс на англиската долу ги дава ознаките како што си се на старата верзија, ама овде кај нас не сака. Ќе им го посочам овој проблем во централа, да видиме што може да се направи. Сигурен сум дека ќе биде во ред, но не би сакал да чекаме предолго бидејќи ако нема ознаки, целиот нов интефејс нема поента, т.е. не може да се уредува со него. Во централа видов дека имаат еден куп проблеми со најосновните функции на некои јазични изданија, што е впрочем во ред бидејќи сепак е во Бета фаза и треба да се подобрува. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:08, 19 август 2009 (UTC)
Ако ова е некаква иницијатива, мислам дека е прерано, бидејќи очигледно е дека има недостатоци. Јас веќе посочив неколку, а и еве Никола сега. Мислам дека нема да биде лошо да почекаме и да работиме на усовршување на новиот интерфејс. Подопадлив , но на многу ќе им треба да се навикнат на него.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:13, 19 август 2009 (UTC)
  • Па добро ама затоа е сè уште Бета и затоа се нуди како опција, за да може да се испроба и да се види каде се недостатоците. Таа си стоеше и така горе на англиски, а кога приметив дека сите јазични верзии ја преведуваат, тогаш и јас го направив истото за да видиме што би недостасувало кај нас. Инаку тешко ќе можевме да дознаеме пред да е предоцна. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:22, 19 август 2009 (UTC)
    • Треба да напоменам дека тие проблеми ние ги немаме и дека освен едно копче кое од Х причини остана на англиски (иако беше преведено од многу одамна) и ова со вики-ознаките долу, други проблеми не гледам. Сега го изложив проблемот на вистинското место и чекам да се реши. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:27, 19 август 2009 (UTC)
Лесно е да се каже дека само тоа е проблем, но тоа е огормен проблем што го попречува уредувањето. Како што веќе напоменав, треба уште доста време да помине за оваа Бета верзија да биде прифатлива.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:26, 19 август 2009 (UTC)
Јас не велам дека тоа не е огромен проблем. Всушност кога им се пожалив во централа реков дека со ова македонскиот интерфејс е практично неупотреблив. Но на број тоа е сепак само еден проблем (плус копчето што е многу помала работа) и како таков би се средил бргу. Затоа јас не инсистирам да навалиме да го користиме новиот интерфејс, туку само предлагам да се користи откако ќе се среди овој конкретен проблем. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:13, 19 август 2009 (UTC)
Да се надеваме дека за кратко ќе го средат.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 21:20, 19 август 2009 (UTC)

Бележење на слики на Ризницата

уреди

На Ризницата е пуштена нова алатка наречена Image Annotator на секоја слика која дава со квадрат/правоаголник да се одбележи нешто на сликата и за него да се внесе текст со или без врски до статија која се однесува на одбележаното - слично како одбележување луѓе на Facebook. Изработив и македонски превод на алатката, кој е исто така пуштен и можете да го употребувате ако користите македонски јазик на интерфејс на Ризницата (чисто користење на Ризницата на македонски јазик не ја активира преведената верзија, значи мора да се промени јазикот во нагодувањата).

Мене ми се чини дека целата оваа работа некако масовно ќе ги испоремети сликите и нивната употребливост, ама ајде да видиме, белким не се до толку непромислени :) --Б. Јанкулоски (разговор) 09:06, 19 август 2009 (UTC)

  • Понова информација: Го прашав организаторот и тој ми се исчуди и рече дека никој дал таква забелешка до сега :) --Б. Јанкулоски (разговор) 08:23, 20 август 2009 (UTC)

Главана страница на македонската Ризница

уреди

Ја средив главната страница на македонската Ризница, и сега ги има сите напатствија, проекти и други елементи кои ги има и англиската. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:15, 19 август 2009 (UTC)

Одлична работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:22, 19 август 2009 (UTC)

Селска чешма на Ризницата

уреди

Би сакал да најавам дека конечно изработив македонска Селска чешма на Ризницата (само ние немавме). Отсега па натаму корисниците на оваа Википедија се добредојдени да се обратат таму за било какви релевантни прашања. Бидејќи таму сум прилично активен, најавувам дека јас ќе бидам задолжен за одговарање на сите прашања. Таму ќе ме најдете како корисник B. Jankuloski. Патем, многу би ценел доколку некој може да ми се придружи. Поздрав и среќно користење --Б. Јанкулоски (разговор) 22:28, 24 август 2009 (UTC)

Одлично, може да чепнам и јас. Одлична работа.--Никола Стоіаноски 22:31, 24 август 2009 (UTC)
  • Патем, би сакал да му се заблагодарам на колегата Рашо што најде пригодна македонска слика за Селската чешма. Мислам дека потрошив половина час барајќи слика од македонска селска чешма која би била задоволителна (а не само минијатурен кладенец) и на крај завршив со убава, но странска (бугарска) слика. Ама ете, Рашо притекна на помош, со една прилично историска византиско-отоманска чешма во Винце, кумановско. Благодарам уште еднаш! --Б. Јанкулоски (разговор) 23:47, 24 август 2009 (UTC)

Конечно и македонски јазик на Google Translate!

уреди

Би сакал да упатам честитки најпрвин до Google, а и до сите корисници и сите други кои се залагаа за да се случи ова. Сега конечно го има и македонскиот јазик на Google Translate!

Уверете се и самите: http://translate.google.com/#

--Б. Јанкулоски (разговор) 02:23, 25 август 2009 (UTC)

А јас би сакал да ги испцуем, но сум воспитан, ке се воздржим, само си го мислим. Потребител:Bogorm (разговор) 14:45, 2 септември 2009 (UTC)
  • Би сакал да додадам дека кога гледате интернет страници преведени на македонски со алатката, кога со глувчето ќе отидете на некој пасус/наслов/врска/парче текст излегува прозорче кое ви предлага да придонесете со подобар превод, кој го внесувате моментално во истото прозорче и готово. Би сакал да се заложиме и да го правиме ова што почесто, и така да се збогати фондот, но најважно - граматиката на преводите! --Б. Јанкулоски (разговор) 02:28, 25 август 2009 (UTC)
Честитки и од мене до момците кои учествуваа во ова. Завршена е многу добра работа.--Р ашо  06:26, 25 август 2009 (UTC)
Оваа страница многу сум ја користел, но со превод на бугарски. Сега ќе имаме можност на наш мајчин јазик да си “лафаме“. Ќеститки и од мене за оној кој тоа го направил--Астрион (разговор) 06:58, 25 август 2009 (UTC)
Супер! Уште да знам како ова работи?! Фази логика?
...всушност не мора да знам за да го користам.
:-)
--Wikimk (разговор) 07:16, 25 август 2009 (UTC)
Ајде да направиме 100.000 статии :)))--Астрион (разговор) 07:25, 25 август 2009 (UTC)
Не само што може да направиме 100.000 статии туки тие не мора да содржат само по една реченица. Плус за тоа нема да ни треба бот:-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 07:57, 25 август 2009 (UTC)
    • Не знам за какво 'лафење' би било корисно ова, но гледам на пример како преведува статии од англиската Википедија на македонски. Не е лошо. Мислам има „да јаде фурни леб“ што викаат :) но затоа за секој пасус и наслов нуди корисникот да внесе подобар превод, кој е повеќе во контекст и приалгоден, и така со време преводот сè помалку ќе изгледа буквалистички.

Идејата ми беше дека ова воопшто не е лошо за преведување на статии, бидејќи преводот е (во најмала рака) поднослив, и откога ќе се преведе вака автоматски ќе треба да се вршат само поправки кои, колкави и да се, сепак се многу подобра ситуација отколку преведување од нула. --Б. Јанкулоски (разговор) 07:27, 25 август 2009 (UTC)

Шала на страна, зборот ми беше дека полесно ќе можам да правам убави статии отколку претходно кога преведував од англиски на српски или бугарски па после на македонски--Астрион (разговор) 07:45, 25 август 2009 (UTC)
Бојан, преведувачот треба да уште да учи. Ти и самиот покажа како да го храниме. Јас се познаимавам со тоа малку. Мислам дека е добро за преведување на кратки статии. Кај нив дава подобри резултати со оглед на тоа што има многу помалку за поправање. Кај подолги статии, може да биде проблем, оти некогаш кај таквите статии корекцијата на малите и ситни грешки и проверката на граматиката одзема повеќе време одошто грубиот превод. Како и да е ова на секого (не само на Википедијанците) ќе му биде од голема полза. --Wikimk (разговор) 08:03, 25 август 2009 (UTC)
Ова е супер, го испробав, и ми се допаѓа. ова значиѕелно ќе го олесни преводот од англиски статии на македонски, бидејќи сепак полесно е да се поправаат граматачки грешки во веќе преведен текст, отколку да се преведува цел текст. -- dav(разговор) 08:25, 25 август 2009 (UTC)
Одлично! Душа дало за внесување на поголем број помали статии (сепак, со повеќе текст). Бојан имаш за кажување? 08:43, 25 август 2009 (UTC)
Го чекам цели месец и пола да го пуштат и сега конечно го пуштија. Инаку го испробав, го преведов вториот коментар од Бојан и прецизноста му е некаде 90%. Не е лош, барем за македонско-англиски. Поздрав и правете сега статии :) --Никола Стоіаноски 08:56, 25 август 2009 (UTC)

Сепак, да не се радуваме многу и да се фаќаме со работа. Не чека премногу работа. Мисалм дека добро ќе биде овој преведувач да се вклучи како помошна алатка во порталите, како корисен начин за превод на статии од друг јазик. Сега, веќе е многу полесно, аи да има потреба од исправки на граматички грешки, тоа сепак не зема време како за превод на статија.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 11:06, 25 август 2009 (UTC)


Совет за поправање на автоматски преведен текст

уреди

  Иако веројатно повеќето уредници го имаат тоа на ум, би сакал сепак официјално да истакнам две важни напомени при прилагодувањето на автоматски преведениот текст на кои треба строго да се внимава:

  1. При поправките на преводот уредникот константно да го споредува истиот со англискиот (или кој и да е) оригинал;
  2. Да се внимава начинот на изразување во автоматскиот текст да не повлијае на фразирањето на поправениот превод освен ако автоматскиот не е сосема задоволителен.


Слободно кажете ако не се согласувате со ова, сакате нешто да додадете или имате некој коментар. --Б. Јанкулоски (разговор) 08:48, 25 август 2009 (UTC)

Мислам дека во напомените треба да стои и дека тој што го преведува текстот најпрво треба добро да го разбира оригиналниот текст, а потоа да се зафати со негово допреведување и со корекции. Поздрав, --Wikimk (разговор) 11:26, 25 август 2009 (UTC)