Википедија:Селска чешма (Новости)/Архива 4

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 4


Ознаки за слики на Ризницата!

уреди

Драги македонски корисници на Ризницата, сега ја имаме важната страница Ознаки за слики целосно на македонски. Покрај ова, сега имаме три посебни македонски предлошки за нашите потреби, па ве повикувам да ги употребувате: {{PD-Macedonia}}, {{cc-by-2.5-mk}} и {{cc-by-sa-2.5-mk}}. Среќно користење! --Б. Јанкулоски (разговор) 04:55, 26 октомври 2009 (UTC)

Ново лого

уреди

Би сакал да упатам честитки кон уредништвото и администрацијата за новото лого. Поубаво е, а и има неутрална кирилична буква, па така нè претставува и нас, а не само источнословенските јазици. Со здравје да нè служи! --Б. Јанкулоски (разговор) 07:37, 13 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Кен ри ма, кен ри ма, ноу хи кен рии маа поука фејс. --iNkubusse A? 10:27, 13 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Интересно е новото лого. --Никола Стоіаноски 10:43, 13 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Промена на „Видете исто така“

уреди

Би сакал да ги известам сите засегнати дека отсега поимот за заглавието „Видете исто така“ се заменува со поимот „Поврзано“. Ова беше одлучено од две причини. Првата е што досегашното е буквален превод од англиски и звучи несмасно на македонски, а втората причина е што самиот досегашен концепт не е толку соодветен на намената колку што е „Поврзано“. Гледање на нешто „исто така“ не укажува на фактот дека тоа е на било кој начин поврзано по тематика и сл. (човек на пазар може да погледа бостан, но исто така и рачни часовници). Во овој случај треба да се назначи дека заглавието нуди други статии што се во некаква врска со досегашното, и затоа е избран генеричкиот поим „Поврзано“. Новото копче за вметнување на таков поднаслов ќе го најдете во алатникот под полето за уредување (како и досега), а сите замени на досегашните употреби на „видете исто така“ ќе ги направи бот, и тоа во многу краток рок. Затоа се препорачува отсега да се користи само тој збор (уште поубаво, копчето подолу), за да ја усогласиме насекаде барем стандардната терминологијата за викификација, како што е впрочем случај со сите други викија. Ова значи дека овој поим ќе оди како стандарден и во сите прирачници и напатствија. --Б. Јанкулоски (разговор) 15:12, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]

Особено е важно тоа што изразот „Видете исто така“ е несмасен (како што кажа) и сосема неприроден, за разлика од „Поврзано“, кој покрај тоа што е природен и елегантен, поточно го опишува заглавието.
Многу е нормално да им треба време на некои уредувачи да се навикнат на новото, ама им требало време и за преодот од феудализам. Јеј за оваа промена кон подобро (заокружете број 4). —iNkubusse A? 15:27, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]
И-ха! --Brainmachine (разговор) 15:32, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]
И да не бев доволно убеден, аргументот на Brainmachine ја отстрани секоја можност за двоумење. Дефинитивно —iNkubusse A? 15:38, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]

Барање за добивање оценувачки права

уреди

Би сакал да ги известам корисниците на Википедија на македонски јазик дека се изготвени статиите за поднесување барање за добивање на оценувачки статус, што значи дека отсега заинтерсираните корисници кои ги исполнуваат соодветните критериуми треба да поднесат барање за добивање на оценувачките права, за чиешто прифаќање или отфрлање ќе одлучува Вики-заедницата. Со ова мислам дека ќе се надминат проблемите околу начинот на кој може да се стане оценувач на Википедија на македнски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:46, 10 септември 2010 (CEST)[одговори]

Извештај за присуството на Викиманија 2010

уреди

од Слободан Јаќоски

Во периодот од 9 до 11 јули, во полскиот пристанишен град Гдањск се одржа шестата по ред меѓународна конференција Викиманија (Wikimania). Викиманија е најголемата годишна меѓународна конференција за корисниците на проектите кои што се под капата на Фондацијата Викимедија, во прва рака Слободната енциклопедија Википедија, но исто така и збратимените проекти како Викикниги, Викиречник, Ризницата, итн. На оваа конференција се одржуваат голем број на презентации и дискусии во врска со проектите на Фондацијата Викимедија, останатите викија, слободниот и отворениот софтвер, слободното знаење и содржини, како и различните социјални и технички аспекти кои се поврзани со овие теми. Оваа година Викиманија се одржа во Балтичката Филхармонија во Гдањск, под мотото “Слободно знаење во Градот на слободата” (Free Knowledge in the City of Freedom), рефлектирајќи ја слободарската култура на овој град во текот на историјата, а особено работничкиот синдикат и движење Солидарност на чело со Лех Валенса, кое во 80тите придонесе за демократизацијата на советскиот блок.

Оваа година, благодарение на фондацијата за одржливи информатички решенија Метаморфозис, за првпат на Викиманија присуствуваа и претставници од Македонија, која реши да покани претставници на македонската Викизаедница. По консултациите во Викимедија Македонија, решивме јас да присуствувам на оваа одлична можност за стекнување на нови знаења и искуства во менаџирањето на проектите на Викимедија, употребата на нови технологии, како и за остварување и одржување на контакти со пошироката Викизаедница. Освен мене, како претставник на Викимедија Македонија и македонската Викизаедница, поканата за присуство на оваа конференција ја прифати и Беслира Муса, студент по англиски јазик на Универзитетот ЈИЕ во Тетово. Поаѓајќи на 8 јули, рано наутро, по неколку часа авионски летови на релација СкопјеЉубљанаФранкфуртГдањск, попладнето пристигнавме на дестинацијата, и по краток одмор во Хотелот Гдањск, слободниот ден го искористивме за запознавање на градот и неговите знаменитости.

 

Следниот ден, на 9 јули, конференцијата, по церемонијата започна со експозето на извршниот директор на Фондацијата Викимедија, Сју Гарднер, за стратешките приоритети на Викимедија во следниот период, со акцент на активностите на Викимедија за популаризација на проектите во т.н. ”глобален југ” (Индија, Кина, Бразил, арапските земји итн.). Веднаш потоа, следуваше отворен состанок на одборот на доверители на Фондацијата Викимедија, на кој Тинг Чен, информациски специјалист во Германија, и еден од основачите на кинеската Википедија, беше за избран нов претседател. Првиот впечаток беше дека и во офлајн издание, клучните луѓе на Викимедија ја задржуваат општата атмосфера на соработка, еднаквост, неформалност, отвореност и транспарентност, која е својствена и фундаментална за секојдневното функционирање на онлајн енциклопедијата Википедија и збратимените проекти.

Пријатната и непосредна атмосфера продолжи во текот на целата конференција, но беше надополнета со уште една карактеристика на Викизаедниците, а тоа е крајната посветеност и сериозност во организацијата и остварувањето на содржините на конференцијата. Тридневниот семинар беше преполн со презентации, работилници, предавања, панели и дискусии организирани во три различни “патеки” (tracks): “Луѓе”, посветена на прашањата околу координацијата, промоцијата, комуникацијата и изградбата на вики-заедници; “Знаење”, посветена на прашањата поврзани со квалитетот на содржините, легалните прашања, употребата на вики-принципите во образованието, новинарството, итн., и “Инфраструктура”, посветена на технологијата, интерфејсот, развојот на медија-вики софтверот и можноста за негова адаптација за мобилните уреди, итн. Презентациите се одржуваа од 09 часот наутро до 22 часот навечер, симултано, на четири различни локации во Балтичката Филхармонија. Бидејќи беше невозможно да се следат сите презентации, решив да се фокусирам на презентациите од “патеките” “Луѓе” и “Знаење”, а да ги изоставам презентациите од “Инфраструктура” кои беа повеќе ситуирани за слушатели со напредни програмерски и информатички познавања.

Во првиот ден, имав прилика да учествувам во работилницата на Флоранс Девуар (поранешен претседател на одборот на доверители на Викимедија), која претставуваше брејнсторминг сесија на која се разменија идеи за можната употреба на социјалните медиуми за остварување на целите на Викимедија, како и предностите, слабостите, можностите и ризиците од нивната употреба. Потоа присуствував на сесијата од повеќе презентации на тема “Управувањето во Википедија и Викимедија”, на која повеќе искусни членови на вики-заедницата ги разменија нивните гледишта во врска со различни социјални и организациони аспекти на Википедија: Делфин Менар (Викимедија Германија) се концентрираше на културните разлики во функционирањето на локалните ограноци (chapters) на Викимедија; Јоана Кулеша (професор по право на универзитетот во Лоѓ) анализирајќи го “правниот систем” за решавање на конфликти во Википедија, како и разните аспекти на авторските права, предвиде дека овој модел можеби би бил модел за правната рамка на целокупниот Интернет; додека, пак, Марк Пелетје (Викимедија Франција) го спореди само-организацискиот модел на Википедија со меритократските аспекти на феудалните заедници. Во текот на денот, ја следев и сесијата посветена на отворените образовни ресурси (open educational resources – OER) со искуствата од Холандија, Полска и Бразил. На крајот на првиот ден, присуствував на состанокот на ограноците каде што разменивме искуства со претставниците на Викимедија Србија, со кои традиционално имаме добра соработка, а остварив и контакт со претседателот на Викимедија Велика Британија. Во текот на вечерта, во неформална средба, се запознав со претставници на Информациската програма на Институтот Отворено Општество, кои беа доволно љубезни да ме поканат на заедничкиот состанок на претставници на Институтот Отворено Општество и на Фондацијата Викимедија.

Заедничкиот состанок се одржа следното утро во Хотелот Гдањск. На него присуствуваа повеќе претставници на Информациските програми на Институтот Отворено Општество за земјите на Источна Европа и Средна Азија (бившите советски републики). Од страна на Фондацијата Викимедија беше присутен основачот на Википедија, Џими Велс, а беа претставени и новите директори кои ќе ги раководат новооснованите сектори на Фондацијата: Зак Ексли, како главен директор за заедници (Chief Community Officer) и Бери Нјустед, како главен директор за глобален развој (Chief Global Development Officer). Првиот сектор ќе биде задолжен за развој на заедниците, поддршка на ограноците, прибирање на фондови итн., додека вториот ќе се занимава со стратешката определба на Викимедија за продор на “глобалниот југ”. Освен мене, од најнепосредните уредници на Википедија, беше присутна и една уредничка од Википедија на таџички јазик. Мора да се нагласи дека, и покрај моето случајно присуство на овој состанок, значително време се посвети на дискусија околу предизвиците и проблемите со кои се соочува Викимедија Македонија, при што г-н Велс изрази задоволство од постигнатиот број на статии и особено од основањето на локален огранок на Викимедија во мала земја како што е Македонија (постојат околу 30 локални ограноци на Викимедија кои функционираат како независни НВОа). Исто така, бев поканет на лично интервју со него со цел подобро да се запознае со нашата работа.

Интервјуто помина во пријатна и непосредна атмосфера, при што Џими Велс беше запознаен со моето искуство на Википедија и формирањето на Викимедија Македонија, а разговаравме и за можностите за негова посета на Македонија, како и за тоа како Фондацијата Викимедија може да и помогне на македонската вики-заедница во врска со некои технички прашања. Мали делови од ова интервју, кое беше снимено со мала мобилна камера, беа прикажани следниот ден на неговата презентација за Википедиите на “малите јазици”.

Остатокот од денот помина во знакот на сесијата “Дали Википедија умира или созрева”, каде што говорниците Роналд Белар (Холандија), Хауи Фанг (производен менаџер на Фондацијата Викимедија) и Ерик Захте (аналитичар при Фондацијата Викимедија) преку комбинација на квантитативни и квалитативни анализи констатираа некои загрижувачки трендови во поглед на активноста на корисниците на Википедија, причините за ваквите трендови, како и можноста за нивно спречување во иднина. Сесијата ја сумираше Мајсара Омар (Египет), кој ја спореди Википедија со биолошки организам во динамична околина. На крајот на денот остварив средба со претставници на Европските ограноци. Вечерта беше премиерно беше прикажан документарецот за Википедија “Вистина во бројки: Приказната на Википедија”.

Последниот ден најважната сесија се однесуваше на стратегијата на Фондацијата Викимедија. Јуџин Ерик Ким (Blue Oxen Associates), консултант на Викимедија во процесот на стратегиско планирање на Фондацијата Викимедија го презентираше петгодишниот стратегиски план (http://strategy.wikimedia.org/wiki/Strategic_Plan), додека пак Херарт Мејсен (Викимедија Холандија), во стилот на отворените дискусии на Википедија, ја разви тезата дека можеби стратегискиот план се базира на погрешна интерпретација на мноштвото статистички податоци. Во понатамошната сесија, за кредибилитетот на Википедија, присуствував на презентациите на Михал Бушински (Викимедија Полска) за политиката на неутралната гледна точка; Иван Мартинес (Викимедија Мексико), во врска со статиите кои третираат историски теми и презентацијата на MADe (Белгија), во која беа изложени повеќе случаи како некои неточни или бизарни информации се преземаат од Википедија од страна на другите медиуми и како тоа влијае врз кредибилноста на Википедија. На повик од презентерот, земав учество во оваа презентација, пренесувајќи некои мои интересни искуства како лице задолжено за односите со јавноста во Викимедија Македонија. На свеченото затворање на конференцијата се обрати градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, и беше презентирана книга со биографијата на Лех Валенса на сите јазици на кои постои негова биографија на Википедија (вклучително и македонски јазик). Конференцијата беше заокружена со презентацијата на Викимедија Израел, организаторите на следната Викиманија во туристичкиот пристанишен град Хаифа. На крајот, следуваше неизбежната групна фотографија, и следењето на финалето на светскиот куп во фудбал. Следното попладне тргнавме назад за Скопје и пристигнавме доцна вечерта.

Можам слободно да заклучам дека посетата на Викиманија беше исклучително интересна, од една страна, и исклучително успешна, од друга. Знаењата и контактите стекнати на оваа конференција се од особено значење за развојот на Викимедија Македонија и македонската вики-заедница. Веднаш бевме повикани во сите интерни мејлинг листи каде што ќе бидеме непосредно поврзани и информирани за најновите идеи и случувања во потесната заедница која гравитира околу проектите на Фондацијата Викимедија. Понатаму, сосема непланирано, македонската вики-заедница доби значително внимание од клучните фигури на ова Википедија движење. Несомнено владее позитивна клима за техничка и можеби и финансиска поддршка од страна на Фондацијата, бидејќи тоа е и една од стратешките определби на Викимедија. Евентуалната идна соработка помеѓу Викимедија Македонија, Метаморфозис, Фондацијата Викимедија и нејзините локални ограноци како и други играчи (Министерство за информатичко општество, Институтот Отворено Општество, Слободен Софтвер, други заинтересирани здруженија и групи), може да резултираат во одлични проекти до национално или регионално значење со кои би се промовирала демократизацијата на знаењето и слободната информатичка култура.

Во најмала рака, сигурен сум дека со посетата на конференцијата Викиманија, Викимедија Македонија ќе се здобие со нов стимул за да ја зајакне својата поддршка на проектите на Фондацијата Викимедија како и другите проекти кои го промовираат слободното знаење. Се надевам дека во иднина Викиманија нема да помине без претставници од Македонија, бидејќи очигледно посетата на ваков тип на настани е исклучително важно за развојот на македонската вики-заедница и нејзиното пошироко етаблирање.

Би сакал уште еднаш, во мое име и во име на Викимедија Македонија, искрено да се заблагодарам на фондацијата за одржливи информатички решенија Метаморфозис што несебично го поддржа ова патување. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи успешно и во иднина. --FlavrSavr (разговор) 15:18, 30 септември 2010 (CEST)[одговори]

Fundraiser Update

уреди

Greetings Wikimedians! Sorry for the English, anyone who is able to translate is welcome (and encouraged). The 2010 Fundraiser is live and has greatly benefited from all the contributions from our translators. Throughout the fundraiser there will continue to be a need for help with translating and localizing messages. Currently, the core messages need to be updated, as there have been recent additions to the request. You can find all translation requests at the translation hub on meta and you can follow the progress of the fundraiser in real time by tracking the fundraiser statistics. Also for those of you who haven't already, you can subscribe to the translators-l mailing list for all new requests and major changes. Many thanks for your help in truly making this a global fundraiser that you can edit. SChapman


Воведен денарот за донации

уреди

Би сакал да напоменам дека во престојното прибирање на средства (донации) се воведени многу нови валути, меѓу кои и македонскиот денар (поточно, од балканските валути ги има само денарот, левот и куната). Исто така е воведена можноста за давање на прилог директно од сметка. Која ќе биде ползата од тоа, преостанува да се види. Во секој случај, добро е што сме обезбедени. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:23, 3 ноември 2011 (CET)[одговори]

Ју-пи! -Brainmachine (разговор) 18:10, 3 ноември 2011 (CET)[одговори]