Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 1


Нов портал

уреди

Бидејќи сите беа за изгледот на новиот портал, си земав дозвола да го активирам. Старите дускусии стојат во делот Википедија:Портал/Разно, и мислам дека треба да ги архивираме. --Милош 18:21, 17 Април 2006 (UTC)

Проработе Портал:Македонија!

уреди

Како што и самиот наслов вели, проработе Портал:Македонија ! Навистина ми е чест да ви го претставам овој портал, вакво нешто требавме одамна да имаме! Со грациозната техничка поддршка на колегата Милош успеав да го воздигнам од нула и да го потсредам на пристојно ниво. Сепак, лично сметам дека треба уште многу да се збогати со разни содржини и информации. Епа ајде, навалите сите патриоти (а и тие помалку загреаните) да го направиме овој наш прв портал величествен и достоен на темата која ја обработува! --Б. Јанкулоски 06:00, 17 Април 2006 (UTC)

Потполно нов изглед и функционалност на Викикниги!

уреди

Како што стои во насловот Викикниги имаат сосема нов изглед и функционалност. Основниот изглед го базирав на српските Викниги, но со доста промени и, се разбира, македонска содржина. Еден или два елемента сѐ уште не се поставени - затоа ги барам вашите сугестии за изгледот и функционалноста на тие делови.--Б. Јанкулоски 04:28, 16 Април 2006 (UTC)

Завршена промена на именски простори

уреди

Веројатно приметивте, заврши промената на именските простори. Сепак, не пројде толку глатко како што очекував - има некои проблеми. Сите стрници што покажуваат на Wikipedia:Портал моментално се пренасочуваат на англиската википедија. Се надевам дека е привремен баг, до тогаш секаде каде ќе видите врска то Wikipedia:Портал сменете ја во Википедија:Портал. Сите други грешки пријавете ги овде или на мојата страница за разговор. --Милош 19:52, 19 Април 2006 (UTC)


На wikibooks сме тринаесто прасе

уреди

http://s23.org/wikistats/wikibooks_html.php

http://mk.wikibooks.org

Сега сме на десетто место:

http://s23.org/wikistats/wikibooks_html.php


Браво. Секоја чест, навистина. Но, како по обичај, јас ќе промрчам за некои работи, затоа што гледам дека никој не реагира. Имено, на нашиот Wikibooks имаме прилично голем број на дела што се авторски дела, особено во делот за Историјата на македонскиот народ. Тоа е доста сериозно. Доколку Виолета Ачковска на пример, дознае дека без дозвола е издадена цела нејзина книга на интернет, не верувам дека ќе биде восхитена. Понатаму, некои, т.е. повеќе од текстовите, би требало да се стават во Wikisource, зошто тоа е делот за таков тип на дела. (За жал, таков дел уште немаме, така што дотогаш, може да останат на Wikibooks) Исто така, загрижува и големиот број на дела на англиски јазик. Ова што го кажав се должности на администраторите и ќе ве молам да интервенирате. --FlavrSavr 01:56, 9 Јуни 2006 (UTC)
Ако, само ти мрчи си. Само преку борба на „мрчења“ се доаѓа до квалитет! ; ) Ете вака сега, сите работи што се издадени се земени од места каде што нема за нив експлицитен copyright. Повеќето работи се очигледно слободни за копирање, како на пример: народните песни, книгите и статиите на Мисирков, статиите од Ристо Стефов, апстрактите на книгите, извештаите од конференции и сл. Се’ она што нема експлицитен copyright, се подразбира дека е слободно за праведна употреба (некомерцијална употреба, каде што се наведува авторот и изворот), а викибоокс е токму таков случај. Ако некој автор се пожали, се разбира дека веднаш ќе ја тргнеме, без двоумење.
Има не само на англиски, туку и на бугарски, руски, турски, француски и уште неколку други јазици. Некои од тие статии дефинитивно треба да се преведат и на македонски.
За втората работа си во право, повеќето од содржините припаѓаат на викисорс. До сега не бев погледнал како е дефиниран викисорс, ама мислам дека за ова сугестија сосема си во право. Штом најдам малку повеќе слободно време, ќе одворам македонска секција на викисорс (и на викимедија) и ќе префрлам се’ што одговара во тие страници.
Мрчење бр.2 :-) - Тоа што нема експлицитен copyright во никој случај не значи дека делата се во јавен домен. Напротив, треба да е нагласено дека делата се во јавен домен, за тие навистина да бидат без копирајт на авторот. Нашиот Закон за Авторски права никаде не предвидува одредба дека мора да стои copyright за делото да е заштитено од неовластено копирање. Такви одредби не познава ни американската легислатива, на која се базира функционирањето на Википедија. Значи, повторно, ако нема дозвола од авторот, тоа што се прави е кршење на авторските права. Знам дека ова е ептен како мрчење, ама објавување на цели книги без дозвола е навистина сериозен прекршок, и Викимедија може да има прилично проблеми со тоа. Кредибилитетот на Википедија е исто така во прашање, не би сакале утре да пишува по весници дека крадеме нечии дела, не? --FlavrSavr 23:00, 10 Јуни 2006 (UTC)
За жал ќе мора да се согласам со FlavrSavr, колку што јас знам мора да се има експлицитна дозвола и во случај кога не стои знак за копирајт. Има некакви шанси да се добие дозвола за тие текстови? --Милош 23:16, 10 Јуни 2006 (UTC)
Добро, двајца на еден, ме победивте. Ајде тогаш да направиме план: Прво да отвориме македонска секција на www.wikisource.org, и потоа да ти префрлиме сите статии кои се во јавна сопственост (народните песни, Мисирков, итн...) Потоа за другите статии да побараме дозвола од нивните автори. На тој начин може да ги заинтересираме, и тие самите да објават и други статии и книги.--Filip M 15:29, 12 Јуни 2006 (UTC) 11:52, 12 Јуни 2006 (UTC)
Во ред, супер идеја. --FlavrSavr 10:23, 13 Јуни 2006 (UTC)
Македонските народни песни се навистина во јавна сопственост. Но, заради трудот кој е вложен во нивното собирање и публикување, мислам дека е чесно да се стави линк кон мојот блог од каде се земени повеќето песни (http://pesna.blogspot.com/), независно дали стојат тука или на вики сорс. Еве гледам дека и Србите ги имаат копирано од тука без наведен извор. На мојот блог стои лиценца Creative Commons attribution - noncommercial, од која вториот дел е задоволен, но не и првиот (лиценцата значи дека давам експлицитна дозвола да се користат материјалите од блогот, под услов да не се продаваат или пакуваат во производ кој се продава, и под услов да бидам наведен како автор, односно извор). -- GoodBytes 15:54, 24 јануари 2007 (UTC)
Повеќето песни до сега се собрани од http://www.unet.com.mk/starimakpesni/ и трансформирани во кирилица. Јас уште не сум почнал да зимам од твојот блог, но имаше некој друг што додаваше песни, веројатно од твојот блог. На тие што се додадени од твојот блог, но и на повеќето од другите, има надворешна врска накај твојот блог. Ако мислиш дека тоа треба да биде назначено поинаку, те молам земи и уреди една песна (или сите песни) по тој урнек, и јас ќе продолжам така да ги уредувам. Песните ги префрлуваме на mk.wikisource.org, па веројатно е подобро таму да уредуваш. Поздра. --Filip M 22:53, 24 јануари 2007 (UTC)
Јас ги преземав песните од твојот блог, и на сите поставив врска кон него. Врската ќе остане и кога ќе се префрлат на Wikisource. --Милош 23:38, 24 јануари 2007 (UTC)
Во ред, фала Филип и Милош, мојата реакција беше заради две нешта: Филип погоре кажа дека песните се во јавна сопственост, и тоа е точно, а јас сакав тоа да го дополнам, а и затоа што забележав многу македонски песни на српскиот викисорс кои не го наведуваат изворот (можеби и тие се од сајтот на Унет). Инаку за начинот на кој се ставени назнаките, сосем е во ред вака како што досега ги поставуваше Милош. Патем, веќе имам над 500 песни и паралелно додавам аудио семплови, транскрипција во латинично писмо, и преводи на англиски и француски јазик (кои изгледаат малку смешно). И за крај, да не се разбере погрешно мојата реакција: јас сакам текстовите од песните да бидат публикувани и тука, веројатно понатаму и самиот ќе ги додавам, бидејќи целта ми е да бидат достапни до што повеќе луѓе. --GoodBytes 02:59, 25 јануари 2007 (UTC)
Што се однесува до српската википедија, пиши им. Не ми се верува да има проблем да го додадат линкот. Твојот блог е одличен, и изборот на песните е одличен. Се разбира, повеќе од добродојден си да едитираш и да ги додаваш песните и на вики. Јас мислам дека песните ќе ги паркираме на викиизвор www.mk.wikisource.org, затоа ако додаваш, додавај ги таму. Јас би додал линк накај твојот блог на сите песни. Единствено не знам како ќе стигнам со време. Ако имаш ти време, слободно додавај линкови. Поздрав --Filip M 15:22, 26 јануари 2007 (UTC)

Барање за македонски домен на www.wikisource.org

уреди

Отворив барање за македонски домен на www.wikisource.org. Ве молам да гласате:

http://wikisource.org/wiki/Wikisource:Language_domain_requests#Domain_requests_.28mk.wikisource.org.29

Јас гласав, не е лошо и другите да гласаат. --Милош 12:27, 20 Јуни 2006 (UTC)

Направив Главна Страницаза викизвор (според хрватската и англиската). Ве молам да погледнете и да корегирате. Гласањето уште трае. Ако сакате да гласате, кликнете на линкот погоре.

Се вратив!

уреди

Здраво на сите! Јас сум пак на Википедија по еднонеделна пауза. Што има ново? Boyan 15:26, 17 Јуни 2006 (UTC)

Па, ништо посебно, стандардните причи. Ваљда сите гледаат фудбал :) На српската википедија видов интересен проект... Би имало заинтересирани и овде за такво нешто? --Милош 20:05, 18 Јуни 2006 (UTC)

Ми фаќа око тој проект. Како за мене, мислам дека оддамна го практицирам - без скромности ;-) Boyan 09:15, 19 Јуни 2006 (UTC)

100$ Лаптоп

уреди

Мислам дека сите знаете за проектов. Новост е што како дел од софтверот ќе биде вклучена и дел од базата на Википедија (прочитајте повеќе)! Во Микро пишува дека целиот софтвер ќе биде локализиран, па така би требало да се појави и регионалната верзија на Википедија. Значи, треба да почнеме со поорганизирано внесување на неопходните статии, ревизија на старите, чистење на нелиценциран материјал и сл. Ова е одлична прилика за промоција на Википедија, не би сакал да ја упропастиме. Ме интересира вашето мислење/идеи како да се тргне со уредување. --Милош 11:32, 15 август 2006 (UTC)

Како мислиш "регионалната верзија на Википедија"? Ќе има некоја статична верзија на сајтот како софтвер? --FlavrSavr 23:47, 15 август 2006 (UTC)
Софтверот и сега може да се превземе и да се стави на локална машина. Станува збор за MediaWiki, на кој би требало да се додаде соодветната база со сегашните статии. Проблемот е што тие бази се многу големи за развиените википедии (пр. англиската википедија тежи над 2 гигабајти). Нашата е малечка и сега за сега тежи 7 мегабајти (компресирана). --Милош 07:38, 16 август 2006 (UTC)

После неколку месечно чекање, имаме и wikisource на македонски јазик. Засега е празен, ама во скоро време се надевам дека ќе ги поставам сите песни од блогот на GoodBytes. --Милош 22:41, 22 октомври 2006 (UTC)

Одлично. На викикниги имаме доста материјали кои треба да се префрлат на викиизвор. --Filip M 15:27, 19 декември 2006 (UTC)

Почнав да ја стедувам страницата. Погледнете ако имате време и помагајте. --Filip M 00:05, 28 декември 2006 (UTC)

Прва регионална Вики конференција

уреди

Како што сите, или повеќето знаат, штотуку се вратив од Белград, каде, на покана од Викимедија Србија, присуствував на првиот регионален состанок на Викизаедниците, и ги претставував македонските проекти на Викимедија (Википедија, Викиречник, Викикниги). Сега за сега, тоа, ќе напишам подетален извештај за сѐ, а за да ја добиете презентацијата, ве молам зачленете се на нашата мејлинг листа, или пак испратете ми електронска пошта дека сакате да ја добиете. --FlavrSavr 21:47, 19 декември 2006 (UTC)

Извештај

уреди


На 16 и 17 декември 2006 година во Белград, во Домот на младината (ДОБ) се оддржа регионалниот состанок на Викимедија, што на мое изненадување, е прв регионален состанок од овој тип. Второто изненадување, што веројатно е грешка на мојата првична перцепција, е тоа што под регион, не се подразбираше Балканот, туку Европа. Всушност, тоа беше видливо и од структурата на учесниците, каде освен балканските заедници (Србија, Хрватска, Македонија, Словенија), голем акцент беше ставен на Викимедиските заедници на Холандија и Германија (за жал, поради временските непогоди не дојде претставничката од Франција).

Прв ден

уреди

Во Белград пристигнав на 16ти (сабота) утрото, и градот беше тотално освоен од тешка и густа магла. Заради истата магла, претходната вечер, претседателот на Викимедија Холандија и член на бордот на Викимедија Фондацијата, Оскар ван Дилен беше принуден да слета во Скопје, од каде што автобус на ЈАТ ги пренесе до Белград следниот ден. Оваквите временски неприлики беа причина и речиси сите странски учесници да не стигнат во Белград навремено. Флоранс Нибар-Девуар (претседател на бордот на Викимедија) и Делфин Менар (координатор на ограноците на Викимедија) веќе го откажаа своето присуство, а неизвесно беше присуството и на сите други учесници кои живеат северно и западно од Љубљана. Згора на тоа, изостана техничката поддршка од ДОБ, па не се реализираше планираниот видеолинк со истовремениот состанок на Полската Викимедија (одлична идеја!), а во текот на денот немавме ни проектор.

И покрај ова, ни во еден момент, не се почуствува некаква нервоза или напнатост. Напротив, уште на првото запознавање на кое беа присутни домаќините од Белград, гостите од другите градови од Србија (Панчево, Суботица, Нови Сад, Бачка Топола итн.), Оскар, како и претставникот на словенечката вики заедница, Роман Маурер, се создаде една опуштена атмосфера, и (барем јас) имав впечаток дека дури и ништо да не се случи на конференцијата, состанокот е успешен! Веднаш нормално, се разврзаа муабетите за вики згодите и незгодите, зошто и како сме се вклучиле во Википедија итн, итн... мразам да користам њу ејџ терминологија (особено во ваков контекст), ама навистина се осеќаше тон позитивна енергија уште на стартот.

Во продолжение на денот, свесни дека конференцијата од објективни причини не може да оди по планот, се направија некои рокади: конференцијата ја отвори Оскар, а со излагање продолжија Никола Смоленски и Горан Обрадовиќ, кои изложија еден краток историјат на Српската Википедија и нејзините успеси (ср.вики има во моментов 40.000 статии). Потоа следеа две предавања на Оскар, за вики софтверот, и неговата филозофија, како и за Фондацијата Викимедија. Всушност, Оскар во целост го замени предавањето на Флоранс. Во меѓувреме, новинарка од Радио Белград ги интервјуираше учесниците на конференцијата, и се надевам дека не звучев премногу поспано кога зборував за нашата Википедија! :)

Втор ден

уреди

Вечерта претходниот ден, како и неделата (17 декември), во Белград конечно пристигнаа сите учесници. Навистина бев изненаден од нивната упорност и решителност - некои од нив чекале по европските аеродроми (Милано, Амстердам, Франкфурт, Виена) и повеќе од еден ден, а пристигнаа во Белград на најразлични начини (автобус, авион, или комбинирано). Тоа само ја потврди мојата претпоставка дека самото среќавање беше битна цел сама по себе, но за тоа повеќе подоцна.

По прошетката низ стар Белград и Калемегдан, започна конференцијата по изместен и позбиен распоред одошто беше планирано, бидејќи речиси сѐ од претходниот ден беше префрлено за овој ден. Првин започна излагањето на Матијас Шиндлер за германската Википедија и германската Викимедија, и останува впечатокот дека германската заедница е најорганизирана од сите. Како што можеби знаете, германската Википедија беше прва (а мислам дека сѐ уште и единствена) што излезе во DVD формат. Исто така, нивната внатрешна организација е доста специфична во однос на другите поголеми Википедии - немаат Арбитрациски Комитет, не употребуваат никулци за означување на малите статии, итн. Тоа што германската Википедија го има во план да го направи во следниот период може да биде револуционерно, но исто така е доста контраверзно - се планира воведување на "стабилни верзии", што би значело дека секоја промена на статијата се проверува од експерт... конкретното техничко решение не ми е докрај разјаснето во моментов. Исто така, тие донесоа Вики промотивен материјал - Википедија знаме, по некој стикер, околувратници, и сл...

Продолжија Роберта Флод и Дарко Чокор од хрватската Википедија, кои на симпатичен начин ни го изложија влијанието што нивната Википедија го има врз хрватското општество - интересна беше една анегдота каде што средношколски професор ги замолил да отстранат неколку статии за неколку дена бидејќи неговите ученици препишувале од Википедија! Потоа следуваше, барем според мене, најдобрата презентација, која повторно ја направи Оскар ван Дилен, а се однесуваше на философијата на знаењето како процес и на значењето на енциклопедијата во поширок општествен контекст. Се допреа доста длабоки теми (пр. едно интересно поврзување на Француската револуција со Енциклопедистите), за кои можеше да се зборува цела вечер.

Потоа следеше мојата презентација на историјатот на нашите Викимедиини проекти (Википедија, Викикниги, Викиречник), а како прашање кое мислам дека сите нѐ загрижува како заедница, го поставив случајот со статиите поврзани со Македонија на англиската Википедија. Ако се гледа поглобално, ова е сериозно прашање кое се однесува на системската пристрасност и (не)возможноста за неутралност кај контроверзните теми во кои постои нерамномерна застапеност на различни гледишта, односно, видливата опасност од мајоризација на поголемите групи/народи. Мислам дека бев доста внимателно слушан. По мене, следуваше Роман Маурер од словенечката Википедија, кој ни ги презентираше нивните успеси и проблеми (пр. специфичност на словенечката Википедија е што речиси половина од бројот на уредувањата се од еден корисник, кој пак, се чини дека сака да наметне свој печат врз целиот проект). Интересен беше графичкиот приказ на текот на "војната" помеѓу словенечката и српската Википедија со бројот на статиите. На крајот беше презентацијата Херарт Меијсен, за новиот проект кој ќе опстојува независно од Викимедија Фондацијата, а се вика ОмегаВики - иако и мене сѐ уште не ми е јасно за што сѐ ова чудо од сајт може да се искористи, во најмала рака ќе биде нешто како Викиречник на сите светски јазици.

Заклучок

уреди

И покрај временските непогоди, оваа прва регионална Вики конференција, барем според мене, беше тотално успешна. Добар е фактот што Википедијанците почнаа да се организираат на ваков начин, бидејќи и покрај тоа што Википедија е онлајн проект, запознавањето на луѓето во живо е сосема ново искуство и целиот ангажман во Википедија добива сосема нова димензија. Помеѓу презентациите, од страна на организаторите, ми беше предложено некој од идните конференции да се одржи во Скопје, како географско и климатско попогодно место. Со оглед на нашата слаба организација во моментов, мислам дека 2007 тешко би било нешто такво да се случи, но во иднина, треба сериозно да размислиме за тоа, бидејќи придобвките се огромни!

--FlavrSavr 17:45, 24 декември 2006 (UTC)

Баш ме интересира што треба да се направи за да се организира конференција на Википедија? Ако мислиш дека придобивките се големи, можеби може да се разработи идејата во повеќе детали? И, патем, дај користете ја и мејлинг листата. Така многу поедноставно се следат некои вакви вести. --Новица 20:18, 16 јануари 2007 (UTC)
Во принцип, треба да има некаква интерна организација во рамките во самата википедиска активност. Србите имаат огранок на Викимедија, кој сега скоро стана официјален дел на Фондацијата Викимедија. Имаат 40.000 статии, редовни состаноци во ДОБ, постојана координација по мејлинг листа, поделеност по функции (PR, претседател, потпретседател, финансии и сл.) да не зборам за проекти во рамките на самата Википедија. Во принцип, делуваат и се доста сериозни. Значи, просто, за да се организира, треба да се има веќе некаква организација која стои позади соодветниот Википроект во одредена земја. Ние во ноември едвај се собравме 4ца души на пиво. Не се користи мејлинг листата, не знам зошто. Што се однесува до мене, навистина не можам да се нафатам на ништо до крај на април, до кога треба да положам испити, дипломирам, завршам неколку незавршени проекти и организирам 2-3 изложби уз пат. :) --FlavrSavr 08:47, 17 јануари 2007 (UTC)